16.07.2012, 17:34 Изгледам подобро кога и да е
Актерката Шерон Стоун (54) изјавила дека сега изгледа подобро отколку што изгледала на 20 години и дека мажите сега почесто ја канат „на судир“.
Холивудската убавица, која е во врска со манекенот Мартин Миц (27), свесна е за својата убавина, што го потврдила во интервју за британскиот магазин „ОК“.
„Дали навистина изгледам добро, или тоа само го мислам под влијание на одрекувањето дека стареам? Со оглед на тоа дека 25- годишници ме канат да излегуваме... - да, сега изгледам подобро - рекла актерката.
Шерон додала и дека луѓето не го ценат изгледот насекаде во светот.
- Надвор од Америка, луѓето многу помалку обрнуваат внимание на изгледот, освен ако на пример имате 15 години и лажен тен. Тогаш не смеете да носите костим за капење - додала убавицата на шега. |