16.07.2012, 17:46 Сури се расплака оти мама не и' купи кученце
Шестгодишната Сури Круз се расплака откако нејзината мајка, Кејти Холмс (33) одби да и' купи неодоливо кученце кое тие двете го пронајдоа во една продавница за домашни миленичиња во Њујорк. Сури падна на шармот на црно-белото кутре, но за жал, нејзината мајка реши овојпат да не ја задоволи желбата на својата галеничка. Малата Круз со намуртен израз на лицето издржа до автомобилот, но по влегувањето не успеа да ги задржи солзите. |