Број 3512  понеделник, 21 февруари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Прес на Црвенковски

СДСМ прифаќа избори ако се исполнат условите

21.02.2011, 15:21

Претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски денеска изјави дека ќе прифати предвремени парламентарни избори доколку бидат исполнети условите кои партијата ги постави за да се врати во Собранието.

Црвенковски, кој се огласи по вчерашното интервју на премиерот Никола Груевски во кое го повика лидерот на СДСМ на избори, на денешната прес-конференција рече дека СДСМ се откажува од петтиот услов - уставни измени за отстранување на министерот за правда Михајло Маневски од Судскиот совет, но останатите четири остануваат.

„Ја поздравувам вашата одлука конечно да се одважите, да соберете храброст и да го прифатите нашето барање за предвремени парламентарни избори кои се единствен демократски начин за решавањето на оваа длабока криза и излез од ќорсокакот. Предвремени парламентарни избори треба и мора да има. Но, во исто време не какви било, туку само фер и демократски избори се решение и излез. Се друго ќе значи продлабочување и радикализирање на кризата, рече Црвенковски.

Според него, сите пет услови кои СДСМ ги дефинираше за да се врати во Парламентот се легитимни и логични.

Истиот ден кога условите ќе бидат исполнети, потенцираше Црвенковски, СДСМ ќе се врати во Собранието, а како што истакна, со искрена политичка волја и интензивна работа, целокупното усогласување на условите може да заврши најдоцна до 15 март.

„Потоа, целокупната подготвителна активност може да заврши најдоцна до 20 април кога Собранието ќе се распушти и ќе се исполнат условите предвремените парламентарни избори да се одржат во средината на јуни“, додаде Црвенковски.

Одговарајќи на новинарско прашање, лидерот на СДСМ рече дека предвремените парламентарни избори воопшто нема да го попречат пописниот процес кој треба да се одржи во април



#
Статијата е прочитана 1751 пати.

Испрати коментар

Од: viola
Датум: 21.02.2011 15:29:38
Браво за Бранко. Умно и мудро. Да не мислеше Груевски, дека со зеир кажаните зборови на Сител, Бранко ќе се уплаши или наивно ќе наседне. Зрело и мудро. Има време да промовира и програма се надевам не во 100 чекори, ниту проширена и надградена со глупости за мачење и цедење народ и да промовира луге. Се согласувам со еден читател дека државата му станала терет на народот.
Од: kokio
Датум: 21.02.2011 15:51:06
Predlagam 6 uslov, sonceto da e mesecina a mesecinata sonce.
Од: Goran
Датум: 21.02.2011 16:14:08
Našiov BC e ist kako ona grkot Papandreu,postav 4 ultimatuma i gi podvleče so crvena linija i bara sega pregovori?Kako da bil naškolo vo Solun.Neka negoviot SDSM se vrati vo Sobranieto pa tamu se razrećat site problemi,a toa e preporaka i od EU i SAD ama naš Brane nesaka da sluša on si e malu svoeglav.Neka mu se so sreća izborite
Од: smoki
Датум: 21.02.2011 16:59:47
zosto mu e bitno na B.C. da se odblokira smetkata na A1, koga site plakanja so Velija si gi pravat na crno ?? (reklami, reketari i slicno).. Ako nedaj boze dobie na izbori, so Dekret ke go oslobodi Velija i site negovi mediumi a i fantomski firmi
Од: pirgan
Датум: 21.02.2011 17:21:34
za sramota Branko!Ako veke baras,baraj go toa bez sto ne mozes:6 uslov,garantirana pobeda na komunistite.bez toa nikako na izbori!
Од: devicanecot
Датум: 21.02.2011 21:55:29
Ем Прецедник, ем државник, ем најголема пензија....и уште нешто сакал човекот????Каков цинизам од него...Да беше на власт, одма Велија ќе го амнестираше...
Од: apologet
Датум: 21.02.2011 22:02:08
e sega grujo e stvarno vo tesnec.koga ivonceto(na sitel) po vtor pat go prasa da rezimira vo vrska so izborite, grujo se najde vo nebrano,ivonceto zaboravila deka trebase samo ednas da go prasa i tolku.Se strese covekot, pocna da crvenee i da pelteci.Nervozata e ocigledna, i sega so sigurnost moze da se rece deka mediumskiot provladin mehanizam so polna parea ke izvlekuva od naftalin razni nebulozi., nevistini i drugi gluposti. Najbitno od se e da se oslobodime od stravot, oti toa e glavnata hrana za opstanok na gruevski.Razoblicen e i strav poveke - nikogas.
Од: Миле - Охрид
Датум: 21.02.2011 22:27:46
Уште еднаш успејаа да ја поделат Македонија. Граѓаните се делат на два табора. Битката ќе биде немилосрдна. Ќе има морални и политички жртви и победници. Но, сите на крај ќе излезат со длабоки рани и лузни кои генетски ќе се пренесуваат на генерации. Најверојатно дека избори ќе има. Овој пат, вообичаените предизборни теми ќе бидат заборавени и маргинализирани. Ќе се одлучува само по прашањето на името. Ова ќе биде своевиден референдум на кој ќе се одговара на со ДА на едно од поставените две прашања.Дали ги прифаќате грчките шовинистички уцени за промена на на името на Република Македонија, како сопфатно решение за сите проблеми во државава, со гаранција за влез во НАТО одма и отпочнување на претпристапни пеговори со ЕУ? И второто прашање. Дали сте за продолжување на реформите за достигнување на стандардите кои ги имаат функционалните држави на ЕУ, со истовремено продолжување на битката за разобличување на грчките шовинистички намери пред меѓународните авторитети за влез во ЕУ?
Од: Tine Vrzel
Датум: 21.02.2011 22:33:46
Branko znae kako treba da se vodi borba (politicka) i zatoa sakam da go citiram golemiot Njegos: NE BIJE BOJ SVJETLO ORUZJE - NO BOJ BIJE SRCE U JUNAKA.
Од: zoran
Датум: 21.02.2011 23:23:51
a da nema izbori i so dekret da mu se dade vlast na drzalnikot ??!
Од: Dvojna formula e zabluda!
Датум: 21.02.2011 23:25:10
Nie dobivme privremenoto ime, zaradi prichini shto ON nedozvoluvaat upotreba na ustavnoto. Dvojna formula e bazirana na koristenje ustavnoto ime za svet i ON, protivno na rezoluciite so koi se primame vo clenstvoto na OON. Zatoa, se dodeka ne se dokazhe defektnost na rezolucijata 817na SBON i 47/225 na GSON, nie ke morame da nosime ime razlichito od RM i da pregovarame za ime razlichno od ustavnoto ime.
Од: dvojnata formula e resenie
Датум: 22.02.2011 05:18:52
Edno za juzniot sosed,a za cel svet i svetskite organizacii Macedonia.Dokolku ova ne go prifakja juzniot sosed,resenie nema da ima.
Од: zvonko
Датум: 22.02.2011 08:16:33
Бранко бара услови?? Кој е тој услови да поставува??? На избори треба хитно да оди ако мисли дека се јаки многу!! не јуни ке кажува!!! Ако не редовни да чекаме, зошто Јуни??? Или свесен е што ќе му се случи па дај колку може да бегам или ич да нема!!!!!!!!!Само се прашувам овие од СДСМ толку ли се малоумни што воопшто му дозволуваат на тој човек да влезе во штабот нивни а не тој главен да им биде!!!! Ги жалам!!!! Со Бранко на чело уште 10 избори ќе ГУБАТ!!! ПОЗДРАВ И ИЗБОРИ ОДМА!!!!!!!!!
Од: Neranimajkovci - Vodaci
Датум: 22.02.2011 09:08:12
Ke vladeeme do posledniot Makedonec - velat i edniot i drugiot. Pa barem da gi dokrajcite makite na robovite i napatenata ni Makedonija. I da vi se izbrishe i glas i slika zasekogash!
Од: goce viena
Датум: 22.02.2011 09:25:47
mnogumina vo Makedonija ne primaat ni denar plata a ovie si igraat so narodni pari,na sekoi dve godini da ima predvremeni izbori e katastrofa za edna malecka zemja.Tie pari sto ke se potrosat za izbori sigurno ke bidat od golema pomos za onie nevraboteni koi ne se mala brojka nego nad 300000,- zatoa razmislete dali navistina izborite se izlez jas velam ne,izlezot e da se prekine so lakomosta za vlast i da se prestane da se krade koga nekoja partija e na vlast togas sigurno ke bide Makedonija ubava zemja za ziveenje i taka zadovolnite gragani ke nemaat pricina da se mrazat megu sebe.

Најди! во Утрински
Насловна
Власта генерира криза, a опозицијата потпалува
Тачи со Беља ќе го освојува Скопје
Тиквешански
Либија арапски Тијенанмен
Копенхаген се удави во Вардар
Виси грантот од ЕК за делницата Демир Капија - Смоквица
Шестчасовна музичка ретроспектива
Скриени бранители
Полициски началник загина во стравотна несреќа
��ромоција на македонската дива во Загреб
Не сме икебани во Комисијата
Планира трет дел на филмот „Сексот и градот“
Рушење на Македонија
Не викајте ме Торбеш
Револуција на барбарите
Претпладнево со став за предвремени избори
Во Португалија цвета бизнисот со стара облека
Запад и Блискиот Исток
Откажана Ф1 трката во Бахреин
„Златна мечка“ за иранскиот „Надер и Симин“
Поделени критиките за Манчевски и во Берлин
Можно е враќање на визите за Западен Балкан
Грците со контраудар за гевгелискиот „Лас Вегас“
Крв на улиците, Гадафи се појави на ТВ
Стил
Најмалку 65 загинати во земјотрес