Број 3512  понеделник, 21 февруари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

МЕРИДИЈАНИ

Запад и Блискиот Исток

Даниел Корски и Бен Јуда

Пред два века пристигнувањето на Наполеон во Египет го најавило доаѓањето на современиот Блиски Исток. Сега, речиси 90 години по пропаѓањето на Отоманското Царство, 50 години по колонијализмот и осум години откако почна ирачката војна, револуционерните протести во Каиро укажуваат дека можеби во е тек уште една промена. Трите столба на кои беше изградено западното влијание на Блискиот Исток - силно воено присуство, комерцијални врски и низа држави што се зависни од доларот - се уриваат. Како резултат на тоа, Блискиот Исток што ќе се појави во претстојните недели и месеци може да биде потежок за влијание од Запад.

Првиот столб - военото присуство - датира од француската и британската окупација на делови од Отоманското Царство по Првата светска војна и бил зајакнат со воените врски од ерата на студената војна, создадени од САД и од Советскиот Сојуз. Во 1955 година Запад бил доволно силен да ангажира значајна улога на Турција, Ирак, Иран и Пакистан во еден вид западноазиско НАТО, познато како Багдадски пакт. Војната Јом Кипур во 1973 година беше едноставн�� илустрација за западното и советското воено влијание. Египетската армија употребуваше чехословачки ракети со калибар 130 мм, додека сириските „мигови“ се бореа против израелските „скајхоукс“ над Голанската Висорамнина. Но, американското и советското влијание не беше ограничено само на бојното поле. Во поново време воените капацитети во Персискиот Залив ги заштитуваа нафтените резерви на Алијансата од студената војна и ги одвраќаа и баатистичкиот Ирак и Иран на ајатолахот Хомеини, да ги зграбат богатите нафтени извори или да ги задушат маршрутите за извоз. Но, тој воен столб постојано се уништуваше. Прв знак беше неуспехот на операцијата „Орелска канџа“ за спасување за американските заложници во Иран во 1980 година. Друга пукнатина се појави со нападот на Хезболах од 1983 врз касарните на американската морнарица во Бејрут, што предизвика нагло повлекување на САД од Либан. Од инвазијата на Ирак во 2003, американските сили се повлекоа од Саудиска Арабија и открија дека нивната конвенционална воена моќ не секогаш се претвора во влијание на теренот.

Вториот столб на блискоисточната улога на Запад - комерцијалните врски - исто така, беше ослабен. Америка беше суштински трговски партнер за земјите од Заливот, но тоа сега се смени. Во 2009 година Саудиска Арабија извезе 57 отсто од суровата нафта на Далечниот Исток, а само 14 отсто во САД. Реагирајќи на таа фундаментална промена, кралот Абдула водеше политика „да изгледа источно“ од 2005 година, што резултираше со трговија во вредност од над 60 милијарди долари. Таа промена кон исток ја направи Кина поголем трговски партнер отколку САД, и за Катар и за ОАЕ. Речиси една четвртина од трговијата на Катар е со Кина, во споредба со нешто над пет отсто со САД. Исто така, 37 отсто од трговијата на ОАЕ е со Кина, Индија и Јужна Кореја. За многу земји од Блискиот Исток, она што го сака Кина сега е подеднакво важно како и американските интереси.

Конечно, САД веќе немаат низа релативно стабилни клиенти во регионот. Америка веруваше дека големата помош што ја раздаваше на Египет, Израел и Јордан гарантира стабилност и соработка и за прашањата од американски интерес. Тоа функционираше три децении, но сега врската ослабува. Темпото на опаѓање на западното влијание се чини дека се забрза изминатата деценија. Во 2003 година Саудијците јасно ставија до знаење дека веќе не можат да бидат домаќини на американските воени капацитети. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, и во првиот и во вториот мандат, одби да го следи американското сценарио за израелско-палестински мировен процес. И покрај тоа што беше седиште на огромна американска воена база, Катар задржа блиски врски со Сирија и со Иран. На сето тоа сега мора да се додаде бунтот во Египет. Како што се уриваат трите столба на блискоисточната политика на Запад, така се обликува нов Блиски Исток.

(Даниел Корски е виш политички соработник во Европскиот совет за надворешни односи. Бен Јуда е политички соработник во Европскиот совет за надворешни односи. Пишуваат

за „Проект синдикејт“.

„Утрински весник“ е дел

од мрежата на „Проект синдикејт“)


#
Статијата е прочитана 520 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 21.02.2011 23:03:03
Steta sto 20sete miloini Amerikanski gragani koj se bezdomnici i ziveat po ulicite vo kartonski kutii, nemaat kompjuteri pod kartonite pa da dignat i oni"fejsbuk"revolucija za prava, sloboda i dostoinstvo.Nego Amerika znae deka"glavnata" revolucija za sloboda i demokratija se sprema tokmu tamu kaj niv,pa kupuvaat vreme i gi potiknuvaat razedinetite Arapi da se buntuvaat za da posle polesno im vlezat i gi opljackaat.So severna Korea ne im uspea,so Kina tesko im odi, Rusija se oporavuva, Latinska Amerika se budi, pa im ostanaa za manipuliranje uste Arapite(i nie ovde),pa ova im e"zadnja sansa"da predizvikaat haos koj ke go otrgni vnimanieto od nivnoto slabeenje,pa i propaganje.No prikaskata im e procitana,pa kolku lesno ke projdat ke vidime.Ova moze da im bide dobitna kombinacija so Arapive,ama moze da im bide i totalen kolaps.No zagrizuvacki e sto i svetot veke dobiva poinakvi dimenzii.Nema da se sopre samo so Arapite.

Најди! во Утрински
Насловна
Власта генерира криза, a опозицијата потпалува
Тачи со Беља ќе го освојува Скопје
Тиквешански
Либија арапски Тијенанмен
Копенхаген се удави во Вардар
Виси грантот од ЕК за делницата Демир Капија - Смоквица
Шестчасовна музичка ретроспектива
Скриени бранители
Полициски началник загина во стравотна несреќа
Промоција на македонската дива во Загреб
Не сме икебани во Комисијата
Планира трет дел на филмот „Сексот и градот“
Рушење на Македонија
Не викајте ме Торбеш
Револуција на барбарите
Претпладнево со став за предвремени избори
Во Португалија цвета бизнисот со стара облека
Откажана Ф1 трката во Бахреин
„Златна мечка“ за иранскиот „Надер и Симин“
Поделени критиките за Манчевски и во Берлин
Можно е враќање на визите за Западен Балкан
Грците со контраудар за гевгелискиот „Лас Вегас“
Крв на улиците, Гадафи се појави на ТВ
Стил
Најмалку 65 загинати во земјотрес
СДСМ прифаќа избори ако се исполнат услови