Нов Зеланд
Најмалку 65 загинати во земјотрес
22.02.2011, 10:04
Најмалку 65 луѓе загинаа во силен земјотрес што го погоди градот Крајстчарч во Нов Зеланд, изјави премиерот Џон Кеј. Тој додаде дека се очекува цифрата на загинати да се зголеми.
Земјотрес со интензитет од 6,3 степени по Рихтер го погоди градот. Епицентарот бил на пет километри од Крајстчарч. Регистрирани се и неколку последователни потреси од кој најсилниот бил со интензитет од 5,6 степени.
Градоначалникот објави вонредна состојба и нареди луѓето во центарот на градот да бидат евакуирани. Во градот се испратени армиски единици за укажување помош.
Во градот живеат околу 340 илјади луѓе и се наоѓа на Јужниот Остров кој во септември беше погоден од земјотрес со интензитет од седум степени по Рихтеровата скала. Тогаш беа причинети само материјални штети.
|