05.11.2012, 17:51 Мое ќоше
Груевски за кум
Ерол Ризаов
Ако Тито можел да биде кум на деветтото, зошто Груевски не може да биде на четвртото дете
Тревогата на премиерот дека ни го снемува народот се' уште е топ-тема која предизвикува најразлични спротивставени дебати и полемики. Загриженоста поради се' помалиот број бебиња јасно беше насочена кон македонскиот народ чиј наталитет во споредба со другите народи што живеат во Македонија е најнизок со тенденција на натамошно опаѓање. Оправдана е драматиката во искажувањето на Груевски за белата чума што ја коси Македонија. Премиерот и за овој сериозен проблем прозбори со типично негов лесно разбирлив јазик. Прво драма и страв, а потоа повик на единство, сплотеност и заедништво. Колективно и патриотски одиме на јуриш во најважната битка под јорган планина. Се бие најважниот последен бој да не исчезнеме. Груевски остроумно овој проблем го нарече рецесија на нацијата.
Така, покрај рецесија во економијата, рецесија на семејните вредности и моралот, Македонија веќе подолго време се соочува и со рецесија на нацијата. Изгледа сите овие рецесии прилично се поврзани меѓу себе и зависат една од друга. Во полемиките и демографските дијагнози има обиди да се повикаат како крунски доказ најразлични искуства домашни и странски во стилот некогаш сме имале помалку пари, а повеќе деца, или како низ светот има многу други народи кои се побогати, а имаат повеќе деца, и народи кои се посиромашни, а пак имаат многу висок наталитет итн. итн., главно, политички мотивирани трактати, наивни коментари на статистички податоци кои немаат никаква врска со науката и нашата реалност. Човек не може да разбере дали треба да станеме посиромашни од ова, па да имаме многу деца, или сакаат да ни кажат дека луѓето некогаш повеќе си ја сакале татковината, па раѓале повеќе деца и слични папазјании.
Мислам дека е интересно едно мое лично искуство од аспект на јавноста кога станува збор за стравот од исчезнување на цел народ што длабоко засега во најсензитивните струни за опстанокот на една држава. Некаде во осумдесеттите години од минатиот век наш познат научник, демограф, понуди текст дека за неполни 20-30 години Македонците ќе бидат малцинство во својата држава. Текстот објавен во „Нова Македонија“ беше со ефект на бомба. За неколку дена се објавија повеќе реагирања од учени луѓе, академици, демографи, социолози, футуристи, главно, универзитетски професори и неколку политичари. Заедничко за сите беше дека Македонците и Македонија се во голема опасност поради наталитетот на Албанците кој во Тетово и Тетовско е поголем отколку во Бангладеш. Експлозијата го потресе и Централниот комитет на комунистите каде што се прифати професорската дијагноза за големата загроза на нацијата. Верував дека тоа што го објавуваме е точно додека една вечер во Клубот на пратеници не ми пријде еден професор, познат математичар, и кој на кутија од цигари ми направи математичка операција во која тврдеше дека Албанците за 30 години нема да бидат повеќе од 25 проценти од населението. Вџашен го прашав големиот авторитет дали може да го објавам ова. Вели - да, ама како ваше сознание, во никој случај не смеете да ме спомнете. Му велам кој ќе му верува на еден новинар покрај ваквата силна научна артилерија. Тоа е исто кога некој шарлатан ги соборува законите на Ајнштајн, Њутн или Тесла. Денес по 30 изминати години Албанците според последниот важечки попис се околу 23 проценти. И гледај чудо, навистина се намножија авантуристи и забегани кои го прават Ајнштајн и компанија идиоти и незнајковци.
Штета што во досегашните дебати никој не се сети како комунистите го решаваа проблемот со наталитетот по Втората светска војна иако тоа воопшто не беше проблем, туку сиромаштијата во опустошената и заостаната земја излезена од војна. За секое дете се добиваа месечно три илјадарки детски додаток. Три деца девет илјади динари. Колку за споредба, тогашна добра плата изнесувала пет илјади динари. Луѓето на врат на нос си ги продавале нивите оти ако имаат земја, нема детски додаток. Не знам дали беше вистина, но ја паметам фамата дека на деветтото дете Јосип Броз Тито лично е кум. Може сега и Груевски да биде кум, на пример, на секое четврто дете, ама има нешто поради што не ја бидува работата. Како да се измисли Албанките и сите други да раѓаат по едно до две деца, а Македонките најмалку три. А, четири кој сака кумство на Груевски. Што значи – збогум, сиромаштијо. „Кум није дугме“.
Бидејќи не е можно тоа, најдобро е да обрнеме повеќе внимание на предупредувањата на мудрите луѓе дека коцкањето на европската шанса значи исчезнување. Младите се' повеќе не ја гледаат иднината во својата татковина и по школувањето масовно заминуваат. Таа бела чума чинам пожестоко коси од падот на наталитетот кој не се решава со активирање на фабриките за раѓање, туку со фабриките за работа, прогрес, но, пред се', со сигурност, среќен и убав живот. |
|
Статијата е прочитана 4389 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Itar Pejo, 06.11.2012 00:28:18 | Jas imam predlog. Zakon: zaposluvanje vo administracija minimum dve deca. Nacalnik 3 deca. Predsedatel na komitet 5. ... Minister 7, Premier 9. Brak za homoseksualcite samo ako se snajdat da imaat po tri deca. Znaejci deka oni se okolu 5% ... |
| Дамјан, 06.11.2012 01:26:44 | Идејата на ,,комуњарите,, на секое деветто дете да му кумува претседателот, во секој случај имала ефекти. Се нардија повеќе деца, во сите етнички средини, а голем дел од народот остана без својата прадедовска земја, што денес државата, бидејки е без компас и концепт, безобзирно ја крчми. Велите дека премиерот треба да ја преземе улогата на кум. Да, ама онаа народната вели ,,Куме одврзи го кесето,,. Но, не само за кумашините и братучедите, туку за сите. Само така може да се совлада ,,белата чума,,. |
| seirdzija, 06.11.2012 01:32:47 | Ludjeto porano ziveele od zemjodelie i bilo za potreba da se ima sto pogolemo semejstvo.Denes se zivee od pari,a niv gi nema oti kaj nas spomenici se povazni od zivi ludje.Da ne bese licemeren premierot ke davase pomos i za prvo i za vtoro i za treto dete,ama namesto toa toj gi frli parite na spomenici i na livadi(cita:igralista).Vo takva situacija i ova moze da se smeta kako pamflet na vlasta koja edno zboruva,drugo misli ,a sosema nesto treto pravi u realnosta,bez ideja,bez strateska cel,osven golo vladeenje i siluvanje na vistinata!!!
|
| cacko, 06.11.2012 08:05:46 | Добро би било да објавите колку деца поединечно имаат министрите во владата кои се во најдобрите години за ширење на семејството во Европа за да имаме претстава за дозата на популизмот што ни ја дава премиерот,а малку го позаборавив дедо Стефан кој за трето дете ќе даваше стан,ама заборавив дека парите ги потроши на брокерски активности .Секој дел гледаме по телевизии како се бара помош за деца со тешки заболувања од причини што државата ги заборавила а камо ли црквата,проверете дали црквата дала и еден денар за лечење едно дете во странство. |
| jimmy1, 06.11.2012 08:13:22 | Prvo da prasam kolku deca imat premierot???? pa posle neka bara poveke deca od drugite. Kaj nas lugeto nemaat uslovi da odgledaat i da skoluvaat edno dete a kamo li poveke. Na primer vo Avstralija, drzavata im dava $5000 za sekoe novorodeno bebe, toa e koga ke se rodi a posle toa im dava odredena so zakon pomos na sekoj 2 nedeli, a taa pomos se dvizi od 100-do 250 dolari za sekoe dete na sekoj 2 nedele se duri da napolni 18 godini. Koga deteto ke pocne da odi na uciliste dodatokot e mnogu poveke od pred skolskata vozdrast i zatoa vo Avstralija ima najpoveke nemazeni majki a imaat po 6-7 deca i nikoe ne si go znae tatkoto. Onie sto imaat po 5-6 deca zemaat pomos 3-4 pati poveke odkolku da se vo raboten odnos, i zatoa tamu e sistemot Siri noze. |
| toni, 06.11.2012 08:26:29 | ova tema ja otvori vojvodata ljubco gjorgievski uste pred edna godina pa i povise a ovoj gujo e eden obicen plagijator i falisfikator i krade tugji stavovi ne deka toj se sekira za makedonija nego samo im pravi film na makedoncite ednostavno manipulira so verskit ei nacionalnite cuvstva na gragjanite...ali zatoa i gragjanite ke go kaznat na izborite sto sledat...grujo gotov si narodot ke te kazni! |
| Buntovnik, 06.11.2012 08:26:32 | Ete ti vmrovski lopovi. Kaj Tito bese devetoto dete kaj ovie cetvrtoto. Odma kradat pola. U krv im e. |
| stojan, 06.11.2012 08:55:36 | Deka mladite osobeno onie koi vredat ne ja gledaat idninata vo svojata zemja e FAKT,se poveke ja napustaat a ovde ostanuva samo talogot.za zal no taka e. |
| Ајван Доктор®, 06.11.2012 09:24:32 | Сигурен сум дека наталитетот само делумно зависи од економската состојба!На него влијаат и менталитетот,степенот на културолошкиот развој и на образованието во одредена средина!Токму затоа во високоразвиените држави имаме голем пад на наталитетот!Образованиот човек знае дека постојат контрацептивни средства со кои може да се спречи несаканата бременост!Во необразована примитивна средина,жената (послушен поданик) попрво би отишла на абортус,отколку да примени контрацепција и да ја спречи таквата бременост!Врз бременоста влијаат и фактори кои не зависат од нас самите,па како резултат на бомбите со „осиромашен“ураниум фрлени на Балканот,имаме енормно зголемен број на нездрави фетуси и спонтани абортуси!На „ослободеното“Косово тој број е зголемен за 400%!Бројот на малигните заболувања таму е пораснат за 200%!Ваквите загадувања не признаваат државни граници,па зголемениот број пациенти на онкологија кај нас не е изненадување! http://ajvandoktor.blogspot.com/2010/11/blog-post.html |
| nekoj od nadvor, 06.11.2012 11:01:30 | Samo vo primitivni sredini se komentira na takov nachin za vakvi prashanja, dalie e toa od vladata ili nekoj drug, so shto se negira lichnata sloboda na individuata kako individua za vakvi visoko lichni prashanja. Se dava znachenje na se shto se reklo bez da se navistina nasochuva energijata kon osnovni raboti. Tie se preskoknuvaat a se see magla. |
| do site dobronamernici, 06.11.2012 12:34:14 | Za zal, zabremenuvanjeto ne zavisi sekogas od zelbata na partnerite, pa mnogu zeni imaat teskotija da si ja ispolnat zelbata da postanat majki. Vo takov slucaj, postoi nacin so medicinska stimulacija na plodnosta. No kaj nas tako nesto e tesko ostvarlivo,( za razlika od mnogu svetski drzavi)kade se ceka i ceeeeka za takva dozvola; neli imashe i uceni pred poslednite izbori kaj zeni koi mozes da gi mknesh i za nos koga se odnesuva za edneno vetuvanje za takovo odobruvanje. Ima i nesto drugo, sto bi trebelo da se predvidi; ZAMRZNUVNJE I NA ZENSKITE PLODNI JAJCA, a ne samo kaj mazite, bidejki dene zenite okupirani so svojata kariera ili so problem da si najdat posakuvan partner na vreme, bi mozele da socuvaat plodni jaca za pokasno. Takvi centri postojat na sekade niz Evropa. Najblisku za Makedonija e Solun, nesto podaleku e Italija i Shpanija. Vo Francija takvo oploduvanje e dozvoleno samo kaj bracni parovi, dodeka vo drigite zemji( i SAD) kaj sekoja zena koja toa go posakuva!! |
| cane sokolovski, 06.11.2012 13:18:12 | Не верувам дека нашиот народ ќе исчезне поради наталитетот. Поради белата чума - да, можеби! Памти ли некој дека после Втората Светска Војна во Русија, Германија и Полска имаше многу помалку мажи. Природата го зеде тоа под свое, и бројот полека се изедначи. Кога бројот на врстата критично ќе се намали тогаш инстинктивниот механизам за зачувување на истата ќе ја преземе улогата и бројот на раѓања драматично ќе се наголеми! ОВај свет нема да пропадне од неговата малубројност туку од неговата прекубројност! |
| zagrizen, 06.11.2012 14:11:46 | Lugje, gi nema Felco i Felcovci so komentari. Po se izgleda se zafateni i rabotat na *slucajot* po direktiva od nacelstvoto.Ama kolku i da rabotat do 9 to ne stignuvaat.Za toa im treba *mrakot* kako sojuznik, vaka *razdeneti* ne ke ja bide rabotava.
|
| observer, 06.11.2012 18:36:26 | Glavna rabota: mora da se dozvol eden maz da ima poveke zeni, legalno!! Kako sto nacionalistot Zerinovski predlaga za Rusija!! Ako mazot ima pari da gi izdrzuva, togas ke ima zakonski deca so site niv!! Nema sram ni za zenite ni za decata!!! Namesto da se arcat pari po svalerki!!!! |
| Вистински патриот, 06.11.2012 19:02:27 | Како вистински загрижен патриот, кумот - премиер на секое новородено дете да му дарува по еден споменик во бронза. Со тоа ќе ги зајакне капиталните инвестиции, како и надежите на нивните родители дека кога ќе го продадат споменикот еден ден ќе имаат за леб и сметки. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 13°C
Ведро
|
Четврток
Сончево
Макс: 13°C, Мин: 2°C
|
Петок
Делумно облачно
Макс: 16°C, Мин: 1°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (46)Амбициите на Даријана. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|