Број 3512  понеделник, 21 февруари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Шестчасовна музичка ретроспектива

„Скрим мјузик фестивал“ наиде на големo интересирање кај публиката од повеќе генерации

Бојан Шашевски


Музичарите од бившите југословенски простори отсекогаш имале добар прием кај македонската публика, па воопшто не беше чудно што „Скрим мјузик фестивал“ наиде на голем интерес и целосна распродажба на картите неколку дена пред официјалниот почеток. Најавата за „Прљаво казалиште“, „Дивлје јагоде“, „Негатив“ и „Ван Гог“ беше причина неколку илјади посетители од различни генерации во петокот да се „нацртаат“ во најголемата сала од Скопското сајмиште за да ги слушнат своите фаворити, да добијат нова доза носталгични мигови, забава, подзаборавени песни, некоја чашка алкохол и дружба со пријателите.

Кога се мисли на оригинален, модерен и квалитетен состав, се мисли на „Беј д’фиш“. Момците од скопската група во последните неколку години покажаа зошто се сметаат за едни од највозбудливите регионални електропоп-појави. На концертното мени стартуваа први. Еклектично, акустично, енергично, електрично. Надоаѓачката публика во „Метро��олис арена“ можеше да искуси краток, но многу сладок гриз од колоритниот музички опус на Окац и веселата дружина. Џагорот од присутните, но и големите звучници како да беа наменети за гитарски рифови. Музицираа професионално, но интимното доживување беше приказна за послободоумна публика.

Белграѓаните „Негатив“ и атрактивната вокалистка Ивана Петерс донесоа различен звучен бран, скокање, довикување, па и „шутки“ низ дел од присутните. Во последната деценија бунтовничкиот став, импулсивноста и енергијата на српскиот состав ги освои срцата на повеќе уживатели на трендовска музика, на младите алтернативци, а добро помина и низ многубројни критичари. Ги освои срцата и на голем дел од македонските слушатели. Полната сала одлично ги прими рокерските теми на „Негатив“. Звучеа моќно, наштимано, расположено.

Добро беше решението на организаторите да ја стават во функција и втората сала од сајмиштето како место за одмор и соодветно прибежиште за муабетџиите. Во овој простор имаше поставено и подвижни тоалети, шанк, но и место за оставање јакни. Немаше луѓе задолжени за издавање бројчиња и чување на јакните, па голем дел од посетителите ја протуркаа ноќта со облеката в рака или врзана околу половината.

Реки луѓе циркулираа низ ходниците за време на звучните паузи, ги следеа видеата на големите видеобимови, а имаше и такви што долетуваа до импровизираните тераси на цигара.

Влатко Илиевски, ексклузивец на „План Б-продукција“, повторно се качи на сцената, но овој пат како дел од „Морал“, овозможувајќи им на членовите од неговиот бивш бенд да настапуваат пред полна сала уши. Исто како и за „Беј д’ фиш“, на вториот македонски состав на вечерта му беа отстапени и договорени нешто повеќе од половина час. Публиката се потсети на „Кога патувам“, „Ти си“, „Скопје“, „А ти ме убиваш“ итн.

Големината на фестивалот, обезбедување забава за голем број луѓе, грижата околу шанковите, ВИП-ложата, големото озвучување, бендовите, го ставија организаторот на моменти да ги занемари условите за работа за присутните новинари. Дел од фотографите имаа проблем да стигнат под сцената да сликаат, а на некои од акредитираните претставници на медиумите не им беше дадена можноста да прошетаат зад сцената за да соберат изјава од изведувачите. Иако сосема регуларно, со зелена алка и пластифицирана прес-акредитација обезбедена од организаторот, авторов на текстот легитимно влезе зад сцената, но човек од обезбедувањето грубо го фати за рака, го тргна настрана и го турна накај излезната врата што водеше до подиумот. Можеби му падна тешко да каже збор-два и да одговори на прашањата „Што е работата?“ и „Зошто претходно ме пуштивме, а сега ме бркате на ваков начин?“

Следуваше групата „Дивлје јагоде“, која настапи четврта. Зеле, придружуван од останатите членови, отсвире и гитарски сола. Луѓето што беа дојдени да потпевнуваат рефрени се „туфкаа“ во место. Преостанатите ги впија ушите во звучниците и будно ја следеа изведбата на „Турскиот марш“ на Моцарт. Освен инструменталките, будните и опиени лица уживаа во носталгичните „Аутостоп“, „Циганко“, „Једина моја“, „Криво је море“, „Кап по кап“, „Дивлје јагоде“, „Марија“. Откако си отидоа од сцената, врескањето од фановите ги натераа да се вратат уште еднаш и да ја засвират незаборавната „Мотори“ .

Загрепчаните „Прљаво казалиште“ беа пречекани, но и испратени од сцена со молскавичен аплауз и вресоци од расположената публика. Преку „Кише јесење“, „Херој улице“, „Све је лако кад си млад“, па и до „Ми плешемо“, испеана како „Ми пијемо“, бендот кој егзистира од 1978 година беше повеќе од успешен во контактот со илјадниците распеани грла. Младен Бодалец постојано се шеташе низ бината, довикнуваше кон фановите, пееше, а за време на „Марина“ викна неколку девојки да се качат покрај бендот на сцената. Се забавуваше и основачот на бендот, ритам-гитаристот Јасенко Хоура, кој, понесен од жестокиот амбиентум, скокаше во првите редови од публиката. Исто како и групата пред нив, „Прљаво казалиште“ повторно, заедно со присутните, ја запеа „Македонско девојче“, своевидно обележје на нивните настапи во земјава.

Откако белградскиот бенд „Ван Гог“ ја отсвири „Неко те има ноќас“, низ салата, конечно, почна пополека да ѕирка по некој празен простор. Останатите, веќе преморени обожаватели не останаа рамнодушни на енергичнио�� настап на Србите. За време на „Списак разлога“, фронтменот Џуле доби од публиката црвени танга, при што ги стави на лицето, а потоа и на микрофонот. Низ публиката смеа, воздишки и ракоплескање. Музиката продолжи, гитаријадата кулминираше и го достигна својот врв.

Меѓу другите, можеа да се чујат и теми како што „Клатно“,„ Аеродром“, „Брод од папира“, „Она и ја“, „Киселина“, „Коло“,„Више се не зна ко је луд“, „Нек те тело носи“.

Откако музиката финишираше, неколку илјади посетители, со изморени колена и исполнети души, го фатија „патот“ накај дома, потпевнувајќи ги своите подзаборавени и омилени хитови.






#
Статијата е прочитана 721 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Власта генерира криза, a опозицијата потпалува
Тачи со Беља ќе го освојува Скопје
Тиквешански
Либија арапски Тијенанмен
Копенхаген се удави во Вардар
Виси грантот од ЕК за делницата Демир Капија - Смоквица
Скриени бранители
Полициски началник загина во стравотна несреќа
Промоција на македонската дива во Загреб
Не сме икебани во Комисијата
Планира трет дел на филмот „Сексот и градот“
Рушење на Македонија
Не викајте ме Торбеш
Револуција на барбарите
Претпладнево со став за предвремени избори
Во Португалија цвета бизнисот со стара облека
Запад и Блискиот Исток
Откажана Ф1 трката во Бахреин
„Златна мечка“ за иранскиот „Надер и Симин“
Поделени критиките за Манчевски и во Берлин
Можно е враќање на визите за Западен Балкан
Грците со контраудар за гевгелискиот „Лас Вегас“
Крв на улиците, Гадафи се појави на ТВ
Стил
Најмалку 65 загинати во земјотрес
СДСМ прифаќа избори ако се исполнат услови