Број 3512  понеделник, 21 февруари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Либија арапски Тијенанмен

Прогнозите за бројот на мртвите се движат од десетици до триста

КАИРО - Либиските демонстранти дадоа отпор на жестоките мерки од режимот на Моамер Гадафи, упатувајќи се на плоштадот во Бенгази за да побараат соборување на долгогодишниот владетел Гадафи. Неколку стотици демонстранти се собраа вчера изутрина пред зградата на судот по денот на крвави протести во кои либиските сили отворија оган кон луѓето што заминаа од погреб поради протестите.

Неколку часа по нападот, медицински извор јави дека загинале најмалку 15 лица, но Мохамед Абдула, член на Либискиот фронт за спас со седиште во Дубаи, јави дека билансот на жртвите би можел да биде многу повисок. Тој цитираше болнички извори од Бенгази според кои бројот на загинатите би можел да достигне 300. Бројот на убиени и ранети, сепак, е противречен. Ал Џезира првично јави за десетмина загинати, а подоцна за околу 200 загинати и 800 ранети, западни медиуми јавуваат за 77 загинати, а Хјуман рајтс воч за најмалку 100 жртви во протестите во Либија.

Според изјави на очевидците, група од специјални сили, странски платеници и лица ло��ални на Гадафи вооружени со ножеви, „калашникови“, па дури и противавионски проектили, им се спротивставила на демонстрантите.

Добивањето конкретни податоци за шестдневните протести во Либија е тешко, бидејќи новинарите не можат слободно да работат во земјата, која Гадафи цврсто ја контролира 42 години. Информации за безредијата беа објавени преку телефонски разговори, како и видеоснимки и пораки на онлајн-мрежата, и преку опозициските активисти во егзил. Онлајн-услугите биле прекинати околу 2 часот по локално време во саботата, но биле обновени со намалено темпо неколку часа подоцна, а потоа повторно прекинати во текот на ноќта.

Според неколку извори, полицијата во Бенгази првично ги следела наредбите да дејствува против демонстрантите, но подоцна ја сменила страната и им се приклучила, бидејќи тие биле со иста припадност и забележале дека во убиствата учествуваат странски платеници. „Луѓето тука се пркосни и тие се подготвени да умрат“, јави една жена во телефонски разговор од Бенгази. Таа сакаше да остане анонимна поради страв од одмазда, како и другите очевидци.

Ал Џезира објави дека армијата минува на страна на демонстрантите и оти најголем дел од полициските станици се опожарени. Според други западни медиуми, армиски сили се во ровови пред зграда на команден центар во Бенгази, а останатиот дел од градот е слободен.

Очевидец ја потврди информацијата на Ал Џезира дека армијата ги поддржува демонстрантите и оти „народот почна да се бори за секоја улица и ја добива битката“. Си-Ен-Ен, сепак, тврди дека армиски сили лажеле дека се на страна на демонстрантите и откако се доближувале до нив, пукале во луѓето што протестирале.

И на „Јутјуб“ беа поставени инсерти од случувањата во Бенгази. На дел од нив се гледа како се урива бетонски споменик, а на други како демонстранти линчуваат војници. На други инсерти се покажуваат судири меѓу демонстранти и армиски сили.

Протестите, инспирирани од успешните бунтови во Египет и во Тунис, се поттикнати од фрустрациите и гневот поради авторитарното владеење на Гадафи, корупцијата, економските проблеми. Приврзаниците на либискиот бунт, исто така, демонстрираа во саботата во Швајцарија и во Вашингтон, мавтајќи со знамиња и палејќи фотографии на Гадафи. (Асошиетед прес)

 


#
Статијата е прочитана 993 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 21.02.2011 22:52:04
Gadafi od beduini gi napravi luge.Izgradi moderni gradovi so supermoderna infrastruktura, bolnici, skoli, strujata im e skoro besplatna,zdravstvo, skolstvo, gorivoto e so simbolicna cena, dobro se jade i pie, a so obzir na toa i sto ne se mnogu rabotlivi, ziveat solidno za ona sto go srabotuvaat. Sto majka im teknalo preku fejsbuk i tviter da digaat revolucija, ne mi e jasno.Mozebi sakaat demokratija,da lajat kolku sakaat i na kogo sakaat,ama ke go baraat Gadafi,koga ke pocne siromastijata da im zivee vo kartonski kutii.Ke nemaat ni za internet pari,a ne pa za nesto drugo.Togas kako ke digaat revolucija me interesira.Nekoj gadno gi izlazal so prikaskite za zapadnatata demokratija.

Најди! во Утрински
Насловна
Власта генерира криза, a опозицијата потпалува
Тачи со Беља ќе го освојува Скопје
Тиквешански
Копенхаген се удави во Вардар
Виси грантот од ЕК за делницата Демир Капија - Смоквица
Шестчасовна музичка ретроспектива
Скриени бранители
П��лициски началник загина во стравотна несреќа
Промоција на македонската дива во Загреб
Не сме икебани во Комисијата
Планира трет дел на филмот „Сексот и градот“
Рушење на Македонија
Не викајте ме Торбеш
Револуција на барбарите
Претпладнево со став за предвремени избори
Во Португалија цвета бизнисот со стара облека
Запад и Блискиот Исток
Откажана Ф1 трката во Бахреин
„Златна мечка“ за иранскиот „Надер и Симин“
Поделени критиките за Манчевски и во Берлин
Можно е враќање на визите за Западен Балкан
Грците со контраудар за гевгелискиот „Лас Вегас“
Крв на улиците, Гадафи се појави на ТВ
Стил
Најмалку 65 загинати во земјотрес
СДСМ прифаќа избори ако се исполнат услови