16.07.2012, 17:45 Фотографии од Галичка свадба во „Вашингтон пост“
Две фотографии од традиционалната церемонија на 50. јубилејна „Галичка свадба“ што викендов се одржа во Галичник беа објавени како избор на уредникот во угледниот американски весник „Вашингтон пост“. Фотографиите се дело на Борис Грданоски, фотограф на АП, а покрај секоја од нив стои објаснување. За првата се вели дека на неа е прикажана млада жена со традиционални западномакедонски украси на главата, сликана во ноќта спроти свадбата, во македонското село Галичник, додека за втората се објаснува дека на неа се прикажани учесници во свадбената церемонија, вечерта спроти свадбата, која како што пишува весникот, се одржува секоја година на Петровден. |