Број 3512  понеделник, 21 февруари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Интервју

Власта генерира криза, a опозицијата потпалува

Никола Поповски

Соња Маџовска


Пораките од највисоките државни раководители во Вашингтон стигнаа. Што значат тие?


Пораките од највисоките државни раководители на САД се многу сериозни и би било исклучително несериозно ако се третираат во Македонија како несериозни. Америка не е научена да дава пораки што не се слушаат, особено од држави што не се толку моќни како Македонија. Од нас очекуваат тие пораки да влијаат на односите во Македонија на начин како што тие бараат. Лично очекувам дека многу брзо Владата треба да размисли во врска со тие три работи што беа соопштение за состојбите во судството, со медиумите, со човековите права, со невладиниот сектор и, се разбира, со името. За тоа немаме многу детали, меѓутоа предупредувањата треба да бидат многу сериозно сфатени. Тие би требало да го променат тој дел од животот во Македонија, ако не, Американците ќе се чувствуваат налутени и ќе преземат суптилни мерки за оние што не ги спроведуваат нивните забелешки.



Што очекувате, како ќе се надмине политичка криза?

Политичката криза во Македонија, според мене, ја генерира власта, а другите додаваат сол на таа рана за да боли повеќе. Власта е многу своеглава, бидејќи има огромно мнозинство заедно со коалиционите партнери. На чело на тој процес се неколку луѓе од ВМРО-ДПМНЕ, кои очигледно во политичка смисла се многу тврдоглави и немаат намера со демократски средства да ја раководат Македонија и да се справуваат со опозицијата, туку мислат дека може да ги преземат сите мерки - дозволени и недозволени. На мое искрено жалење, и ДУИ ја прифати таа игра и еден рудиментарен демократски капацитет што постоеше кај нив во зачетокот на таа партија сега го снема целосно. Тие сега можеби се еден вид продолжена рака на ВМРО-ДПМНЕ и на Груевски, кои поради некои лукративни цели молчат и работат заедно со ВМРО-ДПМНЕ. Домашната политичка цена нема капацитет сама да го реши овој проблем без притисок однадвор. Ако притисоците од САД и од ЕУ не дадат плод брзо, тоа значи дека ќе продолжи зголемената политичка тензија во која и опозицијата и власта меѓусебно целосно ќе се негираат и ќе одат на уште поголемо заострување на работите. Секогаш треба да попушта тој што е на власт, тој што е посилен, затоа што зад него стојат и државните органи и треба да води сметка за државата. Во овој случај, не го гледаме тоа.



Се' повеќе се зборува за избори, значи ли тоа дека единствениот излез од оваа криза е нивно побрзо одржување?

Владата е веќе во последната година во својот шестгодишен мандат. Таа веќе изборно се однесува. Не треба да очекуваме никакви нови, крупни и важни чекори. Таа само ќе се обиде да доврши некои од проектите што ги започнала, како што е, на пример, „Скопје 2014“. Ништо друго не треба да очекуваме - ниту политички, ниту економски, ниту надворешнополитички позначајни мерки. Од тој агол гледано, според мене, колку што е можно побрзо избори, толку би било подобро за да се расчисти еднаш целата оваа работа и да се види дали Груевски со својот начин на управување и со ДУИ зад себе ќе продолжи на начин на кој работеше до ега, но со нов легитимитет, што би ја замолчило целосно опозицијата или, пак, ќе се изместат односите кон другата страна и ќе го замолчи него.



Колкави се шансите за промена на политичката сцена?

Знаете, во последниве 15-ина години испитувањето на јавното мислење во светот толку стана вешта и добра алатка во рацете на партиите и јавноста што неизвесноста е мала и многу ретко се случува да се оди на избори, а да не се знае однапред кој ќе ги добие. Сегашните испитувања на јавното мислење и' даваат огромна предност на власта. Можеби таа веќе не е 2:1 или 2,5:1 меѓутоа и 1,6 и 1,8 наспрема 1 е огромна и навестува многу големо и стабилно мнозинство на власта. Опозицијата смета дека овие анкети се неточни. Не би бил многу сигурен во процената дека анкетите се неточни, особено оние анкети на институти во коишто можеме да имаме доверба. Од тој агол, може да се случи на изборите Груевски повторно да добие потврда за својата политика, но со тоа што ќе има помало мнозинство и ќе има уште поголеми проблеми во водењето на политичката дебата во општеството. Меѓутоа, во таков случај, опозицијата ќе мора да го прифати резултатот.



Што ќе значи тоа за СДСМ и за нејзиниот лидер?

Да дадеме еден многу општ, меѓутоа и логичен одговор - дека тоа е прашање на СДСМ и на неговите органи, но мислам дека, за жал, тоа веќе не е прашање на членството на СДСМ. Членството нема да одлучи, при евентуален пораз, што ќе се случува понатаму. Ќе одлучи раководството и тоа е еден од проблемите на СДСМ, што нема автохтона дебата внатре која може политички да ги проценува настаните.



Гледате ли можности за промени на состојбите таму и доколку се случат, би се активирале ли повторно во политиката?

Јас сум член на СДСМ и, еве, да бидам искрен, не само јас, туку и голем број други членови со кои контактирам немаат голема надеж дека состојбите значително може да се подобрат внатре во партијата. Со неа владее еден механизам кој тешко ќе биде сменет.



Политика, избори, меѓуетнички тензии, каде е тука економијата? Дали во ваква ситуација може да се надеваме на странски инвестиции и на економски раст од 3,5 отсто годинава?

Нема добри економски мерки, нема странски директни инвестиции, кои веќе и не треба да ги очекуваме. Мислам дека веќе воопшто не се работи само за економски амбиент. Во Македонија, на пример, не функционира судството, а тоа е ��лучен инструмент за заштита на договорите на странските директни инвеститори во Македонија. Значи, не можете да добиете судски случај во нормална ситуација. Судството е под контрола, долго ги води случаите, не постои заштита на доверителите. Гледајте што се случува во судските постапки со неколку странски инвестиции кои се проблематични, како што е „Сведмилк“. Едноставно, немаме поткрепа за економијата во правниот систем и во судството. Оттука и релативно слаб раст на економијата од само 3,5 отсто станува тешко остварлив.

Кога бевте министер за финансии се обидовте да влезете во фирмите на „Перо Наков“. Сега е повторно актуелен овој случај. Дали за негово расчистување е потребно политичка волја?

За тоа што се случува со т.н. досие „Перо Наков“ не знам повеќе од тоа што го има во медиумите, меѓутоа мислам дека сегашната Влада го користи овој случај за да реши некои други проблеми во врска со поинаквиот пристап во информирањето на граѓаните. Тука веќе одамна не се работи само за можни проблеми од евентуално криминално работење. Ме прашувате за 2005-2006 година. Тогаш имавме поширок инспекциски надзор врз истите овие фирми, кои очигледно постојано се гасат и се раѓаат. Тоа опфаќаше контрола од УЈП и од Пазарната и од Трудовата инспекција. Првичните резултати од инспекциите тогаш покажаа дека има доволно простор и потреба да се направи целосна контрола на работењето. Меѓутоа, инспекциите беа политички спречени во тој момент. Министерството за финансии немаше избор, како и министерствата за економија и за труд и социјална политика со кои заеднички ги вршевме контролите. Тие политички беа спречени да ја продолжат контролата.


#
Статијата е прочитана 3622 пати.

Испрати коментар

Од: smoki
Датум: 21.02.2011 12:15:36
batka se ubavo, ama ajde kaži što može Vlada (bilo koja) da napravi so problemite vo Nezavisnoto sudstvo ?? ..pa ni so Avtonomniot univerzitet nemože da se spravi, eve, će se izglasa zakon tie vednaš ke go osporuvaat na Ustaven sud. A sostojbata e ista vo regionot, edinstveno vo Slovenija vladee nekoj zakon i pravo. No interesno, samo Makedonija e na tapet, ili barem taka se prikažuva ??
Од: Mirjana
Датум: 21.02.2011 12:16:12
Sve sto e kazano e tocno i so mnogu golema tezina. Bez razlika dali na Gruevski, Crvenkovski i nivnite poddrzuvaci toa ke im se dopadne ili ne, ostanuva faktot deka e taka. Samo napred.
Од: Тето
Датум: 21.02.2011 12:25:33
Еј а бе вие имате некој друг да го прашате за состојбите во Македонија или овој можеби е најпаметен во државава. Ако е така да го промениме уставот и да го ставиме за доживотен премиер. Од десет броја негова изјава имате во 7. Катастрофа. Уредник да беше помалку ќе беше застапен.
Од: Трпе
Датум: 21.02.2011 12:28:56
Грешка сте господине Поповски,власта сама ги пали огновите и сама изигрува пожарникар.Секогаш таа прво го загорчува животот на македонскиот народ а потоа изигруват спасители.СДСМ,со вакви членови како вас има повеќе зијан неголи ќар.Но проблемот е многу познат.А како што се однесувате вие и 2006 година на опозицијата и ја предадовте власта во тацна,побрзајте и земете си членска книшка.А тоа дека анкетите биле точни,земете ја анкетата на министерството за образование каде 80% биле за промени на законите во високото образование.А самиот министер кажува дека околу 50% од македонските грагани имат или недовршено основно образование.Какви анкети,какви бакрачи.
Од: bitolaman
Датум: 21.02.2011 13:34:35
bi se soglasil so nikola deka vo sdsm rabotite tesko se menuvaat poradi toj spor i kompliciran vnatrepartiski mehanizam.no....branko MORA edno da znae,deka dokolku pred izborite ne izleze so konkreten kadrovsi potencijal so koj planira da ja vodi drzavata,so ime i prezime ,togas sdsm uste 4 godini ke bide opozicija.nema ni mesto ni vreme za taktiziranje po ovaa prasanje.izborite se mnogu skoro...a kako elektorat ocekuvame da gi doznaeme iminjata so koj sdsm saka da ja zeme vlasta...i sekako vo niv ne treba da se iminjata na nositelite na funkcii od periodot 2002-2006. topkata e kaj branko
Од: Blue fighter: Plukanjeto kako vestina
Датум: 21.02.2011 13:49:16
Ne znam ni zosto voopsto vi e potrebno da kazuvate deka ste clen na SDSM:dali za da bide cuvstvoto za zafrknuvanje na eks-prijatelite pogolemo od statusot na slobodnjak? Poznatiot sindrom na Mirka dlaboko pustil koreni kaj mnogumina,ocigledno i kaj sogovornikov.No,toa sto raboti kaj Bojo,drugarot na Latas,ke ima li posebno znacenje da se locira kritickoto opservatorstvo kako necij tugj benefit ili e samo dovolno da bide "zlocest" decko koj uziva da gi nervira sopartijcite.?Sindromot na napustena ljubovnica kreira pakost,zelba za odmazda,ostar jazik za navredlivi konstatacii i pravenje usluga na protivnicite.Kolku e toa izrazeno vo slucajov,neka kazat i drugi.Jas samo prasuvam:podobro li Vi e posle ovakvi lupinzi i likuvanje na portokalovite za dobienite (ocekuvani) veseli matematiki.Ke ve demantira realnosta,bidete uvereni i podgotvete se da goltnete tesko koga ke slusnete deka SDSM pobedil na pedvremenite izbori.Toa e nezibezno,no i neophodno za da opstoime kako narod i drzava.
Од: mark
Датум: 21.02.2011 13:50:55
Kole ne se pravi golem analiticar pa aj setise kako bese koga ti bese vo vrvot na SDSM do tebe spasov i nekolku drugi nemozevme da se priblizime iskreno da ti kazam jas kako clen za ovie dve godini sum imal poveke sredbi i razgovori so Gordan,Petrov Stevce i dr nego so tebe i spasov vo izminatite godini potocno do 2008 g.A sega dali se plasis posto kolku znam si kaj Bojo toa neznam no znam deka prv igrac na toj istiot mue Latas.
Од: jovan
Датум: 21.02.2011 14:10:24
Pred se Makedonija treba da se reformira poradi sebe a ne poradi"nervozata" na America.Sudstvoto treba da sudi i postapuva spored Zakonite,pravilata,pa i poradi samata pravda.Sudii i sudstvo koe odi po mislenje vo partiskite stabovi e daleku od Sudstvo,a tokmu takva e sega situacijata vo drzavava.So eden zbor ovde Zakoni i pravila se uste ne vazat za mnogumina,a i mnogu Zakoni i pravila se nosat isklucivo za potrebite na odredeni grupi,a potoa za drugite ne vazat.Nikola Popovski e isklucitelno korektna licnost i kako covek i kako politicar,no za zal takvi ne se potrebni ovde,nitu na Vlasta a nitu pa vo opozicija(pogotovo ovaa nasava koja ima zadaca da glumi opozicija).No poleka,poleka Makedonija ke mora da gi sobira lugeto koj ke ponudat nesto razlicno od ovaa prikrijena koaliciona vlada-opozicija,i konecno da se"otvorat"kartite.Dosta e od vladeenjeto na kriminalnoto podzemje.
Од: pola VE pola BT
Датум: 21.02.2011 14:22:08
Od vaseto intervju zaklucuvam deka ne ste bas vo dobri odnosi so maticnata partija i se nadevam deka toa mnogu brzo ke go resite bidejki lugje kako vas i trebaat na ovaa zemja .No na edno ne mozam da se iznacudam-pokraj tolku unisteni zemjodelci i stocari,partizirani site institucii porast na nevrabotenost i red drugi anomalii koi ni se slucuvaat ke mu veruvame na anketite.Ne ocekuvam deka site tie ke glasaat za SDSM no sigurno nema da glasaat za VMRO.Ostanuva da vidime
Од: Дана
Датум: 21.02.2011 14:40:06
Од човек кој бојува и не можеш многу да очекуваш... Никогаш со искрен одговор, само жал за старите времиња кога ја креираше политиката. секогаш може да се извлечат две-три точки на кои можеш да ја потпреш тезата дека никој не чини и тоа е... Опозицијата ставала сол на рана... Ако опозицијата молчи, не чини... Ако соли, не чини... Се си мисам дека опозицијата ќе почне да чини ако г-динот Поповски стане битна фигура во СДСМ. Ама, со оглед на тоа што не го играат, мисли дека има право да се лути... И нека се лути... Ама мислам дека ВЕЌЕ не е релевантен за критичар, зошто едноставно е само КРИТИЗЕР...
Од: Aleksandar
Датум: 21.02.2011 15:22:37
Site poranesni politicari se pravat umni i golemi analiticari a nikoj ne zboruva kako da se namali nevrabotenosta ili da se donese investicija domasna ili stranska za mladite da rabotat vo svojata zemja a ne da zaminuvaat vo stranstvo kako so trgnalo uste malko ke nema luge koj da ve cita i slusa
Од: bitola
Датум: 21.02.2011 15:23:02
ne treba da se pojavuvas a ne izjavi da davas od tebe i takvi kako tebe gi izgubivme izborite 2006 pa sega se drznuvas da komentiras sto bi bilo samo vo bitola ostavi bez resenie eden ogromen broj na luge ama tebe ti e lesno clen na sdsm smesno
Од: trajce mk
Датум: 21.02.2011 15:38:36
Nikola , ke ti se nalutat simpatizerite i clenovite na SDSM, tie za sebe imaat pretstava deka se sovrseni i ne im trebaat iskreni i dokazani kadri kako tebe.Istite se nadevgaat deka ke dojdat na vlast i uste sega se opieni od slava i poni so sebe zaboravajki deka treba da se ponudi programa .
Од: bitola troa skolovan
Датум: 21.02.2011 16:59:43
Vo svetot politicarite koi zaminale od politickata scena ne gi imaat za eksperti za aktuelnata politicka sostojba tuku sekoj vo svojata fela si e ili ne /vo zavisnost kako si zaminal od vlast/ ekspert.Ova ne go pisuvam za da navredam tuku za da se ostavi na novite pol.sili da ja vodat rabotata oti dosta ni e od generali posle vojna. Reformi ne se pravat so stari igraci.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 21.02.2011 17:51:56
Никој не го коментира последниот дел од интервјуто оти по се изгледа ставот на г-дин Поповски ги затече неспремни.Значи и пред тоа постое��е докази за криминогеноста на смоки медиумскиот могул но нсе знае кој тоа дозволи да се одвива неказнето,тоа е истиот условувач на предвремените избори.Сите се сеќаваме на снимките на тв кога могулот неказнето влечеше даночен испектор и сето тоа помина.И од тука е бесот на опозициските коментатори тука кон г-дин Поповски.
Од: Milan
Датум: 21.02.2011 19:54:33
Ovoj e najgolemiot vinovnik sto SDSM gi zagubi izborite vo 2006 godina
Од: trajce
Датум: 21.02.2011 20:21:00
На политичките прашања сдсм-овски т.е. без факти односно лошо а на прашањата каде што неможете да бегате од фактите покажувате храброст и сте реални.Уште да покажете храброст отворено да му се спротивставите на тој тесен круг од врвот за да се реорганизира СДСМ која всушност и е потребна на Македонија а не заради вас или билој друг.
Од: Matna voda
Датум: 21.02.2011 20:59:11
Nezavisno od toa kade momentalno bil vraboten Nikola , mislam deka bese eden od podobrirte ministri za ekonomija i kolku se secavam ostavi polna kasa vo drzavata. Inakum morame da se soglasime , nezavisno od somnevanjata vo anketite, deka sepak VMRO vodo so minimum 1,5:1 vo odnos na SDSM. Znaci i pole izborite ce ima najmnogu pratenici, ( mozebi ne tolkavo mnozinstvo kako sega). So toa msostojbata vo Makedonija uste povece ce se vzesti., a ne sum siguren deka BC ce go odrzi vetuvanjeto deka vo slucaj na poraz ce se " penzionira" od politikata. Se na se, " matna voda"
Од: Bitolcanki
Датум: 21.02.2011 21:32:44
Dosta ni e od Nikolcovci-nepismeni!!
Од: aman
Датум: 21.02.2011 21:43:44
G-dinot Popovski nema kredibilitet da zboruva vo imeto na Sdsm zatoa sto rabotodavacot mu e Bojo Andrevski, sopstvenik na vesnikot "vecer", na "evropskiot univerzitet" i koalicionen partner na onie na vrvot.
Од: Od Zapad
Датум: 21.02.2011 23:26:18
Nikola bravo za hrabrosta sto ja imas direktno da kazes za sostojbite vo vasata partija i glavniot boss. Branko si veli vaka: Nasite clenovi + albanskite glasaci - Gruevski pagja. Mozebi, neznaeme. No ako tioj misli deka ke izleze so istata nomenklatura od svoi deca kukli i pioni kako Zaev, i drugite.....SDSM ke bide jalova opozicija uste za 4 godini. Garant.
Од: vasco beleski
Датум: 21.02.2011 23:44:33
se sekavam koga uste na vremeto go izucuvavme makednskiot ucevme u za epitet a imase i banalen epitet e toe e ova dami i gospoda intervjuto na g-not ex minister za financii e nisto poveke nego banalen epitet, znaci vaka koga bil toj minister imalo osnova za da se napravi temelna kontrola na firmite na pero nakov ama tie bile politicki spreceni ...pa posle dodava segasnava vlada napravila temelna kontorla ama toa go koristela za drugi celi...e sega vaka: pokraj banalen epitet imame nie vo makednskiov i izraz drapaj si madinja....ma sto zboruvateg-ne.... ovaa vlada se resi da mu stavi kraj na kriminalot a toa nikoj od vas ne saka da go priznae toa e toa g-da a mozebi se odi do tamu da se odmotuva klopceto vo koe e zamotana nekoja nevidena tajna na penzionerot crvenkovski..i toa e pricinata zsoto crvenkovski go zastituva kriminalot..utrisnki ti blagodaram za prostorot sto mi go odstapivte......
Од: lesmando
Датум: 22.02.2011 07:51:14
Tekstov e malku cuden od poveke aspekti. Popovski stalno se obiduva da zboruva visokostrucno za ekonomski problemi a ovde pravi koktel od politicki (poveke) i ekonomski (pomalku) problemi. Mnogu prasanja se mozni da se postavat na misnister sto sega ni kazuva nesto za A1 ama vo stilot: sakam recam-neznam kazam. Ne se sekavam da ne "pocasti" kako minister vo toa vreme so objasnuvanje za makite sto gi imal so rascistuvanjeto so A1! Za ministerot za finansii, finansiski problem ne moze i ne smee da bide politicki. Ako bilo taka, daj ponudi se na organite sto pored drugoto treba da ja procenat i tvojata odgovornost, zasto ako si ja brkase rabotata kako treba sega se' ke bese poinaku. I ne slusnav kako bese sostojbata vo drugite televizii togas??? !!! Jas ne go sakam Branko, ama ti kako da go mrazis?
Од: clen na sdsm
Датум: 22.02.2011 08:45:54
zosto sekogas mnogu ''smeta''slobodoumno razmisluvanje,zarem nikoj ne treba da ima svoj stav.ako treba se da bide kako ''branko kaze',togas neka kaze sto ke bide so sdsm dokolku gi izgubi izborite.nieden lider ne smee da bide ''pogolem''od partijata ,oko sakame da ni opstane partijata,zosto kako trgnalo ke nema ni vlast ni partija?????????

Најди! во Утрински
Насловна
Тачи со Беља ќе го освојува Скопје
Тиквешански
Либија арапски Тијенанмен
Копенхаген се удави во Вардар
Виси грантот од ЕК за делницата Демир Капија - Смоквица
Шестчасовна музичка ретроспектива
Скриени бранители
Полициски началник загина во стравотна несреќа
Промоција на македонската дива во Загреб
Не сме икебани во Комисијата
Планира трет дел на филмот „Сексот и градот“
Рушење на Македонија
Не викајте ме Торбеш
Револуција на барбарите
Претпладнево со став за предвремени избори
Во Португалија цвета бизнисот со стара облека
Запад и Блискиот Исток
Откажана Ф1 трката во Бахреин
„Златна мечка“ за иранскиот „Надер и Симин“
Поделени критиките за Манчевски и во Берлин
Можно е враќање на визите за Западен Балкан
Грците со контраудар за гевгелискиот „Лас Вегас“
Крв на улиците, Гадафи се појави на ТВ
Стил
Најмалку 65 загинати во земјотрес
СДСМ прифаќа избори ако се исполнат услови