17.04.2012, 09:25 Панета: Со нетрпение ја очекуваме Македонија во НАТО
На средбата на американскиот секретар за одбрана во Пентагон со министерот за одбрана на РМ, Фатмир Бесими, било разговарано за редица одбранбени и безбедносни прашања
Панета изразил благодарност за непоколебливиот придонес на земјата во операциите на коалиционите сили. Според портпаролот на Пентагон, Џорџ Литл, Панета му порачал на Бесими дека со нетрпение го очекува идниот прием на Македонија во НАТО.
Првите луѓе на одбраните на САД и Македонија размениле и идеи за регионалните односи во Југоисточна Европа и како да се зачуваат суштински важните капацитети во услови на сегашната буџетска ситуација, особено во однос на иницијативите на НАТО од областа на таканаречената „мудра одбрана“.
Министерот Бесими во интервју за Гласот на Америка на македонски оцени дека средбата со секретарот за одбрана Леон Панета поминала во пријателска атмосфер��, а се разговарало за теми кои беа значајни во областа на билатералната, регионалната соработка, како и евроатлантските интеграции, особено зачленувањето во НАТО.
На новинарско прашање кои се очекувањата од Самитот на НАТО во Чикаго, Бесими нагласи дека тоа што е битно дека нема да создадеме нереални очекувања оти таа работа е договорена и шансите се големи, затоа што тргнуваме од позиција кога во агендата во Чикаго го нема проширувањето. Сите наши активности, посочи тој, одат во насока што повеќе да се сензибилизира прашањето за зачленувањето во НАТО. Тоа е од интерес за Македонија, за регионот, но и за Алијансата.
Бесими вели дека прашањето за името се наметнало во разговорите со официјални американски лица за време на посетата на САД.
- Тие експлицитно ги поддржуваат нашите напори за членство во НАТО. Го поздравуваат нашиот придонес во меѓународните мисии. Во однос на прашањето за името, охрабруваат да се најде взаемно прифатливо решение меѓу Македонија и Грција. Нашата заложба е да се каже дека Република Македонија е отворена за разговори и дека е заинтересирана за НАТО. Македонија во однос на глобалниот мир и безбедност нема алтернатива. Нашиот пристап во решавањето на прашањето за името е - партнери во решение наспроти ривали во проблем. На прашањето гледаме како на предизвик за двете страни, и обете страни да пристапиме за решавање на ова прашање, одговори Бесими во интервју за Гласт на Америка на македонски јазик.
Одговарајќи на прашањето дали на средбата станало збор и за евентуалното зголемување на бројот на македонските војници во мисијата ИСАФ во Авганистан, Бесими подвлече дека станало збор за трансформацијата на мисијата на НАТО во Авганистан по 2014-та.
- Нашиот став е дека Република Македонија ќе ги следи одлуките што ќе се донесат на Самитот во Чикаго. Како ќе се договорат членките на НАТО, така и ние, согласно нашиот капацитет, ќе имаме свој придонес во НАТО. Ние остануваме кридибилен партнер на НАТО и остануваме меѓу петте земји со најголемо учество во ИСАФ според бројот на жители, нагласи министерот за одбрана.
Една од темите во Пентагон, истакна Бесими, беше доколку Македонија може да добие покана за членство на Самитот во Чикаго и во пристапниот процес кој вообичаено трае две години, да се најде заедничко прифатливо решение.
- Меѓутоа, за еден ваков пристап да се реализира, потребна е согласност и од Македонија, и од Грција, рече Бесими во интервјуто за Гласот на Америка на македонски.
|
|
Статијата е прочитана 1163 пати.
|
Испрати коментар
|
|
P.Petar, 17.04.2012 11:56:51 | Po nikakva osnova /kulturoloska,istoriska,politicka/ Makedonija ne mu pripagja na Zapadot. Ne mi e jasno do koga ke se pere mozokot na Makedoncite deka poubavo UTRE e mozno samo so gubenje na samostojnosta odnosno clenuvanje vo ne mnogu popularnoto NATO.Sto treba da se konfrontirame protiv Rusija i Kina ??? |
| pile, 17.04.2012 12:03:40 | Gi pozdravuvam naporite na istoriski dokazjaniot sojuznik i prijatel na R.Makedonija,kako i tezjnenieto na Samitot vo Cikago da se demonstrira edinstvo na NATO clenkite,vprocem kako sto i se bara ,,pri ispolnuvanje na nivnata sveta misija(F.R.).Pred Samitot vo Cikago vo maj,zemjite clenki pri razmisluvanje za priemot na R.M.vo NATO Alijansata, sekogas razmisluvanjeto da im zapocnuva od R.Grcija, od pricina sto, komparativno, ako Samitot vo Bukurest bese neregularen sportski natprevar, so grubo krsenje na megjunarodnoso pravo od strana na Grcija, sto go potvrdi MSP vo Hag so Presudata od 05.12.2011 godina, pri sto R.Makedonia, bese suspendirana od osvojuvanje na ,,amblemot na pocituvani``,i go definira idnoto odnesuvanje na R.Grcija,so priemot na R.Makedonija, vo ovie teski momenti za R.Grcija se doprinesuva za zatopluvanje na dobrososedskite odnosi megju dvete sosedni zemji, a nesomneno i vrakanje na ugledot na R.Grcija na megjunaroden plan. |
| НЕВЕН ГНЕВЕН, 17.04.2012 14:07:50 | Прво за во Букурешт. Сите знаеја дека Грција нема право да става вето на било кои интеграции на Македонија , но никој не стана во Букурешт да го кажи. Секој си го тргна газот настрана и ја оставија Македонија на цедило. Тоа е на назад САМО 20 години. И уште ќе не нишаат? Што се залажувате? |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 10°C
Претежно облачно
|
Среда
Делумно облачно
Макс: 13°C, Мин: 4°C
|
Четврток
Локални грмотевици
Макс: 20°C, Мин: 7°C
|
|
|
|
|
|