Број 3512  понеделник, 21 февруари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
��кономија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Мислења

Рушење на Македонија

Ивор Мицковски

Коалициските партнери го најдоа најсилното оружје за замаглување на свеста и на разумот: рушење на меѓуетничките односи

Во моментот кога притисокот врз Груевски и власта беше најголем од домашниот и од меѓународниот фактор, владината коалиција се одлучи на најсуицидниот чекор во однос на македонската државотворност, стабилност и соживот. Со невидена координација досега, владината коалиција се реши да го подигне влогот и да профитира од деструктивноста. Свесни дека нештата најлесно дегенерираат кога секој конструира и реагира според сопствените тесни интереси, коалициските партнери го најдоа најсилното оружје за замаглување на свеста и на разумот: рушење на меѓуетничките односи.

Добро знаеја дека домашната јавност ќе се фати како слепец за стап околу антагонизмот градење-рушење, иако без оглед како и да ги вртиме работите, колку и да се фаќаме за цркви или за културни наследства, за спротивставени права и емоции, денес во Македонија постои само рушење. Рушење и провокација е самоволното и тајно подигање црква, рушење е и непропорционалниот одговор и материјалното удирање врз еден квазимузеј што има сакрални аспирации. Или, уште полошо, аспирација на власта е црквата да ја претстави како музеј. Црква-музеј е само еуфемизам, историјата на уметноста не познава таков објект. Но, за тоа треба да зборуваат компетентни историчари и експерти, она што јас не го разбирам е каде повторно затаи критичката мисла.

Сето ова е само последниот повод, причините за денешните состојби се таложат со години на недемократско и коруптивно владеење, со третирањето на меѓуетничките односи само од аспект на теснопартиски интереси. Сите од власта се подеднакво одговорни во овој момент, иако македонската страна е директниот провокатор и креатор на секоја тензија. Себичната реактивност не ги апсолвира албанските демократи, кои уште еднаш покажаа неверојатна хипокризија и слепа кохерентност кон партиските и етнички интереси. Албанските демократи станаа соучесници во едно поголемо сценарио кое ги загрозуваше и нивните посебни интереси, но наместо да променат нешто преку институциите или да излезат од нив, тие ја прифатија играта и ги искористија своите луѓе од институциите во деструктивниот поход со преродбениците. Свесно ги повредија чувствата на македонските граѓани, знаејќи колку рејтингот ќе им порасне од таквиот вандалски и непријателски гест. Така дојдовме до последната станица, режимот забега и кулминираше. Знаевме на што ќе се сведе на крајот, на гол патриотизам, на внатрешни непријатели и уништени меѓуетнички односи. Уште повеќе, власта сега се обидува да создаде и верска нетрпеливост во Македонија. Сега, покрај конкретните непријателите, постојано ќе бидеме во потрага и по апстрактните подбуцнувачи, конспиратори и петтоколонаши. Ќе заборавиме на сиромаштијата и бесперспективноста и по 20 години независност, ќе градиме држава базирана на крв и на нови, надградени поделби. Што друго ни остана? Оваа земја има малку стожери на својата стабилност и просперитет, а власта успеа да го сруши и последниот. Откако ја уништија економијата и воспоставија финансиски монопол над државата, следуваше изолацијата од надворешноста, блокирање на евроатлантските перспективи и потрагата по надворешни и внатрешни непријатели. Се' се искористи за воздигнување на една опција, за промовирање на едноумието, за наметнување митови и виктимизација. Се сруши и плурализмот и демократијата, а дежурните виновници се лоцираа во опозицијата, во критички настроените медиуми, во независниот граѓански сектор, во јужниот сосед, а кога немаше повеќе каде, и во меѓународниот фактор и неговите претставници. Црквата стана промотор на национални политики и владин поддржувач, а власта поттикнувач на верска нетрпеливост и монорелигиозност. Црквата пее националистички литургии, власта донесува верски закони. Се измешаа улогите, одамна е нарушен и секуларниот карактер на државата. И тоа се сруши! Толку многу рушење за подигање на еден недемократски режим. И кога се' се истроши, кога сите оправдувања станаа провидни, се направи последниот чекор, се удри и врз последниот столб на македонската стабилност и демократија. Какви глупаци, со таквите и Исус се мачел. Има една исламска поговорка каде што, наводно, се цитира омилената историска личност на преродбениците. Така, во една пригода, Синот божји рекол: „Лепрозните ги излечив, ги излечив и слепите, со глупавите не ми успеа“.

Не знам дали нашиот премиер е свесен дека со нарушување на меѓуетничките односи, всушност, ја интернационализира драматичната состојба на македонското општество и демократија. Со нарушување на меѓуетничките односи, тој ја допре единствената болна точка за меѓународната заедница и, пред се', за Американците. Симптоматично е што сето ова се случуваше кога нашиот премиер, како некои рекоа, отиде во историска посета на Вашингтон. Дали деструктивецот Груевски мислеше дека со подигање на влогот, со создавање дополнителна нестабилност ќе се оправда за неостварените ветувања и за дегенерирање на демократските капацитети? Дали конечно мисли дека за ова провидно сценарио, како и за неговата режимизација на општеството ќе се оправда само со спинови и со манипулации? Ќе каже дека Грција е виновна за нашата изолација, дека изолацијата е причината поради што нема пари и инвестиции? Ќе проба секоја одговорност да ја префрли на другата страна? Политичкиот дијалог се префрли врз опозицијата, името врз црвените линии на Грците, ударот врз медиумите со борбата против кримин��лот, меѓуетничките тензии со апстрактни подбуцнувачи.

Посетата на Груевски во Вашингтон некои ја нарекоа историска, но, доволно беше тој да ја отвори устата за да сфатиме дека историјата само се повторува. Наместо во присуство на некој од високите американски претставници нашиот премиер да даде државничка изјава, при што ќе повика на воздржаност и ќе пренесе што навистина си кажале соговорниците, тој повторно одбра да лаже и да манипулира. Сам, далеку од институциите што ги посети, на некоја од улиците од Вашингтон премиерот ја изрецитира својата верзија. Во соопштението од Стејт департментот, како и во тоа на Белата куќа беше изразена загриженост околу (не)владеењето на правото, независноста на медиумите и цивилното општество. Ваквите строги забелешки беа први наведени во американските соопштенија. Нашиот премиер уште еднаш ни потврди дека не е важна суштината, важно е што тој ќе каже и неговата виртуелна реалност. Како и во случајот со негативниот европски извештај кога Груевски жонглираше со зборовите позитивни препораки и неколку помалку позитивни работи, сега пораките на Американците ги подели на главни теми и на некои други теми. На двата состанока 40 минути се зборувало за нашиот напредок во образованието, економијата, судството и јавната администрација?! Ако тоа биле главните теми, ќе стоеја во американските соопштенија, ако судството беше така напреднато, немаше да се изразува загриженост за владеењето на правото, за меѓуетничките односи, за слободата на медиумите. Конечно, фактот што пораката за името не нуди ништо ново, освен една блага покана за дијалог, всушност, кажува колку на Американците им било важно да ја нагласат состојбата со демократскиот дефицит во Македонија. Тоа уште повеќе ја прави смешна манипулацијата на власта дека посетата била редовна, кога е јасно дека нашиот премиер на редовни средби повеќе не го бара ниту принцот на Хунзите. По пет години на власт, Груевски прв пат се сретнува со луѓе од калибарот на Хилари Клинтон и Џозеф Бајден, што кажува колку е тој неважен во меѓународни рамки, но, и покрај тоа, сепак, е проблематичен. Не верувам дека нашата проблематична и недемократска власт ќе биде причина за поголема инволвираност на Западот околу Македонија. За жал, со сите свои постапки и потези, со постојаното избегнување одговорност и нерешавање на проблемите, нашиот небитен премиер успеа и Македонија да ја направи небитна пред очите на меѓународната заедница. Мислам дека одлуката за нас одамна е донесена и само добива дополнителни потврди. Оставени сме да се давиме во сопствената кал и тука само македонскиот народ, а со тоа мислам и на албанскиот етникум, може нешто да промени. Но, тоа да се случи, прво треба да се надминеме како општество. Треба да проработи свеста и критичката мисла за катастрофата, која ни се случува и која само се влошува.

(Авторот е аналитичар)


#
Статијата е прочитана 2199 пати.

Испрати коментар

Од: caki
Датум: 21.02.2011 12:23:04
Vo neverojaten kontrast e vashata fotografija so taa "budistichka nasmevka"so tekstovite shto gi pishuvate, se crno,crno,crno......dechko vie se davite vekje vo svojot otrov ......a za kolumnata shto da kazham...denes sekoj mozhe da pishuva kolumni...
Од: Само да се анализира нешто
Датум: 21.02.2011 13:00:24
Господе, какви аналитичари сме имале. Па дали овој гледа кој ја смирува состојбата на Калето?
Од: читател
Датум: 21.02.2011 13:03:11
Само честитки до авторот.
Од: k2
Датум: 21.02.2011 13:26:08
Abe brat mesto da pisuvas gluposti odi do Bihacka i ke ti stane jasno koj e generator na krizata....
Од: Blue fighter: ... ,gajle si nemame,
Датум: 21.02.2011 13:26:23
Sto uste treba da i se sluci na drzvava za da sfatat glupavite (i Isus bil zagrizen poradi niv) deka ne moze celo vreme da bides dobrovolec kaj kogo ke pominuvaat od prva lagite,manipulaciite i reklamno-pozerskite aktivnosti na vlasta i Grujo the Boss.Kolku i da se zagrizija za analiticnosta na kolumnistot dezurnite vo portokaloviot strab i vednas pobrzaa so voobicaeniot stilo na omalovazuvanje i dviranje na sekoj sto misli razlicno od niv,toa ne go pobiva faktot deka se sto e kazano e taka i sto e uste postrasno i tragicno za site nas tuka,deka ne ostavaat da potoneme kako zrtvi na sopstvenata naivnost(glupost) sto ovaa vlast ja vodi Makedonija vo ambis,po zasluga na tie sto ja izglasaa.Liceto na avtokratiyte esekade isto,pa zatoa i tie piromanski posegnaa po sozivotot vo stilot na Gadafi- da se zacuvame sebesi i vlasta po sekoja cena.Posledicite SAMO ZA NIV TREBA DA BIDAT PLODOTVORNI,zasto se nenasitni i neodgovorni.Srekja sto se procitani i predupredeni,a kaznata ke stasa.
Од: bezimen
Датум: 21.02.2011 13:42:34
mnogu realna analiza. treba sekoj den da se povtoruva, za da svati narodov kakvi luge ja imaat vlasta.
Од: Miso
Датум: 21.02.2011 14:10:30
Za K2 Na edna damnesna svadba ni se sluci peacot od orkestarot da ni kaze-"ne pejte i vie oti me bunite". Taka i vasiot vodac go buni opozicijata oti mnogu zbori.Najdobro funkcionira koga nikoj ne mu se sprotivstavuva. Stotina pati isprati svoi partiski vojnici do Bihacka da protestiraat oti go bunele vodacot . Interesno! Potpolna vlast vo racete na VMRO a vinovnikot Bihacka. Da ne e tragicno ova razmisluvanje bi bilo smesno.
Од: Karokan
Датум: 21.02.2011 16:33:15
Pa vidovme,vidovme g-dine samo da se analizira nesto,koj ja smiruvase sostojbata na Skopskoto Kale!!!!! Zamenik ministerot za vnatresni raboti!!!!! Cudno istiot toj zamenik go vidovme i nocta koga se rusese objektot. Verojatno tuka bil da vnimava na bezbednosta na rusitelite na objektot,a so sebe go povel i Ministerot za zdravstvo,zaradi,nedaj boze nekoja nesreca pri rusenjeto. Zatoa ne sekiraj se,vidovme!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: BRISEL
Датум: 21.02.2011 16:56:19
B R A V OOOOOOOOOOOOOOOO!!!!!!!!!!!!!! No comment!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 21.02.2011 18:05:58
Еве да се сложиме со се напишано од независно опозицискиот аналитичар па да си одиме на предвремени избори и се ослободиме од оваа власт.Да викнеме гласно,,ајде подај рака и да одиме на избори,послушајте го еднаш народот,,.Се надевам ќе се сложи аналитичарот само ако не бара и тој услови.Очекувам наскоро и услов да мора премиерот да го преплива Ла Манш ако сака предвремени избори.
Од: Сергеј
Датум: 21.02.2011 20:26:02
Груевски е неважен во меѓународни рамки, но тој веќе не е битен ни дома. Веројатно тоа и сакале Американците да му го кажат пред некој ден. И му го кажале. Време е Груевски легално да замине. Ако му се даде уште еден мандат, ќе ја дотепа Македонија. Ќе го направи она што Георгиевски го започна. ( http://otpor.log.ph/ )
Од: Obedineta Mak. Dijaspora
Датум: 21.02.2011 23:26:56
Nie dobivme privremenoto ime, zaradi prichini shto ON nedozvoluvaat upotreba na ustavnoto. Dvojna formula e bazirana na koristenje ustavnoto ime za svet i ON, protivno na rezoluciite so koi se primame vo clenstvoto na OON. Zatoa, se dodeka ne se dokazhe defektnost na rezolucijata 817na SBON i 47/225 na GSON, nie ke morame da nosime ime razlichito od RM i da pregovarame za ime razlichno od ustavnoto ime.
Од: do Ivor,Sergej,OMD
Датум: 22.02.2011 04:43:18
Ovaa vlast ne e marionetska i zatoa nema pocit od Vasington i Brisel,a ima pocit od Makedoncite.Pomina vremeto koga vladeeja marionetite od opozicijata.Ne se vrakja vekje toa vreme.Zapocnatoto od Georgievski go prodolzi i saka da go prodolzi segasnata opozicija.Zar toa ne go gledas?Pregovorite za imeto verojatno se vekje propadnati,pa onoj so potpis od dijasporata neka znae deka ne treba da se pregovara za naseto ime i vo obedinetite nacii prifakjame namesto BJRM,da bide samo Macedonia.
Од: Феличита
Датум: 22.02.2011 08:19:19
Да го потсетам мојот паралелен Феликс дека во 2006 година Груевски бараше од Бучковски да се исполнат десет услови за да учествува на избори!Му беа прифатени осум.Деветиот веројатно бил да се преплива Ламанш, а десетиот да се врати со пливање назад!
Од: koni
Датум: 22.02.2011 08:46:29
Komentatorite vmrovcinja se site tesnoumni bidejki ne ja gledat katastrofalnata sostojba okolu niv. Z a nesreka ogranicenite umovi se pobrojni od pametnite.

Најди! во Утрински
Насловна
Власта генерира криза, a опозицијата потпалува
Тачи со Беља ќе го освојува Скопје
Тиквешански
Либија арапски Тијенанмен
Копенхаген се удави во Вардар
Виси грантот од ЕК за делницата Демир Капија - Смоквица
Шестчасовна музичка ретроспектива
Скриени бранители
Полициски началник загина во стравотна несреќа
Промоција на македонската дива во Загреб
Не сме икебани во Комисијата
Планира трет дел на филмот „Сексот и градот“
Не викајте ме Торбеш
Револуција на барбарите
Претпладнево со став за предвремени избори
Во Португалија цвета бизнисот со стара облека
Запад и Блискиот Исток
Откажана Ф1 трката во Бахреин
„Златна мечка“ за иранскиот „Надер и Симин“
Поделени критиките за Манчевски и во Берлин
Можно е враќање на визите за Западен Балкан
Грците со контраудар за гевгелискиот „Лас Вегас“
Крв на улиците, Гадафи се појави на ТВ
Стил
Најмалку 65 загинати во земјотрес
СДСМ прифаќа избори ако се исполнат услови