17.04.2012, 15:25 Приведени 14 лица по протестите во Скопје
МВР привело 14 лица, по вчерашните протести во Скопје организирани во знак на револт за петкратното убиство кај Смиљковци.
Се очекува денеска врз основа на сите докази МВР да оформи кривични, прекршочни или други вид поднесоци кои ќе бидат доставени до надлежните судови за санкционирање на сите оние кои, како што рече министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, својот револт го манифестираа на насилен начин, при што непотребно предизвикаа дополнителен ангажман на полицијата која треба да работи на расчистување на убиствата.
Според Јанкулоска, протестирале околу 1.000 лица, главно пред Владата, кои предизвикале инцидент во кој потешко се повредени двајца полицајци, а тројца граѓани исто така се здобиле со повреди. Нападнати биле и медиумски екипи кои известувале за настанот. Била предизвикна материјална штета, скршени се прозорски стакла на зградата на Владата, оштетено полициско возио, како и неко��ку билборди.
|