Број 3512  понеделник, 21 февруари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Попис

Не сме икебани во Комисијата

Абдулменаф Беџети

Меѓуетничките тензии, при евентуални несогласувања со резултатите, може многу да чинат

Жално е што и во почетокот на втората декада од третиот милениум треба да се расправаме со стандардите на меѓуетничките проблеми во општеството. Немав намера да се впуштам во јавна анализа и дообјаснување на причините за недоразбирањата во Државната пописна комисија во врска со толкувањето и примената на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите. Меѓутоа, кога почнаа и дел од медиумите да мешаат баби и жаби и да прават свои верзии на толкувања, па дури и осуди за однесувањата, можеби и без да го проучат Законот, сметам дека на јавноста и' должиме некои принципиелни дообјаснувања.

Се' додека бројките го определуваат политичкиот статус на заедниците, пописите во Македонија биле и ќе бидат и политичка операција. Законот е полн со нормативни решенија од најчувствителна политичка природа, од типот на адекватна и правична етничка структура, јазик...

Законот прецизно определил кои се структурите надлежни за овој процес -од Државната пописна комисија (како највисок орган - повторно со соодветна етничка структура), потоа Државниот завод за статистика (за жал, далеку од соодветна, а за правична застапеност и станува збор), комисиите на пописните региони, државните инструктори, регионалните инструктори и регионалните попишувачи. Овие последните не се нарекуваат државни, туку регионални попишувачи! Некој сака да ги нарече државни (на ниво на држава - па зошто така не го напишаа законот).

Без намера да го елаборирам целиот Закон, туку само тој дел каде што почна процесот на надгласување - структурата на регионалните попишувачи. Самото тоа што член 34 став 1 од Законот предвидува за еден пописен круг (основна пописна единица) двајца попишувачи, не подразбира дека задолжително на ниво на целата територија едниот од нив треба да биде Македонец, најмалку ова не се подразбира со автоматизам, бидејќи законодавецот во овој став го дефинирал начинот како се избира едниот од нив - првиот од јавната администрација, вториот по оглас. Друго не вели тука. Од каде се подразбира дека едниот мора да биде Македонец!

Најизричен е став 2 од истиот член, кој вели „при изборот на регионалните попишувачи, се води сметка за правична и адекватна застапеност на етничките заедници кои не се мнозинство во Македонија во единицата на локална самоуправа од соодветниот пописен регион, според структурата од претходниот попис во 2002 година“. Каде произлегува тука структурата на државно ниво - само ако така не помислил предлагачот на законот во некоја од претходните фази при донесување на Законот! Овие се законските решенија, а сега за некои други димензии за кои сметаме дека треба да се води сметка.

Прво, прифативме (посебно зборувам за себе, а се виде дека и другите исто мислат) да бидеме вклучени во овој многу важен процес за да придонесуваме конструктивно, а не да му создадеме некому алиби и политичка почва за да ги потврди априори своите политички сомнежи во процесот. Доказ за ова е нашиот однос во комисијата - од првата седница при донесување на деловникот за работа кога се потрудивме да оневозможуваме систем на надгласување на примена на закон (барем не по клучните и чувствителните прашања), кој е донесен по консензуален принцип. Доказ за ова се сите записници на Комисијата. Лично предлагав и кога не успеавме, сепак, продолживме и се „задоволивме“ со формулација во деловникот, „Комисијата ќе се залага и настојува одлуките да ги донесе со консензус“. Не сметам дека згрешивме кога попуштивме, обратно, ќе испаднеше дека априори прејудицираме надгласување.

Второ, зошто по секоја цена, условно кажано, македонската заедница инсистира задолжително, речиси секој попишувач да има свој тутор? Од што се плаши? Во Законот, а и согласно со меѓународните стандарди (види препораките од Конференцијата на европските статистичари – ЦЕС, јуни 2006), јасно е предвидена можноста да се попишуваат сите членови и семејства кои моментно не се тука, но претходните 12 месеци биле во нивното место на вообичаено живеење, т.е. нив може да ги попишува член од потесното и поширокото семејство. Така што нема многу врска периодот кога се врши пописот (некој сака да го импонира како нивно патриотско решение)! Според оваа основа, помалите заедници, вклучувајќи ја и албанската, нема голем страв, бидејќи немаат можност, а најмалку намера нешто да прават. Затоа „другата страна“ ги има сите инструменти на ефикасна и стриктна контрола - од државните инструктори до контролата во Државниот завод за статистика. Обратно, помалите заедници немаат ама баш никакви контролни механизми над поголемата заедница! Трето, причина на недоверба најмалку има најголемата заедница во државата. Албанската, па и другите помали етнички заедници (освен српската, која е презастапена секаде) не само што не се соодветно застапени туку и немаат ниту еден висок раководител (ниту тие „вообичаените заменички“ икебани) во Државниот завод за статистика. За недовербата во оваа институција (и не само оваа) од етничките заедници укажа и меѓународниот мониторинг на процесот. Директорот на овој Завод ќе ги именува и своите државни инструктори што ќе го набљудуваат процесот на терен. Сета контрола е во рацете на мнозинската заедница. Во ваква околност, зар немаме право на сомнеж!

Четврто, доколку еден од попишувачите не го потпишува пописниот лист (Образец П-1), тој е невалиден и не може да се обработува. Знаете колкав ризик постои од оваа туторство на терен? Сигурно не ��наете, затоа што не сте учествувале во вакви операции. Директорката на Заводот најдобро знае. И замислете кога би се закачиле, дури и за банални причини, „ти не му потпишуваш него, јас нема да ти потпишувам тебе“! Зар при самиот процес на терен да се дозволат вакви можности за реципрочни блокади, а имаме само 15 дена на располагање. Дали ќе беше подобро во оваа фаза да се блокираме или на почеток? Господа, токму поради ова сега реагираме, со систем „подобро да се спречи отколку да се лечи“. Можеби некому токму ова не му одговара.

Петто, но не и последно (има и многу други димензии кои заслужуваат анализа), имаме и пописна и правна историја. Овој процес не чини само пари. Меѓуетничките тензии, при евентуални несогласувања со резултатите, поради недоверба во процесот, може многу да чини. Јас и другите членови се чувствуваме одговорни во процесот, тежината е голема и мултидимензионална. Лесно им е на оние новинари кои „хартијата ја купуваат во тони, а бојата со литри“, па можат се' и сешто да квалификуваат. Ние многу сериозно се зафативме со оваа одговорност. Ќе беше најмал проблем ако сме кочничари на процесот. Понудивме бланко оставка, нека не' заменат за пет минути и готово! Но, многу слично на нас мислат и субјектите што ни ја доверија оваа одговорност, а да не зборуваме за граѓаните. Ова и' го објаснивме и на претседателката на Комисијата, на состаноците. Тоа што таа мисли дека „Комисијата легално работи“ и без нас треба да разликува легалитет од легитимитет!

Останувам отворен за каква било дебата само доколку не би се сметало дека се „мешам во политички димензии на процесот“, што не е пожелно за член на Државна пописна комисија. Поради овој статус, дури последните два месеца сум се повлекол и од коментари и анализи на економските политики во

земјата.


#
Статијата е прочитана 1113 пати.

Испрати коментар

Од: Игор
Датум: 21.02.2011 12:28:09
Албанци во Македонија < 20% вистината е сурова!
Од: Реалист
Датум: 21.02.2011 12:51:58
Не разбирам господине Беџети, како тоа од една страна Албанците бараат задолжителна употреба на Бадентерово гласање во Уставниот суд (значи задолжително одобрување на секоја одлука на Уставниот суд од страна на судиите Албанци), а од друга страна се бунат кога Македонците им го бараат истото тоа (задолжително одобрување на секое пописно ливче во Албанските региони од страна на ко-попишувач Македонец). Ставовите на Албанците се вон секоја логика, со двојни стандарди. Ако одлуките на Уставен не можат да бегаат од Уставот, тогаш попишувањето на терен може да забега во големи фалсификати ако нема "Бадентеров принцип" при верификување на листите.
Од: pero magacinero
Датум: 21.02.2011 13:23:40
vo zemjata kade sto ziveam jas ne se gleda po etnicka pripadnost kolku procenti popisuvaci imalo od ovaa ili ona zaednica,dali bil po poteklo francuz,germanec,kinez ili od uganda,vazno e da se sproveduvaat zakonite vo drzavata,oficajalen jazik e angliski a sekoj koj zboruva drug jazik e uste edno bogatstvo a vie so toj badinter i so vasiot vtor vash oficijalen jazik si stavivte EZH v gajki pak sega trgajte maki,sami ste krivi
Од: Ustaven
Датум: 21.02.2011 13:45:03
Badenterov princip gospodine Realist treba da se upotrebuva na site mesta i toa: Ustavot, Imeto, Simbolite, Imunjata,Politicarite, Funkcionerite, itn. Ti garantiram koga ova bi se pravelo nemase da ima nikogas kriza vo ova Drzava. Pozdrav
Од: Дивна
Датум: 21.02.2011 14:15:41
Господине Беџети, ве сметам за еден од поразумните и рационални политичари, и мислам дека таков треба да останете, бидејќи изградениот човечки капацитет би било штетно и жалосно да се нарушува.Па и самите велите дека пописот сеуште се доживува како политички процес, што подразбира постоење на недоверба помеѓу Македонскиот народ и Албанците како најголемо малцинство во државава.Па ако е така, предложените решенија се најсоодветни и најлогични со цел да се отсранат сомневањата во евентуалните злоупотреби.Во секој случај очекувам од Вас да ги надминете националистичките побуди (се извинувам на овој термин, но таков впечаток добив) и да овозможите непречено одвивање на подготовките за овој попис.
Од: Miso
Датум: 21.02.2011 14:17:57
Na cela teritorija po dvajca popisuvaci po zelba na malcinstvata .No sekako po eden Makedonec. Jas sumod malcinstvata no se soglasuvam.Ajde Albanci imajte hrabrost i Vie.Od sto se plasite.Ili ajde da gi piseme site sto site svoi prava gi ostvaruvaat vo drugi zemji a bi sakale ovde da se brojat poradi nekoi kvoti?
Од: Битолчанец 963
Датум: 21.02.2011 14:30:33
Господине Беџети сите знаеме дека процентот на Албанците вештачки е кренат а тоа ќе биде и со следниов попис исто бидејки вие безпрекорно уценувате за учество во било која власт, но покрај тоа и наместо да се залагате за избегнување на сиромаштијата која е застапена и кај Албанците во МКД вие упорно тие кутри луѓе сеуште ги лажете и подбуцнувате со некои си проценти на застапеност зарем процентот го решава проблемот кој е од друг карактер - сиромаштија и невработеност. Кукавте докукавте за образованието, и покрај толку факултети сиромаштијата не се промени, сега на ред е пописот со процентот, утре што ќе биде на ред?
Од: mihajlo
Датум: 21.02.2011 15:19:13
Za zal i umereniot politicar,strucen analiticar i ekspert po ekonomija,profesorot Bedjeti,padna na ispitot po predmetot NACIONALIZAM.Steta za pocituvaniot Peofesor,no steta i za Drzavata.Nezavisno od negovata nacionalnost,jas navistina ovoj NAS poznat strucnjak sekogas so vnimanie go slusav za svoite viduvanja vo odnos na ekonomskite tekovi vo zemjava.Kakva steta mu napravija onie koi ovoj nas pocituvan strucnjak go predlozil za clen(potpretsedatel) na popisot.Ako vece ja prifatil ovaa funkcija( za zal),vo toj slucaj,najmalku sto mu trebalo da se povede po nacionalistickite strasti na Mona Liza(citaj Osmani).Jas ne sakam da polemiziram nitu za zakonot,nitu pak za obrazlozenieto na Bedjeti.Jas ,za zal komentiram za likot i postapkata na umereniot strucnjak.Steta !!!!

Најди! во Утрински
Насловна
Власта генерира криза, a опозицијата потпалува
Тачи со Беља ќе го освојува Скопје
Тиквешански
Либија арапски Тијенанмен
Копенхаген се удави во Вардар
Виси грантот од ЕК за делницата Демир Капија - Смоквица
Шестчасовна музичка ретроспектива
Скриени бранители
Полициски началник загина во стравотна несреќа
Промоција на македонската дива во Загреб
Планира трет дел на филмот „Сексот и градот“
Рушење на Македонија
Не викајте ме Торбеш
Револуција на барбарите
Претпладнево со став за предвремени избори
Во Португалија цвета бизнисот со стара облека
Запад и Блискиот Исток
Откажана Ф1 трката во Бахреин
„Златна мечка“ за иранскиот „Надер и Симин“
Поделени критиките за Манчевски и во Берлин
Можно е враќање на визите за Западен Балкан
Грците со контраудар за гевгелискиот „Лас Вегас“
Крв на улиците, Гадафи се појави на ТВ
Стил
Најмалку 65 загинати во земјотрес
СДСМ прифаќа избори ако се исполнат услови