Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
17.04.2012, 17:11

Мое ќоше

Како долета и одлета Радев

Ерол Ризаов

Скандалот со споменикот на Симеон Радев ја покажува суштината на односите меѓу Македонија и Бугарија

Скопските голубари ќе ви кажат дека најлоши гулаби се таканаречените таванџии и ќерамидџии. Обично тоа се дифтари, ама меѓу нив има првокласни примероци кои, за жал, попримиле лоши навики. Летаат кога сакаат, се спуштаат кога сакаат. На ќерамидите на новото барокно Министерство за надворешни работи во Скопје слета едно јато такви гулаби, измешани демкиши, по некој поштар, месрки, некои англиски и француски високолетачи, една чудесна мешавина на која не и' е рамна француската овошна салата „маседоан“. Овие гулаби без газда тешки по неколку стотици килограми не се обични, не се ни глинени, туку, по се' изгледа, се мермерни, или од некој друг материјал погоден за правење споменици. Бидејќи веќе на земјата и на плоштадите наши нема место за споменици, почнавме да ги качуваме на покривите, поблиску до небото. Ете еден таков споменик изделкан од најизмешаните сорти на чист македонско-бугарски демкиш долета во некое невреме, од никого невиден и нечуен.

Скандалот со споменикот на Симеон Радев, познат ресенец и македонски новинар, голем бугарски деец и најголем бугарски дипломат, кој живеел и работел цели 88 години во еден многу драматичен историски период за Бугарија, за Македонија и за Балканот е само еден од многуте типични примери што внесуваат конфузија во македонската и бугарската јавност и се производ на големи предрасуди, стереотипи, незнаење, примитивизам и провинционализам. Ако направите една анкета во Македонија кој е Симеон Радев, ставам две раце во оган дека 99 отсто само ќе кренат раменици. Освен неколкумина историчари, дипломати и нашиот новинар Виктор Цветановски, тешко ќе најдете наш човек кој знае нешто повеќе за Симеон Радев. Па, зошто тогаш споменик за некого за кого луѓето не знаат ни два збора, ни кој бил, ни што бил.

Одговорот на ова прашање длабоко завлегува во суштината на односите меѓу соседните држави Македонија и Бугарија. Искривената слика што ја остави идеологизираната историја во двете држави и меѓусебната повеќедецениска политика на омраза и недоверба создадоа пустош во свеста на двата народа кои не се подготвени ниту да ја прифатат историската вистина ниту денешната реалност. За да се постават вакви споменици, во Македонија, но и некои други во Бугарија, прво треба и политичарите и научниците да одработат голема работа. Тоа е речиси невозможно ако овие два балкански народа, кои имаат многу испреплетена историја, заедничка и спротивставена, конечно, не се европеизираат. Не е можно како гулаби да долетуваат споменици, восочни фигури, нови истории ако тоа конечно не се одработи непристрасно и научно, ако тоа не повлијае на промената на свеста и ако конечно тоа не значи дека е прифатена денешната реалност за Македонија и Македонците, македонскиот национален идентитет како посебен етницитет. Ни бугарски, ни српски, ни грчки. Можно ли е да се слават големи бугарски дејци, па нека се и Македонци, ако тие влегле во колективната свест како јаничари кои не го признаваат македонскиот национален идентитет и јазикот. Или ако се врежани во таа иста свест како злосторници и македоноубијци, на цветот на првата македонска и интелегенција школувана на Запад. И пазете сега каков кошмар создава во главата на денешниот Македонец фактографијата дека ресенецот Симеон Радев е најголем бугарски дипломат и амбасадор во најмоќните држави во светот. Радев бил во составот на бугарската делегација која во 1913 година во Букурешт го потпишала договорот за поделба на територијата на географската област Македонија на четири соседни држави, што во свеста на Македонецот е запишана како сечење живо ткиво без анестезија. Притоа, малку може да помогне што Симеон Радев е силно поврзан со македонското движење, или дека го спасил од смртна казна Павел Шатев, или затоа што ја пропагирал македонската револуционерна борба и што бил главен уредник на весникот „Македонско движење“ кој излегувал 1902-1903 година во Париз. На зградата каде што излегувал весникот „Македонско движење“ нашиот амбасадор Јордан Плевнеш пред неколку години постави спомен-плоча. Но, тоа тогаш помина тивко без многу таламбаси.

Додека не се напише објективната историја на испреплетените односи меѓу двата народа, нивното заедништво, но и нивната спротивставеност и посебност и додека тоа не стане темел на добри меѓусоседски односи, гулабите ќе слетуваат и ќе одлетуваат од ќерамидите кога сакаат од што ќе се срамиме сите. Тоа е резултат на рејтинг-политика од денес до утре.


Статијата е прочитана 4037 пати.

Испрати коментар



Јанкулоска
Напнат мир во Скопје
Нови закани
Има ли нон пејпер за одлуката од Букурешт?
Панета
Нечас



Koj bil Radev, 18.04.2012 00:51:00
Simeon Radev , barem Vie kako istoricar treba da znaete, bil visoko obrazovan intelektualec , za toa vreme , cenet diplomat , roden vo Resen ,koj se cuvstvula kako Blgarin od Makedonija. Toa stalno go potenciral ,a i go napisal vo svojata avtbiografija.Toa sekagoas go potenciral i ja smetal Makedonija deka e sostaven del na Bugarija, kpja pod pritisok na golemite sili neporavedno e razdelena.. Toa sto go stavil i svojot potpis za podelba vo Bukurest , go napravil so tesko srce , bidejci golemite sili ja osmsile sudbinata na Makedonija na toj nacin. A toa pkpli plocata vo Paris , razgovaraj so Plevnesa, a kako se kacil i se simnal ,kako gulab od pokrivot na MNR, prasaj te gi tvorcite na Skopje. 2014
граѓанин, 18.04.2012 00:53:20
Една од работите што иритира е трошењето пари и неподнесувањето сметка и одговорност кон народот. Го сотреа народот од казни (граѓански казни и давачки, стопански казни и давачки), со тоа и придонесоа дури и македонски патриоти од немајкаде да се побугарчат, колку да преживеат. А кај се казните за постојаните утки на власта ??? Го гледаме со години истиот стил на забошотување, ќе утнат од прва, ќе се направат наудрени, ќе создадат бука за некоја друга афера, а за жал се случуваат и додатни афери доволни да ни ја стресуваат психата до ниво на психолошка граница кога сме благодарни што бар уште сме живи.. Многу парадигми во цел светрапидно се менуваат, меѓу нив и парадигмата владеење т.е. дефинирање на власта - владеењето е се потранспарентно и се бара одговорност, а само Македонецот сеуште има сервилен и кукавички став кон власта. Радев би бил среќен со таков народ - требаше да го оставеа да се топори на покривот.
Srumichanec, 18.04.2012 00:59:35
Mora utre vo Skopie da ima pomenik i na Andrej Ljapchev i segasniot predsedatel na Bugarija Plevneliev koj e 100% makedonec,neli ? :)
demokrat, 18.04.2012 01:08:56
Erole, aj sega i Ti sto se fakas pak za spomenicite. Ocekuvav da napises zbor dva za pozitivnata vest koja nija soopsti cuvarot na parite. Deutsche Bank doturi 250 milioni evra i gi spasi nasmeanite salterdzii, ljubeznite policajci i nasminkanite doktorki.
pameten, 18.04.2012 05:54:01
Makedonskiot narod kje se spasi od konfuzijata koga ja nauchi svojata vistinska istorija. Tragichno e deka 99% od Makedoncite ne si ja znaat istorijata, poshto vo tragichnata 1913 99% od niv znaele koj e Radev i spodeluvale negovoto nacionalno chuvstvo. Konfuzijata kje raste dokaj nashite najdobri intelektualci kako Radev, Dalchev, Talev i t.n. gi objavuvame za jenichari. Idejata na Misirkov da se raboti za poseben Makedonski jazik i identitet, za da se spasi shto mozhe bila masovno prifatena podocna. Ne e tochno deka denes двата народа кои не се подготвени ниту да ја прифатат историската вистина ниту денешната реалност. 99 od Bugarite se spremni da prifatat realnosta - poseben Makedonski narod so Bugarski koreni. Spasod od podelba na Makedonskiot naroe e brgu da mu se objasni vistinata. Inako kje se podeli!
Bogomil(ec), 18.04.2012 07:15:29
Господине Ерол, допадливи изразни варијации, ама недостасуваше елементарниот заклучок дека македонските гулабари во своите јата не ја поднесуваат реата на испоганетите гулаби. Ако веќе се украс, на своите керамиди сакаат да слетуваат чист, а не, како што вели народот посран гулаб. Познато Ви е дека постои и кражба на гулаби. Балканските и европски олуи, што е ноторна вистина, безмилосно ги пустошеле кафезите на македонските гулабари. Во нив останале најзакоравените, најфанатичните, најиздржливите, најотпорните, најдостоинствените. Не ни требаат сега на нашите покриви тетеравења на тавански гулаби, а уште помалку, нека ми биде простено, на посрани гулаби. Ако некој посакал да му се врати на матичното јато, е добредојден. Но не дипломатски шарлатани, и маалски мангупи, туку вистински гулабари треба да му погледаат под опашот колку е тој избербатен и да утврдат дали има место за него на нашите македонски покриви.По тие што самоволно одлетале, не треба да се тагува.
Кој бил Радев (И), 18.04.2012 07:57:11
Во Македонскиот говор има збор ИЗРОД. Такви изроди (како Радев, Тодор Александров, Ванчо Михајлов има многу) а овие последниве двајца највидни се и многу закрвавени. Дури и повеќе имаат убиено Македонци одколку македонските комунисти (Музеј на ВМРО и жртви на комунизмот) по II Светска војна. Историчарите добро знаат и самиот Ерол (историчар-новинар), кој е кој. Тие, како и политичарите неможат да избегаат од перото на историјата и историчарите.
od ostrijot, 18.04.2012 08:37:32
nasata vlada e bolna za spomenici zatoa pocna i za komsijskite zasluzni luge da gradat spomenici i toa se po visoko zadamozat ioni dagi vidat.
Hrabri, 18.04.2012 08:38:57
Г-дин Ризаов, полемиката која водите е клучна за Македонија, и се надевам дека не е премногу доцни за самото постоење на државата. Сочуване со вистината за овој народ и замена на Белградскиот македонизам со јазик на толеранција (гледајте како од Белград се става постојано масло на огнот) За да се избегнат жртви за лажна цел на овој истрадал народ. И за да може да се дише и живее слободно и мирно во МК.
ljub4o, 18.04.2012 08:40:19
pa i goce bil bugarin, pa shto?
Koj Radev i....?, 18.04.2012 09:18:47
Spmenikot so licnosta na S. Radev sto go kacija, pa brgu, brgu ja simnaa od onoa ruglo gradba na novoto MNR, mnogumina za prvpat cuvme za ovoj *slaven* makedonski Bugarin kogo deneska tolku satko, sakaa da ni go sprovnat, vo *novavaodminata* ruglo arhitektura i vo laznata istorija na nashiot nacionalen indentutet!Taka, deneska pocnavme da se interesirae i da ja *lustrirame* ovoa tolku diskutabilna licnost, za koja Plevnes se bori da go slavi vo ime na makedonskiot narod koj mu e blagodaren! NELI E VREME,da se razgled i slucjot Plevnes, za kogo mnozina se prasuvaat; koj e toj sto uspeva da se provlece niz site Vladi i politiki i sekogas da mu se gleda niz prsti?!Koristejki ja titulata( vo sekoj pogled) na bivs ambasador, mozebi se indentifikuva vo likot na S.R. kogo kako probugarin, go obozava i ni go nametnuva, nam i pred svetot?!
ФЕЛИКС, 18.04.2012 09:20:48
По мене ова ќерамидно,,чудо,, го инсталира оној кој играше на картата на непрепознавање на ваква една историски опскурна личност која по игра на случајот има македонски етнички корени.Во прв момент тоа и се случи,после еден месец да не изрипаше радосно оној од бугарскиот Фокус се ќе поминеше не��абележано. Па сега ми делува комично кога сите се нафатија да пишуваат и да се вчуденевидуваат.Инаку по кој знае кој пат симпатизерите од власта на источниот сосед си ги покажаа ,,симпатизерско-националните рогови,,.Најповеќе пречи што на идното МНР ќе има од 50-70 дипломатски ликови кој крајно непродуктивно ќе ја зголемат финансиски изградбата,а и ќе ме подсеќаат естетски како штркови кој се собираат за лет кон југ.
seirdzija, 18.04.2012 09:42:32
Koga imas pretsedatel i premier koi maka macat da sostavat prosto-prosirena recenica,ocekuvas Erol nesto razumno da se sluci vo drzavata???Progres?,Napredok?,Investicii?....zaboravi na toa...okolu spomenicite jasno e deka tie i ne se bitni,bitna e parata sto se svrte i ispra okolu niv.Na mene licno vo ovaa drzava samo mi e nejasna pozicijata na opozicijata,sto sedat u parlament i zasto im davaat legitimitet na unistuvacite na drzavata???Ako cekaat i tie volcite da go izedat magareto,togas i ke nemaat sto da spasuvaat,pa togas neka povelat pa neka bidat konstruktivni 103,5%,a ne sega,ne so vakvi banditi koi pocnaa da ne magarcat sekojdnevno ...
Nikola-BG, 18.04.2012 09:53:19
Pa shto znachi treba da ima edin disput megu bugarski i makedonski istorichari davan po nacionalnite televizi i da se razbere koi kriv koi prav i za koe!
Oбјективна историја е третина Бугари се Македонци, 18.04.2012 09:56:05
Ги озари зракот на македонската писменост, солунскиот дијалект на браќата Кирил и Методи и Татарите на кои им остана само татарското име Бугари. Денес секој трет во Бугарија е со македонско потекло. Во 1950 на попис само во Пирин околу 200.000 Македонци. После договорот Черчил Сталин на следен попис зеро Македонци сите Бугари. Значи не се Македонците Бугари туку Бугарите се Македонци е објективноста.
kris, 18.04.2012 09:58:55
Долета на ВМРО-вски крилја.........ќе одлета еден ден со бесот на народот........белки ќе се свести и овој народ еден ден???????
zedorf, 18.04.2012 10:41:36
i pak od pocetok koj bil sto rekol kako se custvuval . ostavetegi mrtvite kazete nesto za zivite luge proterani od belomorska makedonija od kogo se sramite da kazete deka pred da potpise covekov makedonija bila cela i porobena.
jovan, 18.04.2012 10:42:58
Do demokrat: Deutsche Bank gi dade tie pari za da se vrati dolgot za evro-obvrznicata koja dospeva slednata godina. Bidejki bez ovie 250milioni, Makedonija nema da moze da go vrat toj dolg, Deutsche Bank samo go prolongira Grckoto scenario koe veke go ziveeme. Makedonija veke nema pari, de fakto e bankrot. Makedonija slednite godina-dve ke zivee po principot, daj mi kredit za da vratam kredit. Za mene najinteresno i najzagonetno mi e dali i kako domasnite banki ke si gi naplatat parite koj gi imaat dadeno na ovaa drzava, a so toa, dali voopsto ke mozat eden den da gi vratat i parite na stedacite, koj na nekoj nacin, vsusnost vo momentov se dadeni na drzavata. Se poveke mislam deka vo ovaa bivsa Yugoslovenska drzava, eden den ke se povtori Yugoslovenskoto cudo, nareceno zarobeni devizi.
Dragan, 18.04.2012 12:52:23
Bravo do citatelot Pameten. Sekogas e zadovolstvo da se citaat negovite komentari. Gospodine Erol, vie ste Demokrat I borec za pravda I vistina. Tocno e sto velite deka sega 99% od Makedoncite ne znaat koj bil Simeon Radev, no vo 1913, 99% znaele koj bil toj. Ne samo toa tuku 99% od Resencani ne znaat za nego, isto kako sto ne znaat ni za Andrej Ljapcev ili sto 99% od Prilepcani ne znaat koj e Dimitar Talev. Se raboti za uceni luge, pisateli, premieri, diplomati, za koi vo Makedonija vrska nemame, a se poznati niz celiot svet, na luge sto imaat opsta kultura I inters od balkanska Istorija. Zalno e toa, gospodine Rizaov I vasata Kolumna e bas na mesto. Treba razgovor, muabet, debata, a ne krienje po gluvceski dupki, kako nasite Akademici od MANU.
do koj bil..., 18.04.2012 13:07:05
Ako Radev, bil izrod kakvi bile Krchovski, Pejchinovikj, Miladinovci, ili osnovachite na Bugarskiot Makeodno-Odrinski Revulucionen komitet, no koj shto Radev bil predstavitel vo Pariz?
Ivo Labudovic, 18.04.2012 15:03:27
Ova e dokaz deka makednskiot narod e bombandiran od lagi za istorijata.Trebe da si epten budala da ne razberash deka vo 19 vek poveketo makedonci se samoopredeleli kako bugari pa sega gi mrzi bugarite.Zashto? Oti vaka sakashe Tito i UDBA ,neli? G.Delchev, Jane Sanbdaski, T.Aleksandrov i tn. site bile bugarski oficeri i bile na plata vo Sofija, parite i orujieto na VMRO bilo od Bugarija pa sega nie piseme nova istorija i gi slavime kako makedonski patrioti. Sovremeniot Makedonski nacionalen identitet e zagrozen predse od negovoto povrzuvanje so istoriski nevisitini. Fakt e deka Radev se osekjal Bugarin. No istoto bilo osekjaneto na orgonmoto mnozinstvo Makedonci vo negovoto vreme. Nekulku generacii uchea deka Aleksandrov i Mihajlov bile predavnici. A shto kje pravime so premierot Ljabchev, so profesori kako Balabanov, Miletikj i Arnaudov, so generali kako Djerov, Protogerov i Bojadzhiev, so pisateli kako Talev, Dalchev i Smirnenski. Listata e beskrajna.
citatel, 18.04.2012 17:23:46
Drag g-dine Erol.Citajki gi vasite kolumni Ve dozivuvam kako pogolem makedonec od mnogumina sto gi poznavam iako vasite koreni se turski.Verojatno za toa ste i taka bolno realen vo viduvanjeto za potreba od pomiruvanje na makedoncite i bugarite.Iskreno ,vo mene tlee besot sto nikogas ne mi e ovozmozeno da gi sogledam site aspekti od istorijata pred da mi se potturi deka sme tolku razlicni makedoncite i bugarite.Koj ke kaze deka sme imale izbor ke izlaze .Pred se , jas imam 43 godini i prvpat slusam za Radev, na moi 30 godini prvpat slusnav deka Samoil bil proglasen za Bugarski car , jas ucev deka e prviot makedonski car bez da voopsto se spomene deka vo Vatikan ne stoi bas taka.Za sto se drugo me lazele i uste me lazat?Se dodeka nekoj kaj nas ne kaze deka imame zaednicka istorija , ke veruvam deka nie gi mrazime bugarite
meglena, 18.04.2012 17:54:01
А бе неписмени коментатори и бугарофили. Ако сакаше Македонскиот народ да биде бугарски досега имаше сто шанси да го направи тоа, и пред Тито и за време на Тито и по Тито. Уште повеке што тоа денес значи и автоматски прием во Европсска заедница. Зошто не го направи тоа? Кој му забрани?
Mapkoc, 18.04.2012 19:09:59
Мотивот за овој текст е толку скандалозен да човек не може да ужива во метафоричните „игри„ со гулаби, за кои требаше и познавање на овие птици (можеби е г. Ризаов и гулабар, освен што е јако перо на Утрински?). Мој познајник, еден од најголемите новинари во Хрватска, инаку одамна вљубен во Македонија, не крие загриженост за нејзината иднина. Денес ќе ми напише: „Не беше Киро (мисли на Глигоров) безгрешен, али беше титан за сегашниве неодговорни кичмахери„.Токму така. Камо среќа да е - со епизодава со „гулабите„ над Министерството за надворешни работи - исцрпена фантазијата на „кич-махерите„. Далеку е тоа сонце!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 21°C

Делумно облачно

Среда
Ведро
Макс: 23°C, Мин: 7°C

Четврток
Сончево
Макс: 24°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |