16.07.2012, 17:41 Што прават денеска
Данчо Чевревски
- актер и продуцент
Уште еден ден пред мене, сличен како и другите ова лето. Сличен, но сепак различен. Продолжуваме со снимање по пеколниве горештини на филмот „До балчак“ на Столе Попов, во Битола и околината. Иако е напорно, кога работата е завршена, задоволството е големо.
Билјана Стојановска
- членка на „Синтезис“
Претпладнето е планирано за колку што е можно побрзо да се завршат обврските на работното место, па веднаш по крајот на работното време со групата тргнуваме за Битола. Вечерва, од 21 ч. со „Синтезис“ имаме настап на „Бит-фест“, пред битолскиот Дом на армијата. Пред настапот, секако и проба од 19 часот.
Димитар Трајанов
- геолог
Денот го минувам на Кадиица кај Пехчево каде што работиме на геолошките истражувања за новиот рудник за бакар. Организацијата на работа е моја обврска и од утро до доцна попладне внимавам се' да биде во најдобар ред. Во Пехчево летово го доведов и моето семејство од Радовиш, па навечер излегуваме во прошетки низ убавото гратче. |