16.07.2012, 17:34 Лондончани му исклучија струја на концерт
Организаторите на концертот во лондонскиот „Хајд парк“ му ја исклучиле струјата во текот на настапот на американската рок-ѕвезда, Брус Спрингстин, зашто не го почитувал временското ограничување на концертот.
Во мигот кога на Спрингстин му се придружил легендарниот член на „Битлси“, Пол Макартни, микрофоните веќе биле исклучени пред да и' се обратат на публиката.
Концертот требало да биде завршен до 22.30 часот. Половина час по тој рок, Макартни му се придружил на Спрингстин на бината, за да ги отпеат песните:„ I Saw Her Standing There“ и „Twist and Shout“.
Кога се обиделе да и' се обратат на публиката, микрофоните не работеле. Гитаристот на Спрингстин, Стивен Ван Зант, по повод одлуката на организаторот изјавил: „Сабота навечер! Кому му пречевме?“ |