Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
17.04.2012, 17:09

Македонскиот маркетинг-простор загуби врвен стручњак

Иван Пешев (1972 – 2012)

Си замина творецот на рекламите за пивото „златен даб“, „Купи куќа, купи стан“, како да се стане од мали нозе бизнисмен и мноштво други реклами кои се вртат по телевизиите. Во својата 39. година од животот, почина Иван Пешев, извршен и креативен директор на маркетинг-агенцијата „Република“. Македонскиот маркетинг-простор загуби врвен ПР-стручњак. Животот му го одзеде тешко заболување, кое и го затекна на работното место. За него се зборува дека е еден од ретките лица во рекламната дејност кој толку многу си ја сакал професијата, а кој беше толку анонимен за јавноста. Веројатно скромноста му била една од неговите доблести. Роднините и пријателите го карактеризираат како отворен, духовен и многу интелигентна личност, но ќе го паметат и како успешен сопруг и татко на три деца. Кариерата на Иван Пешев остави голем печат во создавањето и созревањето на рекламниот бизнис во Македонија, и во невладиниот сектор, а неговото прерано заминување претставува голема загуба и за општеството, затоа што на полето на оваа важна област во современиот маркетинг можат на прсти да се избројат вистинските експерти како што бил Иван, велат неговите соработници и пријатели.

За неговата фирма „Република“ се врзуваат многубројните реклами и кампањи кои биле изработени за промоција како на политичките партии така и за јавни претпријатија, и познати трговски брендови. Негов бренд и на агенцијата е „Златен даб“ на Прилепска пиварница, а заедно со креативниот тим на „Република“ имаат изработено реклами за претпријатија од разни профили, како „Водовод и канализација“, потоа „Катлановска бања“ „Пелистерка“, „Македонска пошта“, „ТТК мебел“.

Иако на Иван, како што велат другарите, првата љубов му била пишување сценарија за филмови, сепак тој од мали нозе пројавувал посебен интерес за рекламите, како се изработуваат тие и како да се продаде производот. Уште во гимназиските денови имал јасна визија дека еден ден ќе стане познат ПР- стручњак и дизајнер на реклами. Дел од своите знаења за маркетинг ги стекнал во Бугарија каде што и студирал. На маркетингот и на ПР-односите се посветил целиот свој живот.

Неговите почетоци како маркетинг-агент се во агенцијата „Овејшн“, а набргу потоа се префрлил во маркетинг-агенцијата „Идеја плус“. По искуството во оваа исто така реномирана агенција, Пешев ја создава својата агенција „Република“. За неговата прва самостојна кампања се смета онаа за претседателските избори во 2004 кога ја изработи политичката промоција на д-р Сашко Кедев за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. По неа следат најмалку стотина кампањи, а во поново време заедно со својот тим работеле на многубројни кампањи на Владата, како онаа за образование, за странски инвестиции, иновативност, за толерантност, за претприемништво, како и на пропаганда на повеќе државни претпријатија, како што е Агенцијата за електронски комуникации, Градски паркинг, Агенцијата за странски инвестиции. Негова идеја се и телевизиските реклами за Лотарија на Македонија, Макпетрол, Охридска банка, УНИЦЕФ, ЕЛЕМ...

Познат е и како добар бизнисмен, кој знаел солидно да раководи со агенцијата. Во 2007 година, Стопанската комора на Македонија го избра Иван Пешев за претприемач на годината и тоа во секторот за микробизниси. (Ј.Ј.)


Статијата е прочитана 8903 пати.

Испрати коментар



Селата Лера и Рамна молат за нов мост на Шемница
Институтот за старословенска култура во клиничка смрт
Напнат мир во Скопје
Нови закани
Велигденски благослов со знамето од Вергина



Istocna Makedonija, 18.04.2012 08:02:44
Neka pociva vo mir.steta mlad covek!Uste edna zrtva na dinamiucnoto vreme vo koe ziveeme- zivotarime!
BILJANA E., 18.04.2012 15:36:34
neka pociva vo mir... :((((

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 30°C

Ведро

Среда
Ведро
Макс: 31°C, Мин: 13°C

Четврток
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 15°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 9 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Олимпискиот факел од утре во Лондон
Факелот утре со хеликоптер ќе биде спуштен со јаже до „Тауер Бриџ“...
Штрајк на таксистите во Лондон
Таксистите го блокираа сообраќајот поради забраната за користење на т.н. олимписки патеки...
Венлок маскота на Игрите во Лондон
Американски и австралиски олимпијци се „загубиле“ во Лондон
Северна Кореја очекува медал
Добредојде за првите олимпијци

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |