Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
17.04.2012, 14:24

Јанкулоска: Истрагата оди во добра насока



МВР добило повици од околу четириесетина граѓани за возилото „Опел Омега“, за кое се смета дека било на местото на настанот

Истрагата во врска со петкратното грозоморно убиство оди во добра насока, оцени денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Со оглед на тоа што се работи поголем обем на информации и исклучително тешко и сложено кривично дело, таа апелира за трпение за да може полицијата сериозно да направи анализа и да не се дозволи некоја информација која може да е суштинска да не биде доволно разработена.

Јанкуловска укажа дека полицијата има сериозни информации кои би можеле да значат финално разрешување на случајот, но повтори дека е потребно извесно време.

- МВР работи 24 часа, мобилизирани се сите служби и буквално не застануваме ниту за миг. Работиме и на се што е поврзано со петкратното убиство како најголем приоритет, но и на сите други околности што на еден или друг начин можат да се доведат во релација со настанот, како и другите случувања кои неминовно се дел од секојдневниот живот, изјави Јанкуловска.

Таа информира дека се уште не се завршени разговорите со најблиските членови од семејствата на убиените, а причината е нивната општа состојба бидејќи сосема логично, рече Јанкуловска, тие се во голем шок и стрес и не се во состојба да дадат исказ кој евентуално би можел да и користи на полицијата.

Министерката Јанкуловска информира дека по објавувањето на фотографиите на возилото за кое се смета дека било на местото на настанот и најверојатно е поврзано со убиството, МВР добило повици од околу четириесетина граѓани на телефонската линија 199. Дел од нив, потенцира таа, се поклопуваат со претпоставките на полицијата и во текот на денешниот ден продолжува анализата на сите информации и нивно ставање во контекст на целосно завршување на истрагата.





Статијата е прочитана 2341 пати.

Испрати коментар



Груевски и' даде морална поддршка на Јанкулоска
Ворен Бафет боледува од рак на простата
Масакрирани 14 луѓе во пограничен град во Мексико
Заедничка изјава на ЕУ, НАТО, ОБСЕ и САД за пекратното убиство
Затвор и протерување за Косовците со лажни македонски пасоши
Администрацијата ќе учи на работа со проект на МИОА
Повторно протест на вработените во „Македонија пат“
Професионалните возачи ќе добиваат патни документи по итна постапка
Брејвик - Веќе кажав повеќе отколку што сакав
Повторно одложено судењето за убиството на Јашари
„Орка Холдинг“ нов сопственик на Медиа Принт Македонија
Почнува реконструкцијата на 13 мостови долж Коридорот 10
Министрите на НАТО ќе расправаат за Авганистан
Продолжува судењето на Брејвик, повторно поздрав со тупаница
Зоран Трајчевски нов претседател на Советот за радиодифузија
Рајс - Македонија е подготвена за НАТО
ММФ - Македонија годинава со раст од два отсто, следната година 3,2 отсто
Владата се задолжува кај „Дојче банк“ со 250 милиони евра
Усвоен ребалансот на Буџетот за 2012 година
ЗНМ - Медиумите да не шпекулираат за петкратното убиство
Приведени 14 лица по протестите во Скопје
СДСМ - Брзо расчистување на убиството за да се спречи ескалација на состојбата
Филе - Политичарите да апелираат за мир и воздржаност
Опозицијата му објави бојкот на Вељаноски
Нечас - Евроинтеграцијата на Македонија е во интерес и на ЕУ и НАТО
Брејвик - Повторно би го направил масакрот
Македонија и Чешка ја интензивираат економската соработка
Панета - Со нетрпение ја очекуваме Македонија во НАТО
Повредени лица и оштетени објекти во протестот за петкратното убиство
Протест во Скопје поради петкратното убиство



jimmy1, 17.04.2012 16:03:05
Ovaa istraga po podseka na edna emisija od Ckalja, ne se sekavam kako se vikase, Ckalja veli: Evo uhvatili smo lopova, samo za momenat, sad cu da ga zgrabim, op nema ga, pobego je. Istoto ke se sluci i so ovaa istraga. Lugevo se za zalenje, rabotale po 24 casa na den,ha ha ha, ako e toa taka Makedonija ke bese pod policiska opsada i pile ne ke mozese da preleta a kamo li da izbegaat ubijci na vakve svirepo ubistvo. Kaj nas prvo im se dava moznost da izbegaat pa posle pocnuva potraga po niv a mozebi i formalna tolku da i zamackaat oci na janvosta.
ekrem, 17.04.2012 16:22:44
Bezkorisni se praznite zborovi, treba rezultati. Kazna za zlostornicite no pred se nivno apsenje. Mora da funkcionira pravnata drzava, da nema mesto za vakvi pojavi so tragicen kraj.
stanka, 17.04.2012 16:24:52
ist komentar dade taja po 24 casa eve sega 5 dena nisto novo,nemoze da se rasvetli vo reon policija e albanci zatoa nikoj nisto ne videl ili cul 5 casa pred i 5 casa posle.uste malku ce åpomislam deka izvrsiteli bile vo policiska uniforma?
emil, 17.04.2012 18:52:45
A DETONATOROT? STO STANA SO NEGO?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 10°C

Претежно облачно

Среда
Делумно облачно
Макс: 13°C, Мин: 4°C

Четврток
Локални грмотевици
Макс: 20°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |