Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Автомобили
Политика
05.11.2012, 17:47

Воскресна легендарниот ТВ-дуел меѓу Црвенковски и Георгиевски

Каков е ефектот од спотот со незаборавните реплики на двајцата довчерашни непријатели, кои се уникатен пример на телевизиска дебата

Горан Адамовски



„Признавте 150.000 косовски Албанци и им дадовте државјанство. Правите се' само за да дојдете на власт. Вашата Влада го смени името и сега за цел свет сме ФИРОМ. Ви треба да испиете шише виски дневно и се трезните со грам кокаин“, му вели Љупчо Георгиевски на својот довчерашен политички непријател Бранко Црвенковски. „Ве прогласуваат за бугарски ас и толку многу надежи полагаат за ваша победа. Вие ја поделивте Македонија. Не сум користел услуги на психијатри и на бајачки“, му возвраќа лидерот на СДСМ.

Овие легендарни реплики од ТВ-дуелите во 1998 и 2002 година повторно се вратија на екраните. ВМРО-ДПМНЕ во едноминутен спот потсетува зошто заколнатите непријатели, а денеска коалициски партнери, не смеат да добијат доверба од гласачите.

Маркетинг-експертот Игор Атанасов вели дека кај нас од пред десетина години не се избираат средства во политичката борба. Противникот се дискредитира по секоја цена, без разлика што тоа можеби го надминува прагот за умерено, етичко и морално рекламирање.

„Можете да погледнете што се случува и во САД за време на претседателската кампања. Тимот на Обама излезе со навредувачки и диксредитирачки реклами за Ромни. Тоа не е ништо ново и ништо спектакуларно, а сепак јачината, стилот, интензитетот и речникот го избираат советниците за комуникации на политичките партии, кои се надевам дека врз основа на истражувања за перцепциите и моќта на информациите што ги пласираат сакаат да направат дистинкција во однос на политичките ривали“, објаснува Атанасов.

За опозицијата, нападот по двајцата крупни фигури во македонската политика е очекуван, имајќи го предвид нивното минато.

„Тие само нека се занимаваат со валкана кампања, а ние ќе се занимаваме со граѓаните. На граѓаните им е смачено од валкана кампања против опозицијата и практично никој не верува во тоа. За граѓаните не е во никаков интерес кој и што кажал пред 15 години. Денеска им е во интерес да купат леб, млеко, зејтин, да ги платат сметките за струја, парно...“, вели секретарот на СДСМ, Андреј Петров.

Многу вода е помината низ Вардар изминатите 15 години, коментира Слободан Близнаковски од ВМРО-Народна. Од партијата сметаат дека спотот ќе предизвика контраефект за нарачателот и потсетуваат оти тие ТВ-дуели биле доказ за демократичноста на земјата.

„Крајно е лицемерно некој да злоупотребува извадоци од ТВ-дуели, а тој самиот никогаш да не се појави на ниту еден“, поентираат во Народна.

Атанасов смета дека доволно беше минато, тоа за нас е болно и неуспешно, не' влече назад и не ни дава да одиме напред. Тој би сакал да види и да чуе борба на идеи, ставови и перцепции за иднината.

„Постојаното потсетување на минатото може да создаде и контраефекти, многумина не сакаат да се потсетуваат на него. Но, ние како народ секогаш сакаме да бараме виновници и сакаме да се присетуваме што беше порано и зошто тоа беше така, бидејќи не сме решителни, немаме доволно храброст и, пред се', желба да одиме напред. Со трендот на енормно зголемување на високообразованиот кадар низ сите факултети што се отворија, очекувам и интелектуалното ниво да се подигне, што би требало, пак, да донесе и потреба за едно поинакво, позрело, посериозно и суштинско комуницирање од сите политички субјекти“, анализира Атанасов.

Во ВМРО-ДПМНЕ вчера не добивме договор до кога ќе го рекламираат спотот, ги дава ли очекуваните резултати и дали соработката на Црвенковски и Георгиевски ќе им биде ветар в грб во пресрет на изборите.


Статијата е прочитана 5140 пати.

Испрати коментар



ВМРО-ДПМНЕ стабилна, опозицијата се приближува
Владата не планира попис ниту следната година
Осум милиони евра за 1.500 „рамковни“ што седат дома
Бугарија испорачува - Македонија тактизира
Изборите за членови на Судскиот совет на 5 декември
СДСМ обвинува за изборни манипулации
Дудуци не добиваат награди
Разгорена војната меѓу министерот и лекарите



Itar Pejo, 06.11.2012 00:15:45
Jas bi sakal da go vidam TV duelot pomegu Crvenkovski i Gruevski. Uste poveco bi dakal da vidam TV debata megu dvajcata. Ama znam deka toa ne e mozno. Potreben e bar minimalen intelektualen kapacitet. Bar eden od niv znae deka go nema.
PAVLE ALIMASKA, 06.11.2012 00:37:03
Груевски,ако си маж бори се со политички средсва ,а не со подмолни и скапани напади.Зошто ти рече дека нема со Ахмети да правиш коалиција,а направи.Не поминуваат повеќе твоите трули и смирисани пропаганди и ќе дојде денот кога ќе падниш,но тогаш треба да ти се врати со камата за сето ова сега што го пропагираш и за сиот криминал што го правите со фамилијата.
kolibri, 06.11.2012 02:55:54
Минатото е нешто што се случило и неможе да се избрише.Овој ТВ дуел е факт а не некоја лага или монтажа. Малото потсетување на дуелот има за цел да ги потсети граѓаните за лицемерството на овие лидери кои веќе не одбираат средства и начин за да дојдат на власт. ВМРО ДПМНЕ не се служи со никакви лаги или измислици се е вистина.Доколку вистината не му се допаѓа на некого, тоа е нивен проблем.Народот треба да сфати дека доколку овие политичари така брзо го менуваат мислењето, истото ќе го направат и кога се работи за државните интереси.Зарем на некого му требаат вакви луѓе, зарем на Македонија и требаат вакви лидери????
Mirko, 06.11.2012 07:29:18
Mnogu nisko i primitivno. Takva propaganda nema ni vo edna sovrema drzava. Sto saka vladatelot da postigne so toa?
цацко, 06.11.2012 07:54:23
и покрај ваквите жестоки дуели во тоа време имаше доволно меѓусебно почитување меѓу двете најголеми партии што не е случај денес,го закрвија народот,никој на никого не верува,сите се плашат од местенки или од казни,доволен показател е последната анкета на вмровецот Божиновски (кој и не крие на која страна од реката се наоѓа)во која 50 проценти од анкетираните не кажуваат за кого ќе гласаат а колку се тие што на повикот само ја спуштаат слушалката.И дали некој верува дека Груевски со кафе ќе му ја предаде власта на идниот премиер!
mene, 06.11.2012 08:22:18
odvratno,podlo efektot sto go ocekuvaat e sprotiven sekoj normalen se nadgraguva sozreva i dobro e da se menuva ........pa kako Gruevski vikase nikogas vo koalicija so Ahmeti a eve dolgo uziva vo toa.
Марко, 06.11.2012 08:49:41
Дали ќе има ТВ дуел за Окта,Телеком,НПК и другите бисери.
tomas, 06.11.2012 08:59:09
Togas barem imase debatai kakva takva demokratija.Toa denes e nevozmozno.
Jane, 06.11.2012 09:13:16
GRUEVSKI NE BIDI KUKAVICA KOGA SI, IZLEZI NA TV DUEL PA DA TE VIDIME STO KE NE IZLAZES PAK. SAMO KUKAVICITE PRAVAT VAKA. NA VAKOV KUKAVICKI NACIN DA SE DOKOPAAT PAK NA VLAST E NEMA KUKAVICO GRUJO. PAK KE POVTORAM IZLEZI NA TV DUEL, NE MI VELI JAS IZLEGUVAM PRED NARODOT, ZATOA STO OVOJ NAROD E OVCA, SAKAME TV DUEL
penzioner, 06.11.2012 09:18:45
Барем тие имаа мадиња.
jovan, vlada @, 06.11.2012 09:26:48
Незнам од која причина би прифатил Груевски телевизиски дуел со Бранко или ЉуБчо,кога знаеме дека и двајцата освен добра демагогија,ефтини фори и трикчиња сето тоа филувано со простотилук од типот кој колку пие и што му треба да се отрезни после тоа,кој има потреба од душевни болници и кој крши кабинети и пие апчиња за смирување.Ваков ТВ Дуел НЕ БЛАГОДАРАМ!Нема потреба се додека свеста и политичката култура не се подигне на едно ниво погоре,каде што на тие дебати ќе се разговара со бројки и факти а не со демагошки фори и навреди за да се понижи противникот и да се удри по неговата суета на начин кој не е достоен.Уште еднаш ќе кажам НЕ БЛАГОДАРАМ ЗА ТВ ДУЕЛИ ВО КОЈА НАМЕСТО ФАКТИ И БРОЈКИ ЌЕ СЕ ФОРСИРААТ ПРИВАТНИ,ТРАЧАРСКИ И ИНТИМНИ ТЕМИ КОЈ ВООПШТО НЕМААТ ВРСКА СО АКТУЕЛАНАТА ПОЛИТИКА И ВООПШТО НЕМА ДА ПРИДОНЕСАТ НЕШТО ДРАМАТИЧНО ДА СЕ СМЕНИ КАЈ ГЛАСАЧИТЕ.
mogila, 06.11.2012 09:40:38
ako saka brano da ispadne na bokserski duel so grujo!!!!!!!!
Коста Стоименовски, 06.11.2012 09:47:11
На некоја ТВ беше преземена снимка од некое мало (3-4 години) мошне симпатично американско девојче, кое плачеше и кое рече: „Ме уморија Барак Обама и Мит Ромни“ (не сум сигурен дали точно ги изговори имињата на претседателските кандидати?) и праша кога тоа ќе престане?! А, што тогаш да кажат македонсите граѓани, кои секојдневно се тероризирани од медиумите кои ги величаат „успесите“ на власта и на „лидерот“, а ги сатанизираат политичките противници (опозицијата), кои за своите грешки, гафови и глупости ја платија цената пред 6, односно 10 години? Искуството покажува дека национал-популизмот жестоко им се враќа на оние кои го користат за освојување или одржување на власта!!! „Месијата“ на Србите заврши не само неславно, туку и трагично! Кога ќе се залула бродот на актуелните македонски квази-патриоти, дури тогаш ќе го согледаат лиецмерието на оние што сега ги тапкаат по рамо и ги воздигнуваат до небо! „Живи били па видели!“
Pejo Glupaviot, 06.11.2012 10:27:04
Jas se slozuvam so jovan od vladata. Nema sto Nikola da debatira do Branko, koj sto ne mu e ni do kolenici. Se secavate li kako ja srozi srpskata novinarka: Zosto spomenik na voinot? a Nikola: A zosto da ne!. Steta sto Makedonija e mala zemja pa nikoj ne ja ferma. Inaku ovaa replika ce ja prenesea site svetski televizii. Vo emisiite Video Gag, za Nova Godina.
pile, 06.11.2012 10:50:53
Javniot servis ima zadaca pokraj drugoto javnosta da ja pravilno informira pred se za aktuelnite nastani i slucuvanja,a dali Utrinski vesnik e na nivoto na zadacata so objavuvanje na vakva statija sto bilo pred 14 godini na verbalen plan pri lidersko soocuvanje, vo uslovi koga sustinski dokument odgovor na memorandumot od strana na Ministerot Poposki e dostaven do sosedna Grcija, so koj se pravi VELEPREDAVSTVO na Drzjavnite interesi, ostanuva urednikot na vesnikot i javnosta da proceni.Se nadevam deka ke imate doblest odgovorot-predavstvoto da go istaknete celosno i udarno kako vo E-verzija tuku i vo pecatenite mediumi, a kako vistinski profesionalci pobarate odgovori od najpovikanite.PS Ocekuvam denes, pokraj podelba na vauceri za kompjuteri, subvencii za zemjodelcite, otkrivanje na droga,lustriranje na nekoj kodos i regulatorna komisija da vovede evtina tarifa za elektricna energija,koja smislena kampanja od Vladata na Gruevski,ke go stavi vo vtor plan VELEPREDAVSTVOTO,a utrinski se
девичанецот, 06.11.2012 11:32:46
Работејќи во сегашноста, ние го градиме минатото.По заминувањето на секој човек, останува само минатото. По тоа минато се суди за тоа каква била личноста, а иднината е непредвидлива. За неа ќе се суди, кога истата ќе стане минато. По сите изјави досегашни на еквилибристот Б.Ц. и неговите дела споредени со изјавите, има ли некој што и понатаму ќе му верува нему? Исто и на Љубчо, кој сепак е многу поискрен во изјавите: Од премиер си замина збогатен како добар бизнисмен....или дека верува во заборавноста на гласачите, што отворено изјавува и е за почит!
РНД, 06.11.2012 12:14:39
Интересно е што во тоа време Љубчо е претседател и ментор на денешниве ДПМНЕ-вци. Да не се лажеме дека нешто е променето ни кај Љубчо, ни кај Бранко, ни кај Никола. Првите двајца пред 10 години се испорезилија на ТВ и барем знаеме што луѓе се. Велат “куче што лае, не каса“, ама Никола “не лае“... Повеќе ве плаши тој што не го знаете каков е, тој што никогаш не учествувал на дебати а редовно се појавува на нарачани и однапред утврдени интервјуа...
tihi, 06.11.2012 12:19:36
Mojot najgolem motiv da glasam za Grujo se tokmu Branko i Ljubcho.Da ne se tie moze i bi apstiniral od glasanje.
Прпа „Јоване&влада!, 06.11.2012 13:05:46
Јованче , немој да се плашиш толку! Ако Бранко и Љубчо се такви какви што ги замислуваш , многу лесно твојот пастир со својата елоквентноси ќе ги победи на дуел. Нека ги поведе со себе и Протуѓер , Латас , Мирка и Миленко , за асистенти! ОСМЕЛИ СЕ , Јоване!
Bidi maz!, 06.11.2012 13:30:34
Grujo, bidi maz, pa izlezi na duel, na bilo koj od ovie dvajca *pijanici i ludaci*, a ne ovaka, da mi izvinish *ko pizda*. Ako e se taka kako ti velish, ima da gi rasturish! Ama neshto prpa! I prashanje, dali vo demokratskiot svet, pa i onaj drugiot, postoi ovakov sluchaj, faleniot i neverovatno sposoben premier, so nevideni rezultati zad sebe, da ne smee da izleze na duel i toa na propadnati i vece porazeni politichari? Zasigurno ne!
eli, 06.11.2012 13:37:23
ne mozam da sfatam sto sakaat so ovie izjavi od pred 10 i povece god.da se postigne kako da sme kazneti i sekoja vecer da gi slusame pa tie ja izgubile vlasta sto e toa vazno ima luge uste sto im veruvaat i se so niv se trosat pari za glupavi reklami se zamoruva narodot i onaka umoren od siromastija i bezrabotica na ovoj li nacin saka da ostanat na vlast a koj da gi pusti izjavite na ovaa vlast ili tie se bezgresni do koga ke gi slusame znae li nekoj najverojatno do lokalni izbori poz
Трпе, 06.11.2012 14:28:21
Овие барем биле мажи и излегле на тв дуел иако употребувале многу ниски удари.Но имаме и еден кој се крие под сукња.Што би било а не верувам дека ќе биде да се јави на дуел,како некои што му советуват да собере храброст и на дуел да излезе со советници.
citatelka, 06.11.2012 14:43:11
„Крајно е лицемерно некој да злоупотребува извадоци од ТВ-дуели, а тој самиот никогаш да не се појави на ниту еден“, поентираат во Народна. ---- не е само лицемерно туку е пред се -------кукавички.
verag, 06.11.2012 16:17:44
Одкаде и се толкави пари на ВМРО за да не бомбардира со вакви спотови? Тоа најмногу ме интересира.А Како да заборавиа дека тој Љубчо беше обожаван од членовите не ВМРО ?
Saso, 06.11.2012 17:33:27
Dragi novinare sporedbata so Amerika vi e smesna.Mozes li barem za minut da zamislis deka na ovie izbori vo Amerika kandidati da ne se Romni i Obama tuku Stariot Bus i Klinton.Vo Amerika negledam politicki fosili koj go izgorele narodot tuku novi lica koj mozebi ke go izgorat a mozebi ne.Ovie dvajca od tv duelot na istorijata neka ostanat tamu vo istorijata.
kikuska_pp, 06.11.2012 18:59:59
За да се изгради успешна иднина, треба да се работи секојдневно, но потребно е и да се учи од грешките направени во минатото, за да не се повторуваат повторно. Па како тогаш да им се даде глас или поен на овие две личности... Тие градејќи ја својата кариера, им пакостеле на македонскиот народ, а воедно и на цела Република Македонија. НАПРАВИЛЕ СЕШТО И СЕ ОДРАЗИЛО НАЈНЕГАТИВНО ЗА СИТЕ. Се надевам дека нема повторно да стапнат на позиционерското место. Поздрав

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 13°C

Ведро

Четврток
Сончево
Макс: 13°C, Мин: 2°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 16°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (46)
Амбициите на Даријана. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Настани
(ВИДЕО) Скопје 2014 во новиот спот на Macedonia Timeless
Главниот фокус во најновиот спот на Macedonia Timeless е општина Центар, односно градбите и спомениците од проектот Скоп...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Автомобили |