Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Забава
16.07.2012, 17:37

Патувам по титула во Кина

Анета Стојкоска,

мис на Македонија 2012

Киро Кипровски

Дали се подготви за настапот за светска убавица, кој ќе се одржи во Кина?

- Да. Куферите ги спакував. Психички се подготвив, работев на мојот стајлинг, имав интензивни подготовки, што траеја околу еден месец. Исто толку ќе останам во Кина, заедно со 125 кандидатки од целиот свет, кои имаме еднакви шанси да се закитиме со престижната титула мис на светот. Утре, на 18 јули летам за Истанбул, па заедно со другите учеснички ќе летаме за Кина.

Кога бев прогласена на изборот за „Мис на Македонија – 2012“, што се одржа на крајот на минатиот месец во Скопје, многу работи се сменија во мојот живот. Секој ден ми беше исполнет со многу активности поврзани за што поквалитетно да се подготвам за да се претставам на светскиот избор за мис, кој ќе се одржи на 18 август, во градот Ордос, Кина. Но, тоа беа слатки маки и би сакала почесто да ми се случуваат, а тоа значи ми се исполнуваат соништата од детството.

Дали сонуваше еден ден да станеш најубава девојка на Македонија?

- Откога знам за себе постојано стојам пред огледало, се гледав, се дотерував, правев фризури... Внимавам на се' за убавината да излезе на виделина. Во хороскоп сум Лавица, со борбен дух и мојата настојчивост вроди со плод. Мојот сон се оствари и на секој млад човек му порачувам да биде упорен и со работа, со труд може соништата да му станат стварност.

Која е Анета Стојкоска?

Родена сум во Гостивар во 1992 година, од татко Македонец и мајка Русинка. Осмолетка и средно економско училиште завршив во Гостивар, студент сум на прва година на Педагошка академија во Скопје – одделенска насока. Моите родители, татко ми Александар и мајка ми Светлана, долги години беа спортисти, тренери, а мајка ми е и професор по физичко воспитување. Зборувам македонски, руски, англиски и српски јазик. Паралелно со факултетот ќе се занимавам со манекенство и ќе бидам фотомодел. Но, факултетот нема да го запоставам ќе вложувам многу труд, за во двете полиња да имам успех. Сакам да се изградам во личност која покрај убавината ќе има и други вредности.

Што очекуваш од настапот за избор на светска убавица, каде што конкуренцијата е мошне силна?

- Патувам за Кина со оптимизам. Верувам во моите физички и психички квалитети. Македонија ќе ја претставам во најдобро можно светло. Одам да постигнам успех, не сум од оние што одат само да учествуваат. Не, не сум самоуверена и болно амбициозна, туку ги знам моите вредности, кои се реални и затоа очекувам и се надевам дека една од титулите на светскиот Избор на мис ќе ми припадне мене.


Статијата е прочитана 189 пати.

Испрати коментар



Eксел Роуз за финишот на „Егзит“
Сури се расплака оти мама не и' купи кученце
Фотографии од Галичка свадба во „Вашингтон пост“
Гран при за Боби Мојсовски на „Славјански базар“
И со глас и со става, Брена го крена Прилеп во воздух
Што прават денеска
Изгледам подобро кога и да е
Лондончани му исклучија струја на концерт
Војнички режим за убавина
Автомобил од соништата „порше 356“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 20°C

Облачно

Понеделник
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 18°C

Вторник
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 4 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Тој спринтува без нозе, а девојка му е супермодел
Веќе цел месец, наведува истиот извор, Јужноафриканецот Оскар Пистоиус излегува со рускиот супермодел Анастасија Хожисов...
Спиеше со момчето и остана без Игри
„Го прекршив правилото што го почитуваат сите девојки. Точно, моето момче доаѓаше во соба и мислев дека никој не знае за...
Дожд на отворањето на Олимписките игри
Маратонец без пасош на ЛОИ 2012
Запленети 10.000 лажни олимписки знамиња
Бекам на отворање на Игрите?

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |