Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
17.04.2012, 17:16

Панета: Нестрпливо ве чекаме во НАТО

Бесими на средба со американскиот државен секретар за одбрана

„Со големо нетрпение ве очекуваме во НАТО��, му порачал американскиот секретар за одбрана, Леон Панета, на својот министерот за одбрана, Фатмир Бесими, кој престојува во САД. Процесот на евроатлантското интегрирање на Македонија бил една од клучните за кои разговарале првите луѓе на одбраната на двете земји. Бесими, според извори од Вашингтон, побарал од Панета Македонија да добие во Чикаго покана за членство во Алијансата, а проблемот со името да биде решен во периодот додека се формализира приемот.

„Тие експлицитно ги поддржуваат нашите напори за членство во НАТО. Го поздравуваат нашиот придонес во меѓународните мисии. Во однос на прашањето за името, охрабруваат да се најде заемно прифатливо решение меѓу Македонија и Грција. Наше е да се каже дека Македонија е отворена за разговори и дека е заинтересирана за НАТО. Македонија во однос на глобалниот мир и безбедност нема алтернатива. Нашиот пристап во решавањето на прашањето за името е - партнери во решение наспроти ривали во проблем“, изјави Бесими во интервју за Гласот на Америка. Според него, за да успее барањето за ваков прием, сепак, потребна е согласност и од Грција.

Во соопштението од неговиот кабинет, таквото барање за фазен прием на Македонија во Чикаго не беше споменато. Место тоа, стои дека Бесими и Панета се заложиле за политиката на „отворени врати“ на НАТО, со можност за членство на сите европски демократии кои ќе ги исполнат неопходните квалификации. Бесими, исто така, искажал подготвеност Македонија да придонесува во тековните и идните мисии на НАТО како членка на Алијансата.

Бесими допатува во Пентагон по два дена поминати во Вермонт, каде што ја поздрави соработката меѓу Армијата на Република Македонија и Националната гарда Вермонт, која тече веќе речиси две децении. (Н.Р.)


Статијата е прочитана 250 пати.

Испрати коментар



Јанкулоска
Напнат мир во Скопје
Нови закани
Има ли нон пејпер за одлуката од Букурешт?
Нечас
Како долета и одлета Радев



pile, 18.04.2012 11:16:52
Tocni se izjavite na Visoki svetski diplomati, deka nikoj ne mozje da mu naredi na respektabilniot klub na pocinuvani zemji clenki na NATO Alijansata, koja zemja da dobie pokana za clenstvo i pokraj ispolnuvanjeto na uslovite za priem.Kako sto e i tocno, deka najavata za grmezji vo Bukurest 2008 godina i posle dva dena grmenjeto od Zagreb nikoj ne go sfati seriozno.Opravdanosta na reakcijata od razmeri sto soodvetno se pocuvstvuva,ja potvrdi Haskiot sud so Presudata od 05.12.2011 godina,so konstatacija deka R.Makedonija na Samitot vo Bukurest 2008 godina bila onepravdana, so neosnovanoto veto od sosedna Grcija.Tovarot koj sto go nosi R.Grcija, nametnat od grupa politicari sledbenici na politikata od 90-tite godini na Balkanot,mozje samo so radikalno odobrovoluvanje od strana na segasnoto politicko rakovodstvo da bide minimiziran i zaboraven.Vo sprotivno cuvstvoto na solidarnost sprema R.Grcija vo bilo koja Organizacija, samo mozje da go optereti i iscrpe poveke i R.M. i sosedot.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 21°C

Делумно облачно

Среда
Ведро
Макс: 23°C, Мин: 7°C

Четврток
Сончево
Макс: 24°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |