Број 3512  понеделник, 21 февруари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Копенхаген се удави во Вардар

Црвено-црните ракометари триумфираа со 33:20 против данскиот тим во првиот осмина-финален меч во КПК

Сашко Ѓ. Димовски

Вардар про си обезбеди рутински реванш во Данска наредниот викенд против составот на Копенхаген во осминафиналната фаза во КПК. Во воведните 60 минути од двомечот црвено-црните славеа со убедливи 33:20 (полувреме 12:8). Прв стрелец во саботата во СРЦ „Кале“ беше Грбовиќ со 9 гола (9/9), Резничек погоди шест пати, одлична вечер на голот имаше Борко Ристовски со 15 интервенции. Најефикасен во данскиот тим беше Кох-Хансен со 6 погодоци.

„Да, да, може да ја анулираме негативата во реваншот. Во Данска имаме други ракометари“, во шега изјави гостинскиот играч Хамер кој постигна два гола.

Но, и покрај убедливата победа, вардарци не сакаат уште отсега да се видат во четврт-финалето иако разликата во квалитет во моментот беше повеќе од очигледна. Од прв момент го презедоа водството, направија плус 3 (3:0) додека противникот се мачеше да го пронајде патот до противничката мрежа (Копенхаген беше без гол во стартните 7:30 минути) и до одморот воглавно ја одржуваа таа дистанца.

„Игравме против многу силна одбрана и добар голман кој со своите одбрани ги дополнително ги мотивираше колегите. Кога би имале пари, би го купиле. Голманот на Вардар заврши голема работа“, беше коментарот на гостинскиот тренер, Кристијан Кристенсен.

„Формацијата 3-2-1 не' одржуваше во игра во првиот дел, но во вториот не. Паднавме физички, немавме сила, па моравме да се трансформираме во 6-0“, дополни Кристенсен.

Вардар про одигра храбро, одигра со срце, оствари добар резултат, но има уште работи за брусење во овој состав. Го призна тоа и самиот тренер Перо Милошевиќ по натпреварот.

„Уште многу треба да се работи за да го добијам оној Вардар про што го посакувам“, рече црногорскиот стручњак на вардаровата клупа и продожи:

„Физички сме добро подготвени, силни сме, долг временски период се фокусиравме и работевме за мечевите со Копенхаген. Вечерва се покажавме во добро светло и во одбрана и пред се во напад. Од почетокот обезбедивме предност што постепено ја градевме во текот на 60 минути. Во три-четири ситуации поентиравме и со играч помалку на теренот што е за поздравување. Меѓутоа без оглед на резултатот, одиме и во Данска да играме ракомет, нема да патуваме туристички“.

Вардар про - Копенхаген 33:20

Полувреме: 12:8. Спортска сала: СРЦ „Кале“. Гледачи: 1.600. Судии: Холгер Флеиш и Јирген Рибер од Германија. Седмерци: Вардар про - 3/4, Копенхаген - 2/2. Исклучувања: Вардар про - 8 минути, Копенхаген - 8 минути. Технички грешки: Вардар про - 12, Копенхаген - 13.

Вардар про: Даскаловски, Ристовски (15 одбрани), Грбовиќ 9 (9/9), Н. Маркоски 3 (3/3), Пецаковски, Суџум 1 (1/1), Пејовиќ 1 (1/1), Кукоски, Продановиќ 5 (4/5 од игра, 1/1 од 7 м.), Надовеза 4 (3/7 од игра, 1/2 од 7 м.), Јокиќ, Чурувија 4 (3/4 од игра, 1/2 од 7 м.), Резничек 6 (6/10), Маркичевиќ (0/1), Чантурија, Цаневски. Тренер: Перо Милошевиќ.

Копенхаген: Јакобсен ( 6 одбрани), Педерсен, Кнутзон 1 (1/1), Кох-Хансен 6 (6/11), Андерсен (0/3), Хамер 2 (0/1 од игра, 2/2 од 7 м.), Абрахамсен 2 (2/2), Хансен, Кристенсен 3 (3/6), Олсен (0/2), Поулсен 2 (2/4), Кнудсен 4 (4/5). Тренер: Кристијан Кристенсен.


#
Статијата е прочитана 1069 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Власта генерира криза, a опозицијата потпалува
Тачи со Беља ќе го освојува Скопје
Тиквешански
Либија арапски Тијенанмен
Виси грантот од ЕК за делницата Демир Капија - Смоквица
Шестчасовна музичка ретроспектива
Скриени бранители
Полициски началник загина во стравотна несреќа
Промоција на македонската дива во Загреб
Не сме икебани во Комисијата
Планира трет дел на филмот „Сексот и градот“
Рушење на Македонија
Не викајте ме Торбеш
Револуција на барбарите
Претпладнево со став за предвремени избори
Во Португалија цвета бизнисот со стара облека
Запад и Блискиот Исток
Откажана Ф1 трката во Бахреин
„Златна мечка“ за иранскиот „Надер и Симин“
Поделени критиките за Манчевски и во Берлин
Можно е враќање на визите за Западен Балкан
Грците со контраудар за гевгелискиот „Лас Вегас“
Крв на улиците, Гадафи се појави на ТВ
Стил
Најмалку 65 загинати во земјотрес
СДСМ прифаќа избори ако се исполнат услови