Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Забава
16.07.2012, 17:43

И со глас и со става, Брена го крена Прилеп во воздух

Гостувањето на Лепа Брена организаторите ги чини 35.000 евра, на Жељко Јоксимовиќ 25.000, Кирил Џајкоски 10.000, Петар Грашо 9.000 евра

Моника Талеска

Заврши јубилејното издание на Пивофест. Рекордите се дефинитивно урнати. Околу 400.000 туристи од земјата и светот, за 4 дена во градот под Марковите Кули испиле 289 тони пиво, а изеле 124 тони скара. Се играше и пееше, од вечер до рани зори, со бројните балкански ѕвезди. Шлагворд на забавата беше концертот на балканската фолк-дива Лепа Брена. Гости од Швајцарија, Германија, од Австралија и сите македонски градови, дојдоа во Прилеп да го проследат нејзиниот настап. А таа, грациозна и одмерена ја крена публиката на нозе. Млади и стари, сите пееја и играа, се весела на изведбите на најновите нумери од нејзиниот албум „Среќо моја“, подготвуван точно една година. Брена публиката ја фасцинираше колку со гласот, толку и со стасот. Па, на новинарско прашање, како успева и по толку години да ја зачува убавината и да ги има најубавите нозе на балканската естрада, таа одговори:

„Да ви кажам по 40-тите кога го слушав ова за мене беше некако кажано патем,но кога ова денес ми го кажувате, тоа за мене е еден прекрасен комплимент и затоа многу ви благодарам“, се насмеа Брена, додавајќи дека минатиот октомври го прослави својот 51 роденден.

Таа на домаќините им го честиташе десеттиот роденден на „Пивофест“, посакувајќи натаму многу успешни фестивали и продолжување на традицијата.

„Овој е еден прекрасен, професионално подготвен, традиционален фестивал, на кој што уживавме не само ние пејачите и музичарите, туку и сите вие граѓани од цела Македонија. Гледам дека има и луѓе кои дошле од цел свет, од Австралија, Германија...Ви честитам зашто направивте една ваква манифестација. Ви посакувам фестивалот да продолжи, вака да с�� забавувате во иднина“, рече Брена.

Таа се потсети и на нејзиниот настап во Прилеп во далечните 80-ти години, кога првпат ја собра прилепската јавноста на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Но, од тогаш до денес вели помина еден долг пат на професионален растеж. Таа планира наскоро да издаде монографија за себе, зашто како што рече по 30 години кариера, не сака луѓето да ја паметат по содржините објавени во жолтиот печат, по кусите суќни и гаќички, туку по сето она што го чини нејзиниот професионален раст и развој до денес.

„Сакам да ме паметите како личност која оставила многу траги на многу генерации луѓе, сакам сето тоа да го забележам и оставам на другите генерации за да се знае како ние професионалците се занимаваме со оваа работа“, рече Брена.

Задоволен од настапот во Прилеп беше и Петар Грашо.

„Многу ми е драго што сум присутен овде на овој фестивал, за мене беше задоволство да работам за Брена, имате прекрасни луѓе,публика, прекрасен градоначалник“, изјави Грашо на средбата со новинарите по веселата целовечерна журка околу 2 часот по полноќ.

Гостувањето на Лепа Брена организаторите ги чини 35.000 евра, на Жељко Јоксимовиќ 25.000, на Кирил Џајкоски 10.000, на Петар Грашо 9.000 евра...или се' на се', за концертите и сите весели журки на годинешниот јубилеен фестивал се потрошени околу 200.000 евра.

Средствата се обезбедени од спонзорите кои и годинава донираа огромни пари и придонесоа за добра журка.


Статијата е прочитана 1949 пати.

Испрати коментар



Eксел Роуз за финишот на „Егзит“
Сури се расплака оти мама не и' купи кученце
Фотографии од Галичка свадба во „Вашингтон пост“
Гран при за Боби Мојсовски на „Славјански базар“
Што прават денеска
Патувам по титула во Кина
Изгледам подобро кога и да е
Лондончани му исклучија струја на концерт
Војнички режим за убавина
Автомобил од соништата „порше 356“



Boban-Prilep, 17.07.2012 07:07:39
Секоја чест за организаторите но оваа работа има и потемната страна. - Прилеп нема капацитет да угости и пристојно смести 400.000 луѓе за 4 деан - Санитарните услови се уште полоши иако има кабини и други прирачни средтва но далеку далеку под потребното ниво - Безбедносните услови се на ивица - Здравствено обезбедување иако добро изведено од здравствените работници нее на потребно ниво,нбедоволен број луѓе а опрема - никаква - Хигијенски услови за чување храна - приближно до 0 - итн да не набројувам,обученост на угостителите и ангажирани деца кои по 2-3 дена работа колабираат по шанковите - Дуплирање цени кога е шпица .... Овие прашање не ги поставувам за да намалам успех туку да кажам дека останува уште многу работа за да се дојде блиску до стандардите

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Претежно облачно

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 18°C

Вторник
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 5 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Британците очекуваат жетва на медали
Домашниот тим на Игрите во Лондон ќе има 542 спортиста што е рекорден број натпреварувачи од Велика Британија на една ол...
Леброн Џејмс најплатен спортист на Игрите
Од договорот со Мајами добива 13 милиони, останатите 40 легнуваат на неговата сметка од вносните зделки со спонзори...
Олимпиското злато вреди 620 долари
Трудница на Олимписките игри
Брајант не може да замисли да не освои злато
Семенја ќе го носи знамето за ЈАР

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |