17.04.2012, 17:08 Велигденски благослов со знамето од Вергина
Поглаварот Стефан им го честиташе Велигден на православните верници стоејќи покрај шестнаесеткракото знаме на Вергина
Знамето со шеснаесеткракото сонце од Вергина го одвлече вниманието на верниците, додека првиот човек на Македонската православна црква, г.г Стефан упатуваше јавна Велигденска порака преку телевизиските екрани. На снимката која се вртеше на телевизиите, поглаварот на МПЦ го кажуваше Велигденското послание, а од неговата десна страна покрај црковното знаме можеше да се види знамето на Вергина.
Официјално, не се објаснува зошто знамето од Вергина, кое инаку е симбол на античките Македонци стои до официјалното црковно знаме. Непишана пракса е телевизиите да земаат претходно снимена порака од поглаварот на МПЦ, така што никој не може да потврди дали оваа снимка е направена во кабинетот на првиот човек на МПЦ или е од друга локација.
Вчера побаравме, но не добивме одговор од кабинетот на првиот човек на МПЦ зошто знамето на Вергина е во прв план на снимките со Велигденската порака на г.г Стефан. И, што имаат заедничко античкото сонце од Вергина и христијанството, чии корени се појавуваат четири века подоцна. Иако не е тајна дека Сонцето од Кутлеш или Вергина се појавува и во многу црковни објекти, фрески, икони, монети итн.
Во јавноста постојат полемики за т.н антиквизација што се доведува во корелација со поставувањето на скулптури од античкиот период, поставувањето на антички имиња. А, знамето покрај кое стои поглаварот на МПЦ се појавува токму во време на бурната расправа во јавноста за тоа дали постои или не антиквизација.
Изминатиов период токму поставувањето на античките имиња на јавни објекти ги провоцираше и ги зовре страстите кај нашиот јужен сосед, Грција, која во неколку наврати остро реагираше на случувањата во земјава. Познато е дека Македонија токму поради реакциите од Грција го смени изгледот на некогашното државно знаме и шеснаесеткракото сонце го смени со осумкрако. Но, дали сега повторно Грција ќе реагира и на шеснаесеткракото знаме на Вергина, покрај кое официјално на верниците им се обрати првиот човек на МПЦ, г.г Стефан? (Ж.Х.З.) |
|
Статијата е прочитана 3390 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Zare, 18.04.2012 00:08:09 | Abe vie ne ste normalni.Grk li go pisuval ova be???? |
| хм..., 18.04.2012 00:10:16 | Поп и знаме... |
| Itar Pejo, 18.04.2012 00:24:27 | Toa e zatoa sto tatkoto na Voinot na konj e osnovopolagac na MPC. Ovoj fakt ne odgovara na komunistickata istorija, ama neli pobednicite ja pisuvaat istorijata, a pobednik e VMRO DPMNE. |
| demokrat, 18.04.2012 01:00:16 | Ja otkrivte Amerika. Znameto so sestnaesetkrakoto sonce so godini stoi vo kabinetot na g. Stefan. |
| sale, 18.04.2012 01:30:54 | Ne e Vegrina tuku e KUTLESH,da ve popravam!
vergina e na grcki,a nie ne sme grci,nitu vie novinarite poz! |
| Tashko, 18.04.2012 01:48:04 | Toa zname e od Kutlesh a ne od Vergina i beshe oficijalno zname na MKD. I shto ima tuka sporno ne ve razbiram ????????????? |
| Jon, 18.04.2012 02:42:38 | Poradi ovaa slika sigurno Grcija ke reagira no prvin preku nivnata ekspozitura vo Bihakka |
| Dragan, 18.04.2012 03:05:30 | Ставањето на антички пагански симбол од антички племиња кои биле многубожци, а самиот Александар бил хомосексуалец, пијаница, убиец, поробувач, угнетувач итн. нешта кои се спротивни на православието, тоа е сквернавење на Црквата. И воопшто не е точно дека ѕвездата од Вергина ја има по нашите цркви и икони. Тоа што антиквизаторите го претставуваат како Ѕвезда од Вергина е во некои случаи Витлеемската ѕвезда, а на сите икони на Богородица по цел свет има 3 ѕвезди кои во никој случај не се поврзани со вергина колку и да се слични. Впрочем сите ѕвезди личат, имаат диск и краци. Ѕвездите на Богородица се „Usually, there are three stars on the Virgin’s maphorion — one on the forehead and one on each of her two shoulders. They symbolize Mary’s virginity before, during, and after Christ’s birth.“ Стефан треба да се засрами со неговото политиканство и богохулење и антиквизација. |
| AA, 18.04.2012 04:24:53 | Ne e of Vergina, od Kutles e! |
| Mihailo Apostolov Malme Svedska, 18.04.2012 06:28:10 | Dene{nite Makedonci se legitimni naslednici na antickite Makedonci bidejki so niv dellele i dobro i zlo od odagjanjeto na Balkanskiot poluostov pa do denes.Svedskite istoricari Gustaf Jakobson i simon Erlandson vo ucebnikot po istorija napi{an maj 1941 godina antickite Grci gi narekuvaat varvari. Za anticka Makedonija ,,Taka uspea edna negrcka dzava (Makedonija) vo toa sto Grcite sami nikogas ne mozea da postignat: Edno politicko spojuvawe na site Grci. Zaklucok. Grcite vecno treba da im se blagodarni na antickite Makedonci inaku mozebi i do denes megjusebno ke se unistuvaa vo megjusebnite vojni. |
| laze, 18.04.2012 06:40:42 | Ne mi se veruva sto gluposti pisuvate,pa sto ako stoi toa zname. Da ne se navredivte mozda vie slucajno ili vi smeta znameto. Nisto obavezno da se pozalite kaj komsiite nasi. izgleda deka nikoj od strana nemora da ne napaga mozeme nie sami da se unistime. |
| Симболот е од Македонија, од Кутлеш, 18.04.2012 06:49:33 | Се до 1913 овој симбол е македонски. Од Кутлеш, Пела на Александар и Мисирков и Македонците, каде најблизок поголем град е Воден кој во 1913 е со 80% Македонци. Грција ниту сонувала дека пола Македонија ќе влезе во состав на државата. Од проста причина, немало Грци. Еден Солун во 1900 бил македонскоеврејскотурски град односно кога имал 135.000 жители само 15.000 биле Грци.Вака пишува Грк доселен после 1913 во Македонија д-р Накраѕас. Грција ги смени топонимите и грчки значи е симболов само 90 години. Овој симбол е мој и јас со гордост го носам како и сите Македонци се повеќе а Гркот не го лјуби од срце оти му е туѓ и наметнат. Грците во Македонија се доселени како колонизатори после 1913 год. |
| Za komentatorite, 18.04.2012 07:45:47 | Ne e problemot od kade e znameto, od Kutlesh, ili od vergina, problem sto go nema znameto na Republika Makedonija i shto stava neoficijalno zname. I koga nie samite ne ja pocituvame svojata zemja i nejzinite simboli, dali moze da barame drugite da ja pociruvaat nashata zemja. VIE go rushite ugledot na R.Makedonija. |
| Македонец (РМ), 18.04.2012 08:02:47 | Алоооо, новинаре!!!! Тоа знаме е од КУТЛЕШ. Многу лесно се продаваш. А тоа знаме колку да знаеш е симбол на Македонците (на нас Македонците како национална или етничка група на европски или светски народи), не на државата Република Македонија. |
| Бранко М, 18.04.2012 08:36:13 | А што му фали на знамето? И јас кај мене во мојата кнацеларија си имам на сред маса такво знаме. Работам меѓу другите и со грчки компании и знамето си стој каде што му е местото. Ниеден грк, никогаш досега не ми рекол во врска со знамето дека му пречи.
А како второ, Македонија е секуларна држава и верата е одвоена од државата, така да Неговото Блаженство можи да си стави такво знаме.
Арно ме подсетивте, да си ставам едно такво и на зидот во кабинетот за преговори, во петок ми ида руси на потпишување на договори па малце да се подновиме. |
| Istocna Makedonija, 18.04.2012 10:40:16 | Aj sega,sto bi smetalo da gi demistificirame nasive
koreni i normalno,ova,da go napravat kompetent-
ni eksperti-istoricari i sl.Neobremneti so politicki
naboi i indoktrinacii.Pa,makar korenive makedon-
ski da bidat Anticki,pred Hrista,Slovenski...Mnogu
e ova relevantno...A vrhovniot poglavar na nasa
ta MPC e dovolno educiran,elokventen,stabilen da ne penetrira vo politicki i dnevno aktuelni nas-
tani.Kaj Srbive imase eden popDjujic,taka nekako
pred poveke od 60 godini...No,vo komunistickoto
etabliranje imase i eden pop Zecevik...Um... |
| Ѓоре, 18.04.2012 10:40:52 | На секоја грчка црква виси знамето на Византија, двоглав килав (не како албанскиот масен) орел на жолта подлога. А зад бирото на грчкиот патриарх (ги има 5такви: светски, и уште 4 регионални и еден за Грција) па ги има како македонските барјаци пред владата. Инаку во рамкит ена Византија влегува Цела источна Европа западна Азија (цела Турција), па се` од Египет и друштво. Тоа постојано го гледа целиот свет па никому ништо. Повторно цело НАТО гласаше против нас, заедно со Грците... Па чоеков сосема малку „згрешил“ со барјакот од Кутлеп или не е вашно од каде. |
| Covekot si e anticki Makedonec, 18.04.2012 10:52:27 | Dragane najde od kogo da baras da se zasrami. Pa Stefan e vo sprega so vladeeckava struktura. Toj na poitpolno nekanonski nacin sedna na stolot arhepiskopski. Fakticki go postavi VMRO-DPMNE i sega mora da im sluguva i izigruva politicki instrument .Eve im go dade za portparol Agatangel.Inakum sto se odnesuva do znameto so zvezdata na Virgina ili Kutles, covekot si go cuva oti ima kasno oznaceni anticki koreni, uste od Alaksandar navamu. Pokasno se premislil i od mnogubozec presol vo pravioslaven hristijanin i gledaj dokade doteral. |
| Rezzilov, 18.04.2012 10:52:43 | Да ли сте нормални?Што Вам ви пречи македонското (не државното) знаме?Од Атина ли е новинаров?Во кабинетот на поглаварот тоа знаме стои дваесетина години и сега на некого му текнало да се чуди.А се знае кој се чуди! |
| citatel, 18.04.2012 11:05:09 | Zosto be vie golemi patrioti togas se bunite koga vo nekoja albanska opstina go nema drzavnoto zname na Makedonija. Se dodeka ne nauci Makedonecot deka zborot patriot ne e isto sto i nacionalist nema da ne bide. |
| Pejo Glupaviot, 18.04.2012 11:21:28 | Da reces Vergina za Kutles toa ti e isto kako da reces Istambul za Carigrad. Sramota za novinarot. A normalno e znameto od Kutles da ja krasi MPC zatoa sto Aleksandar Makedonski za makedonskite pravoslavni hristijani e isto kako i Muhamed za muslimanite. Se nadevam deka mojov komentar e na isto patriotsko i intelektualno nivo kako i mnozinstvoto od ostanatite komentari. |
| Karolina Dukik, 18.04.2012 11:29:18 | Tokmu taka hm....pop i zname i politika i avtomobili, i hoteli, i ljubov so politicari,,....se e toa del od verata...eve i ova e, ke se istepaat komentatorite cie e znameto, nase vase...na Ace na Filip, na Isus... |
| Tina, 18.04.2012 11:47:13 | Popot si znae rabotata. Toj gi predstavuva Makedonskite pokolenija od antikata do denes.
Naseto zname e predadeno so sram i izdajstvo.
Edna sramota e, sto nasite politicari ne se predstavuvat, ili go imat znameto od Kutles, vo nijnite kancelariji koga zboruvat so diplomati od nadvor od Makedonija.
Na site da im e jasno, da nie Makedonci ne sme napraveni vcera, kako Grcite sakat toa da go prodavat na svetot.
Bar jas ne sum napravena vcera.
Bravo na Popot, toj ima validni cekor napred. |
| gogo, 18.04.2012 12:23:09 | Dobro be ludi li ste, Vergina,Kutels sto i da e sto ima vrska so MPC i so hristijanstvoto! tolku ste pismeni, obozavate pagani i nivnite simboli! dosta so ovaa versko-nacionalisticika histerija dodeka ne e predocna. Dosta so ovoj sindrom na samounistuvanje! |
| Ајван Доктор®, 18.04.2012 12:43:16 | Македонија стана држава во која „чудото“МПЦ е над државата!Ова го докажува и знамето кое никогаш не било македонско,но кое стои крај црковното во замена за државното!Ваквиот игнорантски однос кон државата и кон нејзините симболи таа го потврдува во повеќе наврати,па и со прогласувањето на сите атеисти и противници на „пастирот“за антихристи,во време на Велигден,како и многу пати пред тоа,делејќи го народот и коментирајќи настани одлуки на државни институции,најчесто поставувајќи се себеси во улога на портпарол и апологет на власта и на владеачката партија!Невидена дрскост од оние кои црквата ја претворија во највносен бизнис и маркетинг служба на владетелот,а при тоа се претставуваат себеси како некакви „духовни водачи“...а духот ― празен,к’о шупелка!Изгледа,тежината на митрата им врши преголем притисок врз главата! |
| Do koga, 18.04.2012 12:46:14 | Do koga Crkvata ke se mesa vo politikata? Zarem zvezdata od vergina e simbol na MPC? Vreme e arhiepiskopot da ostane samo na poleto na Crkvata. Toj nee i nesmee da bide politicki propagator, kakov e i Vladikata Petar i Agatangel. Neka se posvetat samo na vernicite. |
| IXTIS, 18.04.2012 12:52:46 | Значи дефинитвно Нашиот народ не знае што сака. Не можам да ве разберам, кога има некои фудбалски натпревари или некои протести не знам што уште не, знамето од кое што го сметате за Античко, паганско беше веено и изнесувано. А да не збориме па за Александар Македонски кого го поставија на плошдат кој беше паганин, а ние се удираме во гради дека сме ПРАВОСЛАВНИ ХРИСТИЈАНИ. Зашто тогаш не се кренавме против таа одлука? Зашто дозволивме Црквата на плоштад да не биде изградена? И сега едно знаеме што било во кабинетот на пастирот на Македонскиот народ ни смета. Најпрвин треба да се покажеме и докажеме дека сме Православен народ па после да пишуваме вакви статии или пак да ги коментираме. |
| Do do Komentatorite, 18.04.2012 13:13:48 | Тоа што кадарот не го фатил и државното знаме на Р. Македонија, не значи дека го нема? (ти текнува) Ако се забележува добро ова знаме е од левата страна, што значи од десната страна, достоинство му е укажано на државното знаме. Инаку Во Кабинетот на Архиепископот, во хдникот, Во канцеларијата на шефт на кабинет, во салата на Синодот, има и знаме на ЕУ... |
| tomce, 18.04.2012 14:04:04 | pa so ova zname i samiot Isus propovedal niz izrael (togas ne bil Izrael ami Judeja ,Kannan...) i toj go nsledil od Aceta , bidejki bil vo genetska vrska so vtoriov--znaci nie sme potomci i na Aceta i na Jesus |
| makedonka, 18.04.2012 14:15:14 | sakajte ja makedonija onolku kolku sto se sakate sebe ne pacajte pod vlijanija sekoj neka pravi dobri dela neka se pridrzuva na 10-te bozji zapovedi i na zakonite na covecnosta togas nema da ima nikakvi problemi .pozdrav setete se deka treba najprvo da bideme luge...... |
| maledonka, 18.04.2012 14:16:34 | Vo sekoja normalna drzava pokraj crkovnoto zname bi stoelo znameto na drzavata (utvrdeno so ustavot). Naseto momentalno zname ne e sonceto so 16 kraci!!
Vakvi gafovi (provokacii) mozat samo vo Makedonija da se slucat. A Stefan neka se pomisli deka skoro 50% od naselenieto ne se pripadnici na VMRO a negovata politicka opredelba ne treba javno da ja manifestira.
|
| RISTO OD STRUMICA, 18.04.2012 15:17:20 | mene znameto od Kutles mi e zakaceno na retrovizorot na kolata , se da si go gledam, bas i poradi toa sto ni go zedoa, . |
| recenzent, 18.04.2012 15:25:16 | Кутлеш. Селото се вика Кутлеш а не Вергина. И, црквата не подлежи на привремената спогодба, бидејќи не ја ни потпишала. Државата нема право да и се меша на црквата како ќе се претставува и кои знамиња ќе ги користи. Освен тоа, ако го истакнеше знамето на ЕУ или НАТО (каде не сме членови) исто така ќе беше проблем ? |
| Алекс, 18.04.2012 15:50:18 | Како што албанците имаат ``етничко`` знаме, така и ние македонците имаме свое. Сакале или не, неофицијално тоа е сонцето од Кутлеш и првото државно знаме. И зошто да не е така? Црквата не е државна институција и таа може да го користи, за разлика од државата која е обврзана да не го користи (не дека не сакаат).
Државното знаме (со 8 краци) припаѓа и би требало да припаѓа на сите кои живеат во оваа држава. Иако научно, знамето е секогаш симбол на територија и не постојат и не треба да постојат ``етнички`` знамиња. |
| Ѓорги - Струмица, 18.04.2012 17:36:32 | Исправка до редакцијата: Знакот на сонцето со шеснаесет краци е ископан во Кутлеш |
| bitolaman, 18.04.2012 19:01:35 | da ne zaboravime-toa zname kako drzavno go donese SDSM so protivenje na DPMNE(da ve potsetam deka DPMNE togas bese za predlogot zname so lav),no i SDSM go smena za sto imase apsolutno pravo so samoto toa sto taa samata go donese.
od kade sega vakvi patrioti da se prepishuva zasluga na znameto na kvazipatrioti i aramii kako sto e i doticniot gospodin na slikata makro vo hotelot izgrev i ljubitel na velelepni djipovi. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 21°C
Делумно облачно
|
Среда
Ведро
Макс: 23°C, Мин: 7°C
|
Четврток
Сончево
Макс: 24°C, Мин: 9°C
|
|
|
|
|
|