Број 3512  понеделник, 21 февруари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Грците со контраудар за гевгелискиот „Лас Вегас“

Грчките казина воведуваат турнири во покер за да ги вратат своите коцкари во земјата

Атина - Грчките казина почнуваат со нови тактики и воведување покер игри со цел да ги вратат назад грчките коцкари кои ги преферираат казината во Гевгелија. Главен ас во стратегиската игра им е воведувањето турнири за „Тексас холдем“, игра која до неодамна беше нелегална за казината во Грција. Како што пренесува грчкиот весник „То вима“, казината во Грција едно по едно почнуваат да организираат турнири во покер за „Тексас холдем“, со што им парираат на големите казина на македонско-грчката граница, но на тој начин се обидуваат и поагресивно да го промовираат покер-туризмот во Грција.

Еден кипарски студент од Солун, кој најмалку два пати неделно доаѓал во Гевгелија, во изјава за весникот „То вима“ вели дека до скоро заедно со голем дел од грчките граѓани кои се наклонети кон играње „Тексас холдем“ ги имале само гевгелиските казина како опција за играње. Сепак, како што забележува тој, покрај страсните играчи во комбињата што заминуваат од Солун за Гевгелија, неретко може да се најдат и такви што сакаат само да ги искористат бесплатните бенефити кои гевгелиските казина им ги нудат на играчите.

Еден од организаторите на турнирите во покер во казната во Гевгелија, која за Грците веќе е етаблирана како балкански Лас Вегас, вели дека интересот е огромен за „Тексас холдем“ покер меѓу грчките граѓани. Причината за тоа е големата популарност на играта, пред се', кај помладите поради нејзината експанзија на Интернет. Организаторот од гевгелиското казино, кој не е именуван, истакнува дека никогаш немале проблем да организираат тури од Солун за турнирите во „Тексас холдем“ во Гевгелија.

Меѓутоа, токму оваа популарна игра, која до неодамна ја имаа ексклузивно нашите казина, со воведувањето во грчките може да биде причина Гевгелија потенцијално да изгуби дел од играчите. Според „То вима“, грчките казина од неодамна успеале да издејствуваат дозвола за организаирање турнири во „Техсас холдем“, со што се обидуваат да вратат назад голем дел од граѓаните што ја одбираат Гевгелија пред казината во Солун. Прво казино кое вовело турнири во „Тексас холдем“ во Грција е познатото казино во Лутраки, град на само 40 минути од Атина, а неговиот пример го следат и казината во Солун, Родос и Панрнита. Јоргос Теофанопулос, коментатор за телевизиските турнири во покер, во интервју за весникот „То вима“ забележува дека турнирите во живо во грчките казина започнуваат да заживуваат и се надева дека во иднина работите ќе одат уште подобро, бидејќи во Грција сега се создава маса од играчи кои ги учат триковите на „Тексас холдем“. Втор фактор за зголемување на играчите во казината е возраста на оние кои сега се најмногу активни за овој вид покер, односно младите од 18 години, кои ќе мора да почекаат и да наполнат 23 години за да може легално да играат во грчките казина.

Сепак и покрај воведувањето нови игри во грчките казина, долгогодишниот одличен однос спрема клиентите и големиот број бесплатни услуги што им се нудат на играчите, како што се бесплатна храна, забава и ноќевање, се причина што голем дел од нив се' уште се одлучуваат неколкупати во неделата да патуваат до Гевгелија. Гевгелиските казина се' уште нудат голем дијапазон на игри што ги нема во грчките, како што е, на пример, „Омаха покер“, кој според играчите нуди и поголеми шанси за победа и парични добивки од „Тексас холдем“.

Покер-туризмот од кој добро се живее во Гевгелија е следна цел за која размислуваат сопствениците на грчките казина. Во интервју за „То вима“, менаџерот на казиното во Лутраки вели дека планираат организирање европски турнир во покер наесен со околу 2.000 меѓународни играчи, што заедно со останатите играчи во тој период може значително да придонесе за зголемени приходи од ноќевања во хотели, ресторани, купување сувенири во период надвор од туристичката сезона. (М.П.)


#
Статијата е прочитана 3558 пати.

Испрати коментар

Од: jug
Датум: 21.02.2011 14:08:11
Site novinari Gevgelija go poistovetuveta so balknaski Las Vegas no taa pridavka ne mu odgovara. Dosega 20 godini site vladi gledaa ovaa indutsrija kako da ja opteretat so sto pogolemi davacki. I so poslledniot zakon za igri na sreka stotuku donesen samo davacktie na pausalite se pokacija op masina za 50 evra. Sekogas politicarite nosat zakon da go optereti biznisot i da nema razvojna komponenta. Zatoa Gevgelija ne e grad na svetlina(las vegas) tuku grad na temnica.Grad samo so dva supermarketi i dva kafica . Grad so pazarisen prostor od 300m2. A zamislete posetenosta e realno od Grci golema. Vtora glupost za Gevgelija e zatvaranjeto na freesopoivte. Da te posetat za vikend 10 do 15 iljadi gosti stranci a freesoopvite so godini zatvoreni. Bravo. Imase realni sansi mojot grad da bide balkanski Las Vegas no politikata go zakopa.Nikoj ne informiraa od novanirite za revoltot na sopstvenicite na kazinata .
Од: Goran-Skopje
Датум: 21.02.2011 16:33:30
Bravo, jug.

Најди! во Утрински
Насловна
Власта генерира криза, a опозицијата потпалува
Тачи со Беља ќе го освојува Скопје
Тиквешански
Либија арапски Тијенанмен
Копенхаген се удави во Вардар
Виси грантот од ЕК за делницата Демир Капија - Смоквица
Шестчасовна музичка ретроспектива
Скриени бранители
Полициски началник загина во стравотна несреќа
Промоција на македонската дива во Загреб
Не сме икебани во Комисијата
Планира трет дел на филмот „Сексот и градот“
Рушење на Македонија
Не викајте ме Торбеш
Револуција на барбарите
Претпладнево со став за предвремени избори
Во Португалија цвета бизнисот со стара облека
Запад и Блискиот Исток
Откажана Ф1 трката во Бахреин
„Златна мечка“ за иранскиот „Надер и Симин“
Поделени критиките за Манчевски и во Берлин
Можно е враќање на визите за Западен Балкан
Крв на улиците, Гадафи се појави на ТВ
Стил
Најмалку 65 загинати во земјотрес
СДСМ прифаќа избори ако се исполнат услови