Број 3512  понеделник, 21 февруари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Поглед

Скриени бранители

Билјана Ангеловска

„Македонските бранители“ од 2001 година останаа скриени. Нивното доаѓање од Загреб не беше како што заслужуваат и онака како што се бореа, храбро и отворено, не криејќи се зад грмушките на Шара. Овој пат бранителите стигнаа инкогнито, во најголема тајност (а можеби намерата беше да биде во дискреција!) Споменикот на бранителите директно од загрепската леарница се најде во магацин. И ќе остане таму додека не дојде погоден моментот да биде изложен пред очите на граѓаните. Онака, како што му личи на едно спомен-обележје кое треба да биде симбол на изгубени животи. Но, споменикот, а уште помалку оние чија жртва би требало да ја симболизира уметничкото дело, не го заслужуваат тоа. Да зеленее во влажни хангари додека да го види светлината на денот. Да чека да се смират коалициските партнери во власта, да ги надминат недоразбирањата, да ги смират тензиите. Тогаш ќе бил вистинскиот момент. Дури тогаш ќе можело да се постави споменикот, а никој да не се чувствува навреден, омаловажен, обесправен.

Покрај толку многу спомени��и, згради, барок, обележјето на бранителите е најнеспорно. Државата им изгради паметник за да им се заблагодари за храброста. Но, се сопна на последниот чекор, токму кога требаше да го постави споменикот. За да има мир во бракот, попушти посилниот „партнер“. Повторно грижејќи се само за сопствените интереси, лицемерно потклекна под заканата на „послабиот“, кој по којзнае кој пат покажа дека, сепак, има доволно сила да го раскине бракот секогаш кога ќе посака.

Македонските бранители уште еднаш се почувствуваа изиграни. И оние што ги дадоа своите животи и нивните најблиски, но и оние што останаа на живо да сведочат за конфликтот во 2001.


#
Статијата е прочитана 1610 пати.

Испрати коментар

Од: pero magacinero
Датум: 21.02.2011 12:47:00
vazno e da se izgradi spomenik od vremeto na vojnata 2001 ili kako nekoj sto go narekuvaat Bunt a drugi gragjanska vojna,treti borba za covecki prava,cetrvrti borba za golema skipnija-albanija ,a pak jas velam bese vojna za rasturanje na drzavata makedonija od predhodno napraveniot dogovor pomegu lubco i dzaferi vo rezija na nato,neka ima spomenik na podsetuvanje na ovie nemili nastani da znae makedonskiot narod deka onie sto se prikazuva za golemi patrioti vsusnost bea najgolemite predavnici na tatkovinata
Од: Itar Pejo Magacinero
Датум: 21.02.2011 15:27:55
Sporecd Pero Magacinero "pak jas velam bese vojna za rasturanje na drzavata makedonija" Ama toa ne se sluci zatoa sto branitelite izvojuvaa pobeda a sto se odnesuva do protivnicite, nekoi izginaa, nekoi gnijat po zatvori a nekoi pobegnaa vo stranstvo. Taka ?
Од: Nake Tufekciev
Датум: 21.02.2011 21:01:46
Sega zlocincite dobija amnestija ,rabotni mesta na koi ne treba da odat a zimaat plata, a pravite borci sto se borea za Makedonija se obespraveni
Од: bale
Датум: 21.02.2011 21:56:37
Konstatacijata na avtorot e tocna vo potpolnost...... jas mislam deka tie siroti braniteli zaginaa a da ne znaat zosto ginat....... ama si mislam kaj ke go skrijat Ace Golemiot????? Podobro da im go podarat na sredniot Istok kade sto se odigrala bitkata kaj Gargamel????
Од: Pero Svalero
Датум: 22.02.2011 00:52:30
Tie sto sakaa da ja rasturat Makedonija ne uspeaja i potpisaa bezuslovna kapitulacija so Ramkovniot dogovor so koj sto im se ispolnija (skoro) site nivni baranja. Rasturanjeto na Makedonija i go ostavija vo amanet na edna druga politicka partija.
Од: Исмет
Датум: 22.02.2011 08:29:56
Па ако се сеќавате и ГРУЈЕВСКИ даваше збор дека со терористи нема да седам и да направи коалиција па еве нај доби пријатели станаа со ахмети па нека каже некој грујевски каде беше кога избувна војна шо се прави патриота лажен не лаже со неговата алчност во Македонија патриотизмот е парата никој не мисли за иднината на нашите деца луге доста од патриотизам.Треба да живееме заедно доста не лажат политичарите од нивните лаги преку глава поздрав МАКЕДОНИЈО

Најди! во Утрински
Насловна
Власта генерира криза, a опозицијата потпалува
Тачи со Беља ќе го освојува Скопје
Тиквешански
Либија арапски Тијенанмен
Копенхаген се удави во Вардар
Виси грантот од ЕК за делницата Демир Капија - Смоквица
Шестчасовна музичка ретроспектива
Полициски началник загина во стравотна несреќа
Промоција на македонската дива во Загреб
Не сме икебани во Комисијата
Планира трет дел на филмот „Сексот и градот“
Рушење на Македон��ја
Не викајте ме Торбеш
Револуција на барбарите
Претпладнево со став за предвремени избори
Во Португалија цвета бизнисот со стара облека
Запад и Блискиот Исток
Откажана Ф1 трката во Бахреин
„Златна мечка“ за иранскиот „Надер и Симин“
Поделени критиките за Манчевски и во Берлин
Можно е враќање на визите за Западен Балкан
Грците со контраудар за гевгелискиот „Лас Вегас“
Крв на улиците, Гадафи се појави на ТВ
Стил
Најмалку 65 загинати во земјотрес
СДСМ прифаќа избори ако се исполнат услови