|
|
|
|
|
|
Не викајте ме Торбеш
Овој синоним за жителите на долнореканските села е погрден и навредлив. Барањето за прогласување етничка заедница Торбеши е несериозно и научно непоткрепено
Киро Кипроски
ГОСТИВАР - „Не викајте ме Торбеш зашто ѕвездите ќе ми изгаснат во очиве и ќе се исцедат како солзи на доенче. Не викајте ме Торбеш зашто ќе ми пресушат потоците во жиливе, а утробава одрана кожа ќе ми се стори“... Ова се стихови од песната „Не викајте ме Торбеш“, која наставникот по македонски јазик во Основното училиште „Маршал Тито“ во Жировница, Саме Жерновски, во седумдесеттите години од минатиот век ја објави во поетската книга „Распукани бигори“. Тоа е пораката до сите за да престанат со употреба на зборот Торбеш.
Синонимот Торбеш за жителите на долнореканските села Жировница, Ростуше, Скудриње, Јанче, Велебрдо, Присојница е погрден, навредлив и збор за потсмев. Голем дел од оваа популација се чувствуваат како Македонци со муслиманска вероисповед, а барањето за прогласување етничка заедница Торбеши за нив е несериозно и научно непоткрепено.
Половина век низ регионот на Долна Река каде што живеат 8.000-10.000 Македонци-муслимани сплеткареа разни емисари за да ги придобијат скромните луѓе. Тоа продолжи и во плурализмот. Партиите постојано им ветуваат интеграција во општеството и учество во трите власти. Но, ниту едно лице не е вработено, секогаш се ставани во категоријата други и непостојни. Токму затоа револтот е многу голем. Иако голем број Македонци-муслимани се со факултетски диплома од сите области, со години чекаат вработување, а за нив како никој да не води грижа. Ниту еден Македонец-муслиман не извршува јавна функција во Владата, на пример, министер, заменик-министер, државен секретар, а незначителен е бројот на вработените во државната администрација.
Тие се разочарани зашто пред секој попис на населението во Македонија се појавуваат радикални струи кои со изместување на историските вистини, со нечесна пропаганда и нереални ветувања се обидуваат да ги врбуваат, а со тоа да ги разнебитат.
„Долнореканци ја примаат со резерва, воздржаност и недоверба иницијативата за создавање заедница Торбеши. Ова име не било прифатливо, бидејќи секогаш го употребувале во негативна и навредлива конотација“, истакнува Мукрем Мехмеди, градоначалник на Општина Маврово-Ростуше. Тој додава дека возобновувањето на оваа стара идеја, пред почетокот на пописот, има за цел политизација, поради фактот што е промовирана од „Румелија“, а поддржана од ПЕИ.
Мемед Нурединоски, 78-годишен интелектуалец од Скопје, роден во Жировница, потврдува дека иницијативата за етничка заедница - Торбеши и намерата за нејзино вградување во Уставот, ја разбранува научната и пошироката општествена јавност, а посебно Македонците со исламска религија. „Ова што се случува последниве години не ме остава рамнодушен. Иницијативата ги повредува моите чувства, чувствата на Македонците со исламска религија. Таа идеја не доаѓа од научно докажани факти, туку од дневнополитички и лични амбиции и интереси на поединци“, категоричен е Нурединоски.
Притоа, тој додава дека во изминатите четири децении на сите пописи голем број на овие граѓани се декларирани како Македонци. „Барањето да се внесе во Уставот посебна етничка група Торбеши го понижува и навредува овој дел на македонскиот народ. Иницијативата на ‘Румелија‘, поддржана од раководството на ПЕИ, сака да ја повтори историјата, кога овој народ присилно беше третиран како Турци, Срби, Бугари, Албанци. Тоа би значело враќање во минатото. Зборот румелија е име на покраина во периодот на владеењето на Османлиската Империја“, објаснува Нурединоски. Неговата порака до актерите инволвирани во иницијативата е да не играат со судбината на овој дел од македонскиот народ. „Доста беа поделби. Вработувањата, поголемата застапеност во политичкиот живот... не се решаваат со формирање посебна посебна етничка група“, смета Нурединоски, според кого е потребно креативно и конструктивно ангажирање од сите надлежни фактори и избраните политичари.
Културно-научните манифестации на Македонците-муслимани израсна во општествена организација, со јасни цели и задачи на планот на културната и националната преродба на исламизираниот дел на македонскиот народ. Стојче Дојчиноски-Росоклија, член на Секретаријатот на оваа асоцијација, потсетува на седумдесеттите години од минатиот век, кога културно-научните манифестации на Македонците-муслимани организирала тематска расправа за меѓунационалните односи. „Уште тогаш било потенцирано дека муслиманите од словенско потекло, со мајчин македонски јазик и други етносоцијални карактеристики се Македонци“, потенцира Дојчиноски.
И покрај конструктивната работа, асоцијациите на Македонците муслимани се соочуваат со огромни тешкотии. Затоа што малцинските партии на Турците и на Албанците по секоја цена настојуваат да го закочат процесот на националната преродба и да ги асимилираат во Турци или во Албанци, со убедување дека Македонците ќе ги покаурат.
„Тоа за муслиманите беше неприфатливо. Мнозина се колебаа да се декларираат како Македонци, а тој процес трае. Дури се наметнуваат и нови варијанти, дека овие не се Македонци, туку дека се Торбеши, како посебна субгрупа, таканаречени румелија“, објаснува Дојчиноски. Според него, тоа нема никаква врска со Торбешите кои научно и во секој поглед се Македонци.
Оваа ситуација почна од пописот во 1971 година. Врежани во меморијата ќе останат зборовите на Мемед од долнореканското село Жировница. „Ние сме ист народ, од еден корен, од едно стебло, ама нашето гранче било калемено насила, сп��отивно на стопанот. Но, никој не може да не' оддели од коренот македонски“, рече Мемед. |
#
|
Статијата е прочитана 3101 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Daco |
Датум: 21.02.2011 12:27:59 |
|
Mozeme samo da zalime sto nemame povece Mevmedi kako ovoj zirovnickiot. |
|
|
|
|
|
|
Од: торбеш |
Датум: 21.02.2011 12:28:41 |
|
20 години имаше време државата да ги прифати македонците муслимани како составен дел од македонскиот народ, а не да го отфрла. Револтот од тоа што нив никојне ги есапи освен вака на избори или пред попис. И после пак се заборавени,невработени отфрлени па чарето си го баррат во печалбата.
Огромен број го поддржува форимрањето на торбешка нација која конечно ќе се грижи за торбешите, додека противниците се во минимален број и тоа сервилни слуги на сите нации на кои им се потрчковци за мали пари.
|
|
|
|
|
|
|
Од: bubo |
Датум: 21.02.2011 13:00:45 |
|
Mnogu mi se dopadja komentarov ama ne razbrav kaka trebe da bidat nareceni i sepak mislam deka
i samite se custvuvaat poblisku do bilo koi muslimani nego do makedoncite(HRISTIJANI) |
|
|
|
|
|
|
Од: Regan |
Датум: 21.02.2011 13:33:43 |
|
Барањето Македонците кои ја прифатиле муслиманската религија да се “претворат“ во нов народ е намера на непријателите на Македонскиот народ непосредно пред најавениот попис да се редуцира вистинскиот број на Македонци.Како што има Македонци со христијанска религија,така има и со муслиманска религија,унијати,протестанти,нововерци,саботари, итн,што не е причина да не бидат(останат) Македонци.Во секој народ има разни вери.Напр.нашите сограѓани и комшии Албанците се Муслимани,Православни,Католици и др.Па никому не му паѓа на памет да не бидат Албанци.А да не зборуваме напр. за Америка каде се измешани сите вери на светов,но сите се Американци. |
|
|
|
|
|
|
Од: RND |
Датум: 21.02.2011 14:23:24 |
|
Makedoncite muslimani se nasi brakja i verata ne treba da ne razdeluva tuku da ne obedini. Zborot Torbes veke ne postoi vo mojot recnik !!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: istoricar |
Датум: 21.02.2011 15:07:31 |
|
İstorijata jasno i glasno zboruva deka Osmanliite nikogo nasila ne islamizirale. Da bilo taka deneska celiot Balkan ke bese İslamiziran. Crkvite ke bea sruseni ili pretvoreni vo dzamiji. Blagodarenie na tie ''kleti Turci'' Bugarite ostanale Bugari, Srbite Srbi, Makedoncite Makedonci i Albancite Albanci. |
|
|
|
|
|
|
Од: aleksandar sv.nikole |
Датум: 21.02.2011 16:04:59 |
|
Срамно е во 21 век да се бара формирање на нова нација од луѓе кои во секој поглед се Македонци!тоа е повеќе од јасно и треба да престанат ситнополитичките игри со чувствата на македонскиот народ! каква врска има религијата со националната припадност???Кој јазик е мајчин на тие луѓе???Македонскиот!истата игра како во Босна сака некој да ја направи!Националност-муслиман????бог да чува кој век сме??на која држава припаѓаат торбешите??торбешија???Нон-сенс,под итно да се прекине со ваквите глупости и поделби на народот и да се фокусираат на подобрување на економијата и животниот стандард на сите граѓани.Да не се замајува јавноста со банални работи,затоа што веќе доволно сме заглавени со најбаналниот спор на светот,оној со со името на нашата држава-е уште ова ни фали сега!Побанално-здравје!
|
|
|
|
|
|
|
Од: Знам-сакам сда знам( ЗСН)/тавтологија |
Датум: 21.02.2011 16:29:18 |
|
a)„Ние сме ист народ, од еден корен, од едно стебло, ама нашето гранче било калемено насила, спротивно на стопанот. Но, никој не може да не' оддели од коренот македонски“, рече Мемед.
b)“20 години имаше време државата да ги прифати македонците муслимани како составен дел од македонскиот народ, а не да го отфрла”.
c)“Mnogu mi se dopadja komentarov ama ne razbrav kaka trebe da bidat nareceni i sepak mislam deka i samite se custvuvaat poblisku do bilo koi muslimani nego do makedoncite(HRISTIJANI)
d) Makedoncite muslimani se nasi brakja i verata ne treba da ne razdeluva tuku da ne obedini. Zborot Torbes veke ne postoi vo mojot recnik !!!!
e)“Барањето Македонците кои ја прифатиле муслиманската религија да се “претворат“ во нов народ …непосредно пред најавениот попис …”
f)“İstorijata jasno i glasno zboruva deka Osmanliite nikogo nasila ne islamizirale.
Според правилата на заклучување,ако:
f=-а од c↔b е→d
Кои се торбешите?
|
|
|
|
|
|
|
Од: bitola troa skolovan |
Датум: 21.02.2011 17:14:29 |
|
Zal mi e sto se porazitelni brojkite koj gi obelodeni ministerot za obrazovanie za educiranosta na makedonskiot narod kade i vo osnova za mnogu prasanja go gledasm kade lezi zajakot taka i za makedoncite so islamska veroispoved.Ako makedonskoto mnozinstvo/so makedonski prosek na obrazovanie/ i 20 god.im se malce da ne go koristat terminot Torbes uste sto godini ke im bide malku da razbere zosto,no vo ovaa drzava ima jadra na ziteli nemora visokoobrazovani no siroko nacitani koi go prepoznavaat denesniot problem na makedoncite muslimani no nikogas ne bile vo sostojba toa da go isporacaat i implementiraat vo opstestvoto od prostiot problem sto na vlast doadjaat ludje koi sega sebesi se otkrivaat kako makedonci sto e krajno zalosno. |
|
|
|
|
|
|
Од: pate-gv |
Датум: 21.02.2011 17:21:11 |
|
Ustavot garantira pravo na deklariranje na sekoj gragjanin vo RM. Togas zosto vakvi reakcii. Jas sum rodena Torbeska , a zosto toa nekoj mi go osporuva i uporno mi objasnuva sto sum. Inace potekloto mi e od Rostuse . A g-not Mevmed ,kako saka neka se deklarira,toa e negovo pavo , no neka ne zboruva vo ime na dolnorekancite. A so g-not novinar licno se znaeme i dobro znae sto sum! |
|
|
|
|
|
|
Од: ТОРБЕШ-РЕКАНСКИ |
Датум: 21.02.2011 17:55:31 |
|
Оставетеги лугето да се изјаснат каку што сакаат,немојте да ја спомињате босна,бугарија или било која земја,затоа што зарем негледате дека и Македонија иако постои веке 60 год.��еуште не е призната како држава,и неспоминајтеги Мемедовци,Пакоски и слицни на нив,затоа што истите за пари и мајката ке си ја продадат.и каку за крај зарем сега ви текна да се грижите за Торбешите кај бевте досега или чекате уште една тура да се до исселат,ОСТАВЕТЕГИ НА МИР ВЕ МОЛАМ!!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Загрижен |
Датум: 21.02.2011 18:43:36 |
|
Морам да ви кажам дека јас сум еден од првите “торбеши“ кои се бореа да докажат дека во дражавава покрај македонците “христијани“ живеат и македонци “муслимани“ и тоа го правев цели 30 години, но нажалост морам да признаам дека не успеавме на македонското христијанско население да им докажеме дека сме исти браќа. Проблемот е во МПЦ за која само христијаните се македонци. Како доказ за ова е фактот што МПЦ по повод празникот БАЈРАМ никогаш не рекла “на македонците со муслиманска религија им го честитаме празникот“. Значи се додека МПЦ јавно не се произнесе дека во Р.М живеат македонци христијани и македонци муслимани ние нема да бидеме профатени како македонци од македонскиот народ, - ЖАЛНО |
|
|
|
|
|
|
Од: deli |
Датум: 21.02.2011 20:00:20 |
|
Pozdrav do autorot na textot a do komentatorite (vekina), oti odamna nemam čitano vaka zanimliv i važet text vo UV. Blagodaram. I se prašuvam: dali i koga edneška vo Makedonija (i vo golem del na svet) ke dojde na prvo mesto čustvo za gragjanska pripadnost na svoja država - tatkovina, posle nea nacionalnost steknata od predcite, koga veroispovest - ili ateizam ke stane isklučitelno privatna!! rabota na sekoj čovek, koga tolerancija i dobri megjučovečki odnosi ke bidat vo sekoj slučaj i nasekade na prvo mesto. Site sme samo luge, site so mani, site od nekoja familija, site nosime vo sebe istorija na svoite predci - no čovek treba da go gleda denešen den i idninata a ne toa što bilo - oti toa ne se menjava a minatoto lošo go storil nekoj što živeal pred nas - ne nie. Treba da se trudime, da nedojde pak do lošoto (živ primer Bosna),stradanja može da bidat golemi. Čestopati imam čustvo, deka vo MK se "proizveduvaat" problemi i tamu, kade gi nema, bi trebalo veke ednaš toa da se zapre :-) |
|
|
|
|
|
|
Од: ЗАМИСЛУВАМ А ВИЕ ПРОУЧЕТЕ САМИ |
Датум: 21.02.2011 20:10:31 |
|
Како во една клета Грција има можност некој да се изјасни за муслиман. Ама никако Турчин или Албанец. Значи и Турците во клета Грција се Грци муслимани. А ние од ист народ вистински Македонци кои зеле муслиманство за вера да ги одродуваме. Треба широка научна кампања и остро противење на недокваканите туркачи на оваа лудост. Торбеш може да биде само нешто како Овчеполец или Реканец. Националност едно и единствено Македонци муслимани кои зборуваат на својот мајчин македонски јазик. Имав комшии од една населба го сакав многу тоа семејство. Луѓе Македонци муслимани сами проучете и не им дозволувајте. |
|
|
|
|
|
|
Од: citatel |
Датум: 21.02.2011 20:57:13 |
|
da ve ispravam: tocnoto prezime na Same e Zarnoski (a ne Zernovski) |
|
|
|
|
|
|
Од: torbes-makedonec musliman-zirovnicanec |
Датум: 21.02.2011 21:04:00 |
|
epa da napravime eden kus riepilog na ona sto e dosega kazano.jas sum blizok rodnina na same zrnovski.poetot sto ja razbranuva javnosta vo sedumdesetite godini.uste togas imaa dve sprotivstaveni strani vo dolno rekanskiot kraj.ednata bese za torbesi drugata za makedonci muslimani.prvite intelektualci a vtorite obicni gragani.jasno deka nie ziveeme vo makedonija i sme makedonci muslimani(kako sto e i moeto mislenje)no tuka ima edna golema dilema so islamizacijata vo toj del na makedonija.nie site sme svesni sto mislat intelektualcite no nekoj treba da gi prasa i obicnite luge zosto se vikaat torbesi.od kade imeto TORBES?sto vsusnost znaci torbes?od kade ostanalo toa ime?.veruvajte ova ime kaj narodot e poznato mnogu odamna no nikoj dosega ne go objasnil od kade doadja.mislam deka treba da se otvorat TURSKITE TEFTERI i da se vidi od tamu so se ima za ovoj poim i sto vsusnost znaci imeto torbes.dosega se znae samo deka nie torbesite ne vikale taka bidejci sekogas sme bile so torba vo raka |
|
|
|
|
|
|
Од: prijatel |
Датум: 21.02.2011 23:53:06 |
|
Makedoncite so islamska veroispoved se cvetot na makedonstinata.Tie zboruvaat najcist makedonski.Tie se nasi jas gi cuvstvuvam kako svoi.Drzvata treba da investira vo ovie nasi braka,da se vrabotuvaat vo instituciite.Da im se dade moznost na ednakvost.Da im se ovozmozi svojot jazik,svojata kultura,svoite pesni od Zirovnica da bidat i nasi.Treba pod hitno javno da im se priznae nivnata vera.Kako e ubavo da se slusne Makedonec-Musliman ,moj brat.Zasto makedoncite da ne mozat poinaku da mislat,zboruvaat ili veruvaat.Sto znaeme za mojata itvojata vera.Za da e odbranis ne znaes dve recenici da kazes,a na drugite im osporuvas. |
|
|
|
|
|
|
Од: SILJAN |
Датум: 22.02.2011 00:11:42 |
|
Moze samo da zboruvame i da nagagame ovoj problem neje samo vo MAKEDONIJA istiot problem je i vo SRBIJA .BOSNA .CRNA GORA na primer vo regionot RASKA a po turski sangak ziveat SRBI MUSLIMANI koi se mlogo pobliski i povrzani so TURCIJA odkolku so svojot SRPSKI NAROD i svojasta drzava SRBIJA .A za vo BOSNA da ne zboruvame EDEN SLOVENSKI NAROD i ZBORUVAAT ISTI JAZIK podeleni na TRI RELIGII site bevme svedoci sto se slucuva tamo so vekovi.Pa zemite pouka od starite sto rekle SO EDEN GAS-ZADNIK NE SE SEDI NA DVA STOLA mozda bile vo pravo . |
|
|
|
|
|
|
Од: dedo dimo |
Датум: 22.02.2011 03:43:01 |
|
Vo Republika Makedonija ima mnogu zlostorni politichari koj sakaat na eden ili na drug nachin da i nanesat shteta na Makedonskata drzava .Edno e sigurno i pravilno ,sekoj chovek shto zivee vo republika Makedonija treba da se oseka Makedonec ,zatoa shto e zitel na ovaaa zemja a Religijata si e religija i taa ne treba da se mesha vo POLITIKA .Sekoj ima pravo da veruva vo koja religija ,toj se oseka ,Ako chovekot e musliman katolik ili prvoslaven ili od bilo koja druga religija toa ne znachi deka toj ne e Makedonec. Otvoretegi ochite i ke vidite deka po cel svet e isto ne e vazno koja religija ti e praktikuvash ali vo koja drzava ziveesh i toa i si .Vo USA ima nad 100 razlichni religii a toa ne znachi deka tie ne se YANKY ,odnosno ziteli na USA. |
|
|
|
|
|
|
|
|