Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
17.04.2012, 13:14
Нечас: Евроинтеграцијата на Македонија е во интерес и на ЕУ и НАТО



Чешкиот премиер денеска во Скопје се сретна со својот македонски колега, Никола Груевски

Чешката Република го поддржува членството на Македонија во ЕУ и во НАТО бидејќи смета дека тоа е од интерес не само за земјата, туку и за Европската унија и за Северноатланстката алијанса, изјави чешкиот премиер Петар Нечас на денешната заедничка прес-конференција во Скопје со македонскиот премиер Никола Груевски.

- Чешката Република долгорочно го поддржува стремежот на Македноија за влез во ЕУ и НАТО. Ве поддржавме и во Букурешт. Го поддржуваме проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан бидејќи зачленувањето во НАТО и во ЕУ значи проширување на зоната на безбедност и од тој аспект ја имате нашата целосна поддршка, рече Нечас. Изрази подготвеност за споделување на чеките искуства во просесот на приспатпување кон ЕУ, особено во ��елот на усвојувањето на европското законодавство.

Тој се осврна и на унапредувањето на економската соработка меѓу двете земји кон што треба да придонесе и делегацијата од чешки бизнисмени која го придружува во неговата официјална посета на Македонија.

Премиерот Никола Груевски се заблагодари за отворената поддршка на Чешката Република на членството на Македонија во ЕУ и НАТО. Посочи дека во разговорите го информирал својот чешки колега за реформите кои земјата ги спроведува во насока на исполнувањето на Копенхашките критериуми за почнување на преговорите за членство во ЕУ, како и за активностите на земјата во пресрет на Самитот на НАТО во Чикаго. Во тој контекст премиерот Груевски информирал и за деталите од пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг со која недвосмилено е оценето дека Грција ја прекршила Времената спогодба со блокирањето на влезот на Македонија во Алијансата во Букурешт во 2008 година. Се осврнал и на почнувањето на пристапниот дијалог на високо ниво со ЕУ.

- Почнувањето на пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Република Македонија и ЕУ претставува позитивен чекор во вистинска насока меѓутоа не е и не може да биде замена за почеток на преговорите за членство. Но, од друга страна ќе придонесе за прогрес и за завршување на одредени реформи кои би се завршувале кога би започнале преговорите, така што кога ќе започнат официјалните преговори тие ќе бидат значајно пократки затоа што овој период преку овој висок пристапен дијалог ќе завршиме кога би отпочнале официјалните преговори, рече Груевски.

Тој искажа задоволство од унапредувањето на економските релации меѓу двете земји со оглед дека во 2011 година двојно е зголемена трговската размена во однос на 2010 година. Го поздрави и присуството на делегација на бизнисмени од Чешката Република во Македонија како можност за директни контакти со македонските стопанственици што претставува незаменлива алатка за унапредување на економската соработка и трговската размена меѓу двете земји.

Денеска во Владата беа потпишани и две спогодби за соработка меѓу Република Македонија и Чешката Република во областа на меѓународениот транспорт и во здравството.

















Статијата е прочитана 694 пати.

Испрати коментар



Груевски и' даде морална поддршка на Јанкулоска
Ворен Бафет боледува од рак на простата
Масакрирани 14 луѓе во пограничен град во Мексико
Заедничка изјава на ЕУ, НАТО, ОБСЕ и САД за пекратното убиство
Затвор и протерување за Косовците со лажни македонски пасоши
Администрацијата ќе учи на работа со проект на МИОА
Повторно протест на вработените во „Македонија пат“
Професионалните возачи ќе добиваат патни документи по итна постапка
Брејвик - Веќе кажав повеќе отколку што сакав
Повторно одложено судењето за убиството на Јашари
„Орка Холдинг“ нов сопственик на Медиа Принт Македонија
Почнува реконструкцијата на 13 мостови долж Коридорот 10
Министрите на НАТО ќе расправаат за Авганистан
Продолжув�� судењето на Брејвик, повторно поздрав со тупаница
Зоран Трајчевски нов претседател на Советот за радиодифузија
Рајс - Македонија е подготвена за НАТО
ММФ - Македонија годинава со раст од два отсто, следната година 3,2 отсто
Владата се задолжува кај „Дојче банк“ со 250 милиони евра
Усвоен ребалансот на Буџетот за 2012 година
ЗНМ - Медиумите да не шпекулираат за петкратното убиство
Приведени 14 лица по протестите во Скопје
СДСМ - Брзо расчистување на убиството за да се спречи ескалација на состојбата
Филе - Политичарите да апелираат за мир и воздржаност
Јанкулоска - Истрагата оди во добра насока
Опозицијата му објави бојкот на Вељаноски
Брејвик - Повторно би го направил масакрот
Македонија и Чешка ја интензивираат економската соработка
Панета - Со нетрпение ја очекуваме Македонија во НАТО
Повредени лица и оштетени објекти во протестот за петкратното убиство
Протест во Скопје поради петкратното убиство



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 10°C

Претежно облачно

Среда
Делумно облачно
Макс: 13°C, Мин: 4°C

Четврток
Локални грмотевици
Макс: 20°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |