Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
17.04.2012, 12:15
Македонија и Чешка ја интензивираат економската соработка



Двете земји имаат одлични економски односи, но капацитетот за нивно продлабочување се уште не е искористен, оценија министерот за економија Ваљон Сарачини и неговиот чешки колега, министерот за индустрија и трговија Мартин Куба

Енергетиката, инфраструктурата, минералните суровини, туризмот и агро-индустријата се само дел од секторите преку кои Македонија и Чешка ќе ја интензивираат бизнис соработката.

Двете земји имаат одлични економски односи, но максималниот капацитет за нивно продлабочување се уште не е искористен, оценија денеска министерот за економија Ваљон Сарачини и неговиот чешки колега, министерот за индустрија и трговија Мартин Куба.

Според нив, ќе се работи и на зголемување на инвестициите каде, исто така, има простор за подобрување.

- Се надевам дека ова е само почеток на натамошната уште подобра трговска соработка која во иднина секако ќе ја продлабочиме. Таа е интензивирана и преку имплементацијата на Спогодбата за стабилизација и асоцијација што ја имаме потпишано со земјите членки на ЕУ, како и преку членството во Светската трговска организација, изјави Сарачини пред почетокот на македонско-чешкиот бизнис форум во Стопанската комора.

Куба, кој е дел од високата владина делегација што вчера допатува во официјална посета на Македонија, изрази убедување дека разговорите на министерско ниво значително ќе придонесат за подобрување на билатералните односи.

- Работа на ресорните министри е да овозможат повисоко ниво на економска соработка. Ако тоа не го постигнат, не си ја завршиле добро работата. Македонија и Чешка имаат долга историја на меѓусебно добри економски односи кои се особено продлабочени во последните години. Но, се уште не го достигнале полниот потенцијал. Основното прашање што денеска можеме да си го поставиме е, какви чекори треба да преземеме за негово максимално искористување, рече Куба.

Целта на неговото учество на бизнис форумот во Скопје, нагласи, не е само презентација на чешките фирми, туку и повик до македонските компании за искористување на можностите што ги нуди чешкиот пазар.

Министерот Куба ја потврди чешката поддршка за македонското евроинтегрирање и целосната подготвеност да помогне во преговорите.

Тој и Сарачини пред почетокот на форумот имаа билатерална средба на која, меѓу другото, биле презентирани македонските можности за инвестирање во делот на енергетиката, туризмот, земјоделството, минералните суровини, ИТ и градежништвото.

Двајцата министри догoвориле во последното тромесечје од годинава да се одржи седница на првиот Мешовит комитет кој произлегува од Договорот за слободна трговија меѓу Македонија и Чешка. Комитетот треба да ги разгледа можностите и да ги дефинира натамошните чекори за интензивирање на бизнис соработката.

Трговската размена меѓу Македонија и Чешка во првите два месеца од годинава достигна 18 милиони долари од кои четири милиони се извоз од македонска страна, а 14 милиони се увоз. Околу 67 отсто од вкупниот увоз отпаѓа на електричната енргија. Лани размената изнесуваше 83 милиони долари од кои 60 милиони увоз и 23 извоз.

Минатата година од вкупните инвестиции во земјава 0,2 отсто или 600 илјади евра биле чешки. Тоа, констатираа Сарачни и Куба, особено остава простор за уште поголема соработка.




Статијата е прочитана 265 пати.

Испрати коментар



Груевски и' даде морална поддршка на Јанкулоска
Ворен Бафет боледува од рак на простата
Масакрирани 14 луѓе во пограничен град во Мексико
Заедничка изјава на ЕУ, НАТО, ОБСЕ и САД за пекратното убиство
Затвор и протерување за Косовците со лажни македонски пасоши
Администрацијата ќе учи на работа со проект на МИОА
Повторно протест на вработените во „Македонија пат“
Професионалните возачи ќе добиваат патни документи по итна постапка
Брејвик - Веќе кажав повеќе отколку што сакав
Повторно одложено судењето за убиството на Јашари
„Орка Холдинг“ нов сопственик на Медиа Принт Македонија
Почнува реконструкција��а на 13 мостови долж Коридорот 10
Министрите на НАТО ќе расправаат за Авганистан
Продолжува судењето на Брејвик, повторно поздрав со тупаница
Зоран Трајчевски нов претседател на Советот за радиодифузија
Рајс - Македонија е подготвена за НАТО
ММФ - Македонија годинава со раст од два отсто, следната година 3,2 отсто
Владата се задолжува кај „Дојче банк“ со 250 милиони евра
Усвоен ребалансот на Буџетот за 2012 година
ЗНМ - Медиумите да не шпекулираат за петкратното убиство
Приведени 14 лица по протестите во Скопје
СДСМ - Брзо расчистување на убиството за да се спречи ескалација на состојбата
Филе - Политичарите да апелираат за мир и воздржаност
Јанкулоска - Истрагата оди во добра насока
Опозицијата му објави бојкот на Вељаноски
Нечас - Евроинтеграцијата на Македонија е во интерес и на ЕУ и НАТО
Брејвик - Повторно би го направил масакрот
Панета - Со нетрпение ја очекуваме Македонија во НАТО
Повредени лица и оштетени објекти во протестот за петкратното убиство
Протест во Скопје поради петкратното убиство



pile, 17.04.2012 12:40:01
Vistinskiot prijatel, vo vistinsko vreme izobiluva so objektivnost, i ne nudi lazna nadezj.Licno ne se somnevam na zjalbata i iskrenosta na Visokite gosti za podobra ekonomska sorabotka megju dvete zemji,no koga ke go procitaat izvestajot na Ekonomist, i koga preku rejting agenciite ke osoznaat za slobodata na mediumite, vladeenjeto na pravoto,a znaat deka zemjata e nadvor od NATO i EU, kolku i da imaat najiskreni nameri i mozjnosti za investicii, ke se otkazjat kako mnogu drugi prijatelski pretstavnici koi doagjaa vo Bunargjik a od investiciite nisto.Nagradno prasanje za veligden,od koja marka ke bidat vozilata za MVR zemeni pod lizing?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 10°C

Претежно облачно

Среда
Делумно облачно
Макс: 13°C, Мин: 4°C

Четврток
Локални грмотевици
Макс: 20°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |