16.07.2012, 17:33 Војнички режим за убавина
Пејачката се гордее со своите облини. Џенифер Лопез (42), секој ден јаде по четири помали оброци богати со проетеини. За да го забави стареењето и да го забрза метаболизмот, пие само ледено студена вода.
Наутро, како војник, станува пред 6 часот и вежба. По ручекот од исхраната сосема ги исфрлила јаглените хидрати. За да ја задржи витката линија, пред спиење прави стомачни вежби.
- Штом стане од кревет, се подготвува за тренинг и трча по плажата додека нема луѓе. Опседната е со убавината и не сака да и' се опушти кожата - откриваат соседите.
Најголема поддршка и' е момчето Каспер Смарт (25). Со танчерот, редовно двапати дневно оди во теретана и на јога. Пред две години, Џенифер изјавила дека тајната на нејзината убавина е во Данкановата диета. Објаснила, дека придржувајќи се на правилата, за една недела изгубила 4 килограми. Пејачката, неодамна доби отказ во „Американскиот идол“. Таа, за местото на судија барала зголемување на хонорарот и добила - корпа. |