Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Забава
16.07.2012, 17:26

Автомобил од соништата „порше 356“

„Порше 356“ беше првиот сериски произведен модел на овој австриско-германски производител на спортски автомобили, основан во 1948 година

Горан Керим

Првите 50 примероци беа направени во Гмунд, Австрија, по што во 1950 година „Порше“ го префрли своето седиште и погоните во Цуфенхаузен, Германија, каде што моделот „356“ се произведуваше до април 1965 година, до кога се произведени вкупно 76.313 примероци. Дури и денес повеќе од половина од тие модели се' уште се движат по сообраќајниците низ светот и се дел од колекциите на љубителите на суперспортски автомобили.

Инспириран од легендарната „буба“

Дизајнерските корени, како и голем дел од техничката инспирација „порше 356“ ги црпи од „фолксваген буба“, креација на Австриецот Фердинад Порше постариот, (Ferdinand Porsche Senior), додека пак „356“ e технички коцепиран од неговиот син Фердинанд Фери Порше, а пак дизајнот на релативно аеродинамичната каросерија е на Ервин Коменда (Erwin Komenda).

Техниката е базирана на: агрегатот од типот „боксер“ - мотор со четири цилиндри и со воздушно ладење, имплементиран зад задните тркала, како и со погон на задната оска. Сепак, со текот на времето, „Порше“ ги рафинираше сите делови и компоненти на возилото, за да со тоа добие поексплозивни перформанси и поексклузивни, со што се издвои од „Фолксваген“.

Ултралесен и ултрауправлив

„Порше 356“ е компактно и лесно возило, што му овозможува многу агилно лежење на патот. Тежината на различните изведби во текот на неговото постоење се движеше од 770 до 1.041 килограм. За сето време на производство на моделот се изнедрија три типа на каросерии: купе, со две врати, потоа кабриолет и спидстер верзија (кабриолет со ниска шофершајбна).

На почетокот моделот „356“ се продавал само во Германија и во Австрија, но по 1950 година и стекнатата репутација на автомобил со одлична аеродинамика, врвно „лежење“ на патот, одличен квалитет и управливост стана популарен.

Статус на тркачки и сериски автомобил

Кај познавачите на „убавците“ на четири тркала се здоби со статус на автомобил што можете да го возите секој ден и со кој во викендите можете да настапувате на брзински трки.

Моторите на „356“, во голем број се со зафатнина од: 1.100, 1.300, 1.500, 1.600 и 2.000 кубни сантиметри и со моќ од 40 до 130 коњски сили. Перформансите на најсилниот агрегат се: максимална брзина од 210 км/ч и забрзување од место до 100 км/ч за 10 секунди.

Богата и успешна „кариера“

Моделот „356“ имал големи успеси на тркачките патеки на многубројни рели- натпревари, на легендарниот „24 часа Ле Манс“ на „1000 км Буенос Аирес“ потоа на „Миле Милја ( Mille Miglia), како и на „Карера Панамерикана“ (Carrera Panamericana). На почетокот на својата богата и успешна кариера, кон крајот на педесеттите години од минатиот век, „356“ можел да се купи за сума од 4.000 американски долари, колку што во тоа време чинел и еден нов „кадилак“ (Cadillac).

Но, бидејќи е направен глем број на модели на „356“, а речиси една половина од нив се' уште се активни на а��фалтната патека, цената на базичната изведба, во не многу добра кондиција, се движи околу 16.000 евра, додека пак за ретките модели, во сосема добра состојба ќе треба да платите околу 25.000 европски банкноти. Тоа за вљубениците во спортски автомобили со педигре, а уште повеќе за поклониците на марката не претставува проблем!

Адутот на „Киа“ (KIA) во повисокиот сегмент и кај нас

Моделот „оптима“ (оptima) на „Киа“ веќе извесно време е во салоните на „Киа моторс Македонија“, импортерот за корејскиот бренд кај нас, а деновиве се случи и неговата официјална презентација.

„Во Д-сегментот има многу реномирани играчи, што традиционално освојуваат голем дел од македонскиот автомобилски пазар, но ние имаме многу силен адут. Новата перјаница на ’Киа’ се потврди на самиот стар на пазарите низ светот полека прераснувајќи во вистински хит, а се надеваме истото ќе се случи и на нашиот пазар“, потенцира Владо Билбилов, директор на „Киа моторс Македонија“.

„Оптима“ во споредба со својот претходник, моделот „магентис“ е поголема (долга е 4.845 мм, широка 1.830 и висока 1.455). Поставена е на меѓуоскини растојанија од 2795 мм (меѓу најголемите во сегментот). Дизајнот е дело на Питер Шрејер и комплетно е дизајнирано во центрите на „Киа“ во Ирвин, Калифорнија и во Франкфурт, Германија. Го красат флуидни елегантни линии и мускулести пропорции. Го краси врвна аеродинамика, со отпор на воздух од 0,29 Cw.

Внатрешноста е пространа, а се нуди и солиден багажник од 505 литри. Спортскиот дух се гледа од централната конзола што е свртена кон возачот. Тука се и „хај -теч“ додатоците: активен темпомат со функција ECO, камера во внатрешниот ретровизор, електрично греење на управувачот, премиум аудио „инфинити“ со 12 канали и осум звучници. Централна плоча е со реплики од кожа, дрво и карбон. Кај нас во понуда ќе бидат новиот 1,7-литарски дизел мотор и 2,0-литарски бензинец. Моќноста на дизелот е 136 KS и има ниско ниво на емисија на CO2. Во изведба со „старт-стоп“ (ISG) испушта само 128 г/км. Располага со вртежен момент од 330 Nm, а во изведба „Еко динамикс“, во просек троши 4,9 л/100км. Моделите се впарени со шестстепен мануелен и автоматски менувач. Бензинскиот 2,0 литарски мотор има 165 KS.

Од старт „оптима“ доаѓа богато опрема: шест воздушни перници, ESP, TCS, ABS, EBD, BAS, систем за движење по угорница HAC и систем за активирање на сите трепкачи при нагло кочење ESS. Полуксузните пакети имаат ксенон-светла, навигација, електричен панорамски покрив, греење на задни седишта,18 инчни фелни...

„Џип чироки С лимитид“ премиерно во летниот камп на Јуве

„Џип“ (Jeep), легендарната марка на теренски возила и спонзор на италијанскиот фудбалски шампион Јувентус го промовира, во Винсент Шатилион, летниот тренинг камп на „Јуве“, својот најлуксузен производ „џип чироки С лимитид“ (Jeep Cherrokee S Limited).

Промоцијата на Ѕ едицијата на „гренд чироки“ ќе биде придружена со многу диско забави, фудбалски турнири на плажа и други активности на отворено за сите приврзаници на „бјанконерите“.

Специјалното Ѕ-издание на европскиот пазар ќе се појави во септември, најнапред во Италија, а потоа и на другите европски пазари. Моќниот „џин“ е поставен на 20-инчни алу-тркала со темен сјај, а и сиот екстериер има специјален „црн“ третман. Опремен е со ефикасен 3.0-литарски V-6 турбо-дизел мотор со „Мултиџет II“ (Multijet II) технологијата и испорачува 241КС и вртежен момент од 550 Nm. Ентериерот е спортски стилизиран и прекриен со комбинација на „напа“ (nappa) кожа и велур, со елементи на карбон-фибер. Се очекува оваа Ѕ изведба заедно со најспортската и најмоќна SRT верзија на „џип“ да направи вистински бум на пазарите во светот.

„Фолксваген ап!“(Volkswagen up!) - светски автомобил за 2012

Навидум мал, но полн со квалитетни и технолошки напредни елементи, „фолксваген ап!“ брзо ги освои клиентите низ светот, а и експертите кои го прогласија за светски автомобил на годината. Со пет врати, четири седишта, три различни нивоа на опременост и два агрегата претставува понуда на која тешко може да и' се одолее. Сериски опремен со серво-управувач со АБС, поместувачки по висина, централно заклучување со далечинско, четири воздушни перничиња, радио-цеде со МП3, возачко седиште регулирачко по висина, електрично подигање на стаклата и други напредни функции. За само 8.900 евра. Сето тоа надополнето со ултрамодерна интерпретација на безвременскиот фолксвагенски дизајн на автомобилот, кој секојдневното патување го претвора во вистинско уживање му ја донесе титулата светски автомобил на годината 2012.

Подготвува: Владимир Ристовиќ


Статијата е прочитана 557 пати.

Испрати коментар



Eксел Роуз за финишот на „Егзит“
Сури се расплака оти мама не и' купи кученце
Фотографии од Галичка свадба во „Вашингтон пост“
Гран при за Боби Мојсовски на „Славјански базар“
И со глас и со став��, Брена го крена Прилеп во воздух
Што прават денеска
Патувам по титула во Кина
Изгледам подобро кога и да е
Лондончани му исклучија струја на концерт
Војнички режим за убавина

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Претежно облачно

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 18°C

Вторник
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 5 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Британците очекуваат жетва на медали
Домашниот тим на Игрите во Лондон ќе има 542 спортиста што е рекорден број натпреварувачи од Велика Британија на една ол...
Леброн Џејмс најплатен спортист на Игрите
Од договорот со Мајами добива 13 милиони, останатите 40 легнуваат на неговата сметка од вносните зделки со спонзори...
Олимпиското злато вреди 620 долари
Трудница на Олимписките игри
Брајант не може да замисли да не освои злато
Семенја ќе го носи знамето за ЈАР

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |