Хороскоп
ОВЕН
Од денеска започнува периодот во кој ќе покажете повеќе иницијатива да ги реализирате своите идеи. Нема да талкате како до сега, туку во се' ќе бидете многу порешителни и поконкретни. Избегнувајте алкохол.
БИК
Умереноста на полето на финасиите веќе донесе резултати, но желбата за ризик не поминува. Одредени луѓе не можат да ве препознаат, зашто се навикнати секогаш да одите на сигурно. Не сте за сериозна врска.
БЛИЗНАЦИ
Преокупираноста со кариерата полека попушта, па денес ќе бидете олабавени и расположени за друштво. Можете да си го дозволите тој луксуз, зашто на време се вративте и успешно ги извршивте важните работи.
РАК
Ве очекува многу поповолен ден од претходниот. Ќе бидете посмирени и подготвени за компромис во работата, а и на приватен план. Постои можност да уплатите туристички аранжман за претстојниот одмор.
ЛАВ
Здравствената криза минува, но тоа не значи дека веднаш треба да се префорсирате. Потребно е да поминат уште неколку дена. Потоа, засукајте ги ракавите и фрлете се на работа. Пред вас е многу поволен период.
ДЕВИЦА
Наредните денови немојте да бидете брзоплети во донесувањето одлуки. Секоја шанса за деловно напредување, влијае неповолно, зашто станувате нестрпливи, што не е ваша особина. Здравјето е моментално добро.
ТЕРЕЗИЈА
Денеска е можно да ви пристигне поволен глас од странство. Многу ќе се израдувате на поканата и ќе бидете добро расположени и по разговорот. Партнерот има потреба да ја измазни ситуацијата со убав подарок.
СКОРПИЈА
Треба да се позанимавате со случувањата во семејството, да превземете нешто конкретно, а не да одложувате мислејќи дека тоа не е сериозно. На работа се разбирате со младите соработници.
СТРЕЛЕЦ
Во наредните неколку денови ве очекуваат нови познанства, главно со помлади личности. Ќе излегувате, па работните обврски нема да ги завршувате на време. Во семејството некој ќе добие пари. Здравјето е чувствително.
ЈАРЕЦ
Работата во голем дел ви зависи од другите. Вие не можете многу нешто да сторите. Комуникацијата со партнерот е многу подобра, но врската се' уште не е стабилна во целост. Здравствено сте добро.
ВОДОЛИЈА
Доколку имате деца, денеска многу ќе ве израдуваат. Веројатно поволните вести ќе бидат поврзани со убави случувања на училиште. На полето на љубовта и понатаму е добро. Со партнерот планирате патување.
РИБИ
Полето на финансиите не е нестабилно, но вие немате купишта пари. Главно добивките се мали, од повеќе страни. Очекувајте нагли промени во наредниот период. Можно е кратко патување.
|