Број 3512  понеделник, 21 февруари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Мислења

Револуција на барбарите

Артан Садику

Ние, Албанците и Македонците, го чекаме барбаринот Годо. Кога спасот се очекува однадвор, тоа укажува на бесмисленоста на нашето постоење

Погрешните идеи за демократијата ја водат демократијата на погрешен пат. Демократските вредности денес доаѓаат од Исток, не од Запад. Арапските револуционерни движења го универзализираа барањето за слобода, правда и еднаквост. Ова демократско барање денес е под закана да биде корумпирано од страна на националистичкото барање во предикаментот на нашата демократија во Македонија.

Секој вид владеење има потреба за непријатели за да го озакони неговото постоење преку плашење на народот. Американскиот народ го плашат со исламскиот тероризам, европскиот со опасноста од имигрантите, а балканските народи со соседите. Ние, кои сме повеќе од еден „народ“ во една држава стануваме едни за други - барбари. Трагикомедија во два чина. Формата преку која политичката класа во Македонија се одржува во живот е токму преку репродуцирање на националистичкиот фетиш. Преку овој фетиш партиите се спротивставуваат едни на други, претендираат да го претставуваат нивниот дел од народот во судирот со другата етничка класа, додека заедно владеат.

Македонија како држава го потиснува народот под преттекстот на градење на нацијата, на сличен начин како што и Косово го прави тоа, под преттекстот на градење на државата. Градењето на државниот национализам во Македонија се прави само поради тоа што тој овозможува профитирање на стотици милиони евра преку криминални градби. Овој државен национализам им овозможува на албанските партии градење на нивното спротивставување преку кое тие се одржуваат на власт. Повеќе од посакуван, овој македонски државен национализам е потребен за албанските партии, затоа тие и гласаа за овој проект. Луѓето на улица се претвараат во заемни барбари, бидејќи политичката класа има потреба за нивниот барабаризам. Другата страна, непријателот, барбаринот, тој е проблемот, а со тоа тој е и решението. Кавафи, по пронаоѓањето дека расипувањето на секоја цивилизација доаѓа однатре, на крајот на неговата поезија прашува: „Што ќе правиме сега без барбарите? На некој начин овие луѓе беа решението“.

Останувајќи народ зависен од политичката класа, ние стануваме зависни од нашата самоизмама за да не' штити од преземањето на одговорноста за самите себе. Ние, Албанците и Македонците, го чекаме барбаринот Годо. Кога спасот се очекува однадвор, тоа укажува на бесмисленоста на нашето постоење. Наместо да се построиме по мерка на народното египетско солидаризирање, ние доживуваме онтолошка дислокација во однос на универзалното барање за слобода и правда. Албанците и Македонците одеднаш се пронаоѓаат себеси фрлени во еден свет на значења или на дискурс за кој имаат малку избор или воопшто немаат. Светот на национализмот е еден таков ирационален свет, митски и шпекулативен, без многу можности за избор, без многу прашања и сомневања. Спроти слободата и правдата онтолошки стои национализмот.

Преземањето на одговорноста за самите себе подразбира прекинување на самоизмамата со приказната за надворешните барбари. Секое расипување доаѓа однатре. Тука се и вистинските барбари. Тие имаат имиња, тие се лицата на нашите партии, лицата на целата сегашна политичка класа. Тие се душманот кој треба да го покориме во себе.

Државата постои за да им служи на граѓаните. Крстови и цркви ниту ги хранат ниту ги лечат граѓаните на Македонија. Денес оваа држава е едно зло над граѓаните, концентрат на античовечка лошотија. Албанските претставници ни малку не можат да се амнестираат. Оваа лошотија на државата е заедничка творба на албанските и на македонските партии, на власт и во опозиција.

Етничкиот судир доаѓа како резултат на намерно создадените нејаснотии. Тој се претставува како излез од матната бесмисленост во јасните категории на страните - ние и тие. Дел од Македонците денес му се спротивставуваат на премиерот за потиснувањето на слободата и забегувањето во античките митови. Албанците почнаа и практично да дејствуваат во несогласување со лошотијата на државата која гради бесмислена црква. Албанската партија изигрува жртва и проба да издејствува правда на улица. Во оваа мешавина на дејствувања, ние имаме потреба за различно дефинирање на позициите. Универзалното барање за слобода и правда јасно не дели на народ (Албанци и Македонци) и политичка класа (Албанци и Македонци). Отстранувањето на намерните нејаснотии за етнички судир, го појаснува вистинскиот еманципаторски судир, тој на народот со политичката класа.

Овој судир денес се случува по улиците на повеќе држави со похрабар народ. Демонстрациите и револтот не смеат да го покренат меѓуетничкиот гнев. Гневот и бесот треба да се насочат таму каде што им е местото. Кон партиите, кон сите партии. Солидаризирањето на Коптите и Муслиманите во Египет е показател за можниот успех на една револуција. Солидаризирањето на Албанците и Македонците ја прави возможна револуцијата на нашите улици. Заедно треба да ги натераме да паднат на колена оние кои денес сакаат ние да си ги кршиме колената едни на други. А колена богами често сме кршеле едни на други, па затоа тие, политичката класа, слободно чекорат со крената глава над нас, луѓето со скршени колена. Солидаризирањето се' ќе смени.

(Авторот е политички аналитичар)


#
Статијата е прочитана 1184 пати.

Испрати коментар

Од: caki
Датум: 21.02.2011 12:34:20
Da e Makednija diktatura, vie g-ne utre ke bidete uapseni za povikuvanje na nasilno rushenje na vlasta!!!!!Velite da se solidarizirame!!!!!Samo budali makedonci ke se solidariziraat so nekoj shto skandira uck..uck..i kakvi se tie nebulozi za "hrabar"narod?Epten se hrabri koga trpele 30-40god.
Од: pero magacinero
Датум: 21.02.2011 13:31:15
abe altan,artan zosto ne velis nie makedoncite i albancite,tuku nie albancite i makedoncite,spomenuvas makedonski nacionalizam,ako imase makedonski nacionalizam nemase drzavata da dojde do ova deredze kade se podsmevate,i ednostavno kako bazibozuk si igrate so drzavata i makedonskiot narod,vo koja drzava toa go ima?
Од: deli
Датум: 21.02.2011 14:20:05
Textot e - za žal, mnogu dolg i kompliciran, što sakavte autore da kažete, ne mi e jasno (možda tolku mi seče umot). Sepak, dva citata: 1. "Demokratskite vrednosti denes doagjaat od Istok a ne od Zapad" (Od kade konkretno? Od Japan?). 2. "Državata postoi za da im služi na gragjanite. Krstovi i crkvi nitu gi hranat, nitu gi lečat gragjanite na Makedonija." Prvo: ovie dve rečenici edna zad druga ne mi e jasno, što treba da značat, Vtoro: znači džamiite, ili napr. paganski svetilišta i drugi kakvi bilo verski objekti gi lečat i gi hranat gragjanite na Makedonija??? Ako imam vo usta demokratija, a ponataka gi spomnuvam simboli na edna vera a nešto sakam so toa da kažam, treba ili da kažam sé vo globala za da važi za site, ili ova tema da ne ja otvaram. Priznavam: nečitav sve, možda sum vo zabluda a na site drugi čitateli sé im e jasno. Pozdrav do site, što na prvo mesto ja stavaat čoveština, a tek posle pripadnost na politička partija, nacija, veroispovest, jazik, boja na koža itn. :-)
Од: jovan
Датум: 21.02.2011 14:31:18
Interesen tekst, no ne bi navleguval mnogu mnogu vo diskusija okolu odnosot Makedonci-Albanci od pricina sto toa e dolga tema,a mesto ovde nema,a i ne mi se pisuva tolku. No ke kazam edno. Pred na nekogo da mu ponudis demokratija,ednakvost i sozivot, mora predhodno da mu ponudis LEB.Ako nema leb, ke se istepas doma i so roden brat a ne pa so komsija ili Albanec,Makedonec i sto ti ja znam koj uste ne.Nekoj toa dobro go znae,pa zatoa ne koristi da se tepame,pa ne smiruva,pa ne s'ska, pa ni filozofira, si igraat so nas kako sakaat.Problemot e nemastijata,a ne Albancite ili Makedoncite.
Од: Mapkoc
Датум: 21.02.2011 15:13:52
Браво за г. Садику – за храбро укажување на силите кои ја уриваат земјата. Но, одд каде му е она „спасот се бара однадвор„. кога највисоките раководители и нивните „аѓутанти„ (јавно!) демонстрираат незаитересираност, па и ароганција. Дубиозно е и тврдењето дека демократските вредности доаѓале од исток ако имаме предвид колку земји има таму со шеријатско право, во кои се жените сосема обесправени, изложени дури на сакатење. Впрочем, не е случајно што емигрантите од источните земји ги преплавуваат западноевропските земји. Белки за тоа не се само економски мотиви, туку и реални интереси – на „двете„ страни, се разбира. Понатаму, г. Садику вели:„ Албанските претставници ни малку не можат да се амнестираат„. Фала му на Господа, али за пресврт во развојот на земјата клучна е позицијата на најјаката партија на власт. До колку таа биде посветена на декларативно искажаните цели, безбели ќе мораат да ја следат и останатите партии.
Од: Мила
Датум: 21.02.2011 19:33:49
По напливот на задоволство од јасен текст кој проблематизира суштински проблеми на локално и глобално ниво, со жалење ги исчитав коментарите од читателите на овој дневен весник. Кога еден ваков текст успешно побудува толкувања низ поларизирана, идеолошка и националистичка призма, се прашувам дали секој коментар во негова одбрана нема да наиде на истиот неоснован непријателски дух. За потсетување, демокртаските идеи не доаѓаат само од Западот. Идеите што во моментов индиректно не' добираат од оној дел од светот што во геополитичка смисла се нарекува Ориент, повикуваат на еднаквост и солидарност во заедничката борба против политички и воени структури. Раслоеноста во едно општество, по секаква линија, е првата пречка што треба да се надмине за да успее протест што се обидува да воведе политички промени за подобрување на очајните работнички права и мизерниот живот на просечниот граѓанин.
Од: Od Zapad
Датум: 21.02.2011 23:49:18
Ne e losa kolumnata, no zosto velis deka crkvite ne gi hranat i lecat gragjanite. Zosto ne gi spomna paralelno i djamiite? Da ne ti e zabraneto? I smesno e da mislis kako mlad moderen covek demokratijata doagjala od istok. Od kade Od iran, irak, saudija arabija??? No za pocetok dobro e i vie da komponirate po nesto za zaednickite interesi na drzavata Makedonija.
Од: Лазар
Датум: 22.02.2011 09:11:42
Анкетите покажуваат дека народот во Македонија кога гласа го прави тоа со свест на 12-годишно дете. Оттука, невозможно е таквите да го разберат текстот на Артан. (За текстот, БРАВО!.) Таквите и понатаму ќе се чувствуваат удобно во поделеноста по табори. Една работа што оваа влада успеа и за која ќе треба години да се залечи е да го подели народот. Токму за надминувањето на таквата поделба зборува Артан. Единствено на тој начин може да се нулираат нулите и да се внесат вистински промени во Македонија, која припаѓа на СИТЕ што живеат во неа. За оние коишто ги мразат Шиптарите, упатно е да го прочитаат Крушевскиот Манифест па да кажат колку се придржуваат до идеолошката линија на ВМРО.

Најди! во Утрински
Насловна
Власта генерира криза, a опозицијата потпалува
Тачи со Беља ќе го освојува Скопје
Тиквешански
Либија арапски Тијенанмен
Копенхаген се удави во Вардар
Виси грантот од ЕК за делницата Демир Капија - Смоквица
Шестчасовна музичка ретроспектива
Скриени бранители
Полициски началник загина во стравотна несреќа
Промоција на македонската дива во Загреб
Не сме икебани во Комисијата
Планира трет дел на филмот „Сексот и градот“
Рушење на Македонија
Не викајте ме Торбеш
Претпладнево со став за предвремени избори
Во Португалија цвета бизнисот со стара облека
Запад и Блискиот Исток
Откажана Ф1 трката во Бахреин
„Златна мечка“ за иранскиот „Надер и Симин“
Поделени критиките за Манчевски и во Берлин
Можно е враќање на визите за Западен Балкан
Грците со контраудар за гевгелискиот „Лас Вегас“
Крв на улиците, Гадафи се појави на ТВ
Стил
Најмалку 65 загинати во земјотрес
СДСМ прифаќа избори ако се исполнат услови