Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
17.04.2012, 17:17

Има ли нон пејпер за одлуката од Букурешт?

Атина е на штрек пред самитот во Чикаго во мај, предупредуваат медиумите во Грција деновиве, тврдејќи дека во НАТО веќе циркулира нонпејпер, наводно, од словенечките претс��авници, со кој се бара промена на одлуката од Букурешт според која приемот на Македонија во Алијансата е директно поврзан со решавање на спорот за името. Повикувајќи се на дипломатски извори, весникот „Исотимија“ пишува дека активности за промена на одлуката од Букурешт има и од британска и од турска страна со цел да се промовираат македонските интереси. Весникот пренесува и информација дека САД планираат да организираат вечера на лидерите на државите-партнери на НАТО во рамки на мајскиот самит, а Анкара побарала на неа да присуствуваат и државите-кандидати како што се Македонија, БиХ и Грузија. Се забележува дека барањето на Турција не било прифатено, меѓутоа било договорено ваквата вечера да се одржи на ниво на шефови на дипломатијата. „Сето ова му е познато на грчкото МНР, кое со мала вознемиреност ги следи овие настани“, пишува весникот, потенцирајќи дека главна тема биле напорите да се осигура дека и во Чикаго ќе важи одлуката од Букурешт.

Затоа првиот предизвик, според грчкиот весник, за новиот грчки премиер ќе биде дипломатската криза во однос на отвореното прашање за името со Македонија. „Нова влада, која ќе има свеж, но силен мандат пред себе, ќе има силна опозиција која се противи на мерките за штедење и сето тоа во ситуација на силна економска и социјална криза. Во вакви услови и барања на тројката за нови мерки, кој би си помислил дека на површина ќе дојде едно прашање како што е спорот за името“, пишува весникот, коментирајќи дека Атина ја смирува тоа што, сепак, проширувањето воопшто не е на агендата на самитот. (М.П.)




Статијата е прочитана 750 пати.

Испрати коментар



Јанкулоска
Напнат мир во Скопје
Нови закани
Панета
Нечас
Како долета и одлета Радев



pile, 18.04.2012 10:46:33
Istoriskiot moment za prevzemanje na liderstvoto vo regionot od strana na Grcija do Samitot na NATO Alijansata vo Cikago, e nepovtorliv, so moznost za dokazjuvanje na liderstvoto, deka na Balkanot Evropskite vrednosti se dominantni temeli na sorabotkata i demokratskiot razvoj, a pocituvanjeto na megjunarodnite institucii, nadlezjni za kontrola nad sproveduvanje na spogodbi i dogovori, bile i ke ostanat sustinski patokaz za unapreduvanje na megjusebnite odnosi.Liderite vo R.Grcija,pokraj predizvicite so koi se soocuvaat na vnatresen plan,treba zjivotno da se zainteresirani za vlez na R.Makedonija vo NATO Alijansata,i toa da ne cekajki go samitot vo Cikago.Samo taka ke pokazjat deka periodot od Bukurest 2008 godina pa navamu, treba da se zaboravi kako taktika na dokazjuvanje na politickite vestini,koja ne bi smeelo da prodolzji vo idnina rusejki go kredibilitetot na megjunarodnite institucii i stavajki gi vo pat pozicija zaednickite segasni i idni partneri i sojuznici.R.Grcija MOZJE.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 21°C

Делумно облачно

Среда
Ведро
Макс: 23°C, Мин: 7°C

Четврток
Сончево
Макс: 24°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |