04.11.2012, 16:22 Интервју -Цената на станбениот квадрат нема да п��ѓа
Д-р Ванчо Чифлиганец, сопственик на градежната компанија „Адора инженеринг“, очекува рамноправни услови за работа на домашните и странските инвеститори
Сања Наумовска
Каква е куповната моќ на македонските граѓани и влијае ли кризата на побарувачката на станови?
Фактот дека вложувањето во недвижностите е долгорочно најсигурниот и највредниот капитал - е главната и најважна причина што интересот за купување станови во Македонија се' уште е голем. Една од причините за тоа е што висококвалитетните станови имаат трајна вредност што никогаш не девалвира.
Какви се условите на пазарот на недвижности? Може ли да се очекува да паѓаат цените на станбениот квадрат?
Цените на квадратен метар станбен простор во квалитетно изградените колективни објекти за домување во Скопје и поголемите градови во Македонија остануваат засега исти и нема да варираат. Зголемувањето на цените на вградените материјали може да предизвика цените на станбениот простор да се покачуваат, што би била логична последица на состојбите во градежниот сектор. Доколку на пазарот на недвижности се појават неквалитетно изградени станови, цените на становите може да стагнираат, па дури и да паѓаат, но тоа би важело за мал број станови.
Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор гради и комерцијални станови, чиј квадрат е поевтин од оној на приватните компании. Влијание ли тоа врз работата на градежните фирми и врз секторот воопшто?
„Адора инженеринг“ гради станбени објекти на градежно земјиште купено од државата на транспарентна лицитација. Цената што „Адора“ ја плаќа за купување на државното градежно земјиште на лицитација, уште пред да започне изградбата ја оптоварува цената на станбениот квадрат за 150 до 250 евра. Од ова произлегува дека становите што моментално ги продава „Адора инженеринг“ се всушност поевтини од државните, затоа што ние немаме добиено градежно земјиште на подарок, или по повластени цени. Затоа сметам дека становите на „Адора“ се нудат по конкурентни цени, поволни за купувачите.
Во високата градба од неодамна имате конкуренција и од странски инвеститори. Дали тоа ја отежнува позицијата на домашните компании на пазарот?
„Адора инженеринг“ сака да се натпреварува со странските инвеститори во Македонија и надвор од државата, но под рамноправни услови. Според неофицијални информации, на некои странски инвеститори државата им овозможила поповолни услови за работа со плаќање на само 30 проценти од давачките за комуналии. Тоа, како и купувањето на градежно земјиште по повластени услови, цената на изградениот квадратен метар станбен простор ја намалува за 150 до 200 евра. Доколку е ова точно, излегува дека ние домашните инвеститори во Македонија се наоѓаме во доста понеповолна состојба отколку странските инвеститори. Тоа е опасна работа, поради што голем број компании од високоградбата кои ја движат целокупната македонска економија, може да се доведат дури и до згаснување на бизнисот. Во услови кога сите ние плаќаме иста цена за железото, бетонот и плата за градежните работници, ставањето во поповолна позиција на некои субјекти, ни ги сече гранките на кои седиме и ни ја уништува силата која не движи. Јас не сум против странските инвестиции во Македонија, ниту против странските инвеститори во високата градба, но сакам рамноправен полигон за натпревар.
Вашата фирма работи околу една деценија. Како ги оценувате условите за водење бизнис во Македонија?
„Адора инженеринг“ годинава одбележува 10 години постоење со континуиран раст и развој, за што потврда е нашето 20. место меѓу најуспешните компании во Македонија, изградените 1.300 станови, 18 станбено-деловни објекти и двете престижни признанија „Инвеститор на годината“ за 2010 и 2011 година. Сметам дека државата од година во година создава поповолен амбиент за оваа дејност, со реформите на институциите и владините мерки, кои доста позитивно се рефлектираа врз севкупното работење на компаниите во сферата на високоградбата. Потврда за ова се транспарентните јавни лицитации за продажба на градежното земјиште, реформираниот катастар со забрзана постапка за добивање лист за предбележување и имотен лист, што ја зголеми сигурноста кај купувачите. Намалувањето на ДДВ-то од 18 на 5 проценти, влијае многу поволно на оние што градат станови и на тие што произведуваат градежни материјали. Особено олеснителна околност е мерката за ослободување од давачки на добивката што се реинвестира во компанијата. Тоа „Адора“ го практикува, вложувајќи го речиси целиот профит во тековни инвестиции и проекти за иднината.
Секторот градежништво до лани го поттикнуваше економскиот раст. Но, годинава веќе се чувствува и во овој сегмент намалување на активностите. Колку влијае кризата врз работата на градежните компании?
Спомнав дека доколку граѓаните сопствениот капитал го вложуваат во купување квалитетна недвижност, прашање е дали кризата би се проширила во градежните компании? Во „Адора инженеринг“ се' уште тоа не го чувствуваме. Секторот на високоградбата, кој со економскиот обрт на инвестициите има најбрз ефект врз вкупната економија, очекувам и во иднина да и' дава голем поттик на македонската економија. Секако, мерките на институциите одат во прилог на стимулирање на градежништвото и високоградбата во Македонија. |
|
Статијата е прочитана 3098 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Goko, 05.11.2012 00:21:04 | Interesno tvrdenje, cenite nemalo da pagaat. E taka bese vo komunizmot , ama sega e drugo vreme, ima nesto sto se vika PONUDA i POBARUVACKA. Gospodinot da ne ne e dovolno informiran kolku zgradi se gradat vo Skopje, i kolku stanovi se prodavaat na sekoj cekor. Ke pagaat cenite gospodine i ako toa tebe ne ti odgovara. |
| Коста Стоименовски, 05.11.2012 00:38:19 | На основа на големата понуда и малата побарувачка на станови (пропадна акцијата на Владата за „Купи куќа, купи стан“) се стекнува впечаток дека кај нас се репризира хипотекарната кризата што се случи во САД во 2008 година! Разликата е само во тоа што во САД благодарејќи на поволните кредитни услови настрадаа купувачите на куќи и станови, а кај нас ќе настрадаат градежните компании кои земаат банкарски кредити и градат воглавно станови и деловен простор, но истите не можат да ги продадат поради ниската куповна сила на граѓаните. Дури и во еден туристички центар како што е Охрид на секој чекор се нудат станови и деловен простор, а интересот за купување е мошне мал, вклучувајќи го и комплексот што го гради Г-динот Чифлиганец кај Бензинската пумпа (Билјанини извори) во Охрид. Порано градежништвото беше мошне атрактивно, но по се изгледа дека во државата веќе се чувствува хиперпродукција на станови и деловен простор. Голем број локали во ГТЦ и Мавровка во Скопје долго време се нудат за изн |
| Petre, 05.11.2012 07:34:34 | Во Македонија а посебно во Скопје се изградија и сеуште се градат станови повеќе од реалните потреби. Граѓаните ги купуваат не од потреба а да ги „затворат“ заштедените пари во недвижност. Но потоа за нив нема ќираџии па становите ст��јат празни и наместо на сопственикот да му носат приход, тие му прават дополнителни трошкови. Со самиот факт што се’ се поскапува а становите веќе неколку години ја имаат истата цена, тие сега се поефтини од пред неколку години. Што и да кажува Чифлиганец,ако вака продолжи, во блиска иднина неминовно следува банкрот на инвеститорите и банките што ги пратат. |
| jovan, 05.11.2012 08:33:04 | I jas za mojot avtomobil cenam deka nema da mu paga cenata, no koga ke go oglasam nikoj ne go kupuva po taa cena(iako vredi). Ednostavno, ima premnogu ponuda, i cenata mu paga.Taka e i so stanovite. Materjalite za stanovite se skapi, rabotnata raka e poskapa, placot... nikoj ne tvrdi deka seto toa e eftino, no ponudata si go pravi svoeto.Zgradi se gradat bukvalno na sekoja ulica, veke ima celi zgradi koj se prazni so prodadeno po eden-dva stana, ili dadeni na kompenzacija, koj potoa isto taka stojat prazni.Ovaa Vlada resi na sila da go spasuva i ovoj biznis, pa izmisli subvencii za kupuvanje stan,nosi od provinciite luge ovde koj partiski gi vrabotuva niz administracija pa i po firmi i banki, no koga i so toa ne im uspeva da go razdvizat pazarot, jasno e deka stanovi ima pre pre mnogu, a narodot nema pari da gi kupuva po tie ceni.Ke sledi ona sto se sluci i so avtomobilite, ke pagaat cenite vrtoglavo, a da ne spomenuvam deka i mnogu banki*zaglavija*kreditirajki izgradba na stanovi, pa |
| Miki, 05.11.2012 08:38:10 | Ke pagja, ke pagja! Neka gleda Vanco da potprodade sto pobrzo, i od tie stancinja na Ilindenska, i od tie vo Ohrid oti od dogodina ,,malo teze,,.Vo 2014 koga se ocekuva da dojde dnoto na stanbenata kriza cenata na stanovite vo Skopje ke bide najmalku 15% poniska od segasnava(ako voopsto nekoj pomisli da kupuva). Vo vnatresnosta muabet da ne pravime..Inaku svo ,,slavnata,, Soravija na Vodno neka prasa kolku bea stanovite lani a po kolku gi nudat sega! p.s. Fijat go srusija ne zaradi Velija tuku zasto nudese odlicni stanovi po 850eu! Ama nema da mozat site da gi srusat.. |
| Александар, 05.11.2012 09:49:28 | Едно паметно дете кажа, штом почне да паѓа миграцијата во Скопје, становите ќе поефтинат.
Тоа моментално се случуа, зашто и во Скопје не е така сјајно.
Следствено цените на становите ќе паѓаат како крушки, пред се зашто се нереални - чинат колку квадрат на приморје. |
| Cifliganec si kazuva po svoe., 05.11.2012 09:49:39 | G-dino Cifliganec ili ne e informiran ili namerno iskazuva nevistini. Dalki ne gleda deka vo Skopje ima visok na izgradeni stanovi , koi se nudat , no nema kupuvaci. Logicno e pri vakov visok na stanovi nivnata cena da padja, a dokolku se drzi cenata istite nema da se prodadat, a kapitalot na gradez. kompanii ce bide vrzan, ratite na zemenite krediti dostasuvaa , se placaat kamati na istite i do sto ce dovede toa ? Cenite na stanovite , posebno vo Skopje pa i Ohrid bea preceneti i istite mora da se uskladat so pazarnata logika i pobaruvacka. |
| bezanec, 05.11.2012 10:50:55 | Скапи се становите и не квалитетно изградени, бидејки не знам дали има соодветни комисии за прием на зградите. Тоа го велам од зградите што ги градеа во Струмица уште не завршена, внатрешно, пред еден месец кога имаше силен ветер, беше однесен кровот од новата зграда. Каква власт такви градители и се по ред едноставно безвластие. |
| jovan, vlada @, 05.11.2012 11:43:18 | Па што очекувавте да каже Чифлиганец, дека цените на становите во Скопје вртолглаво ќе паднат зато што продажбата на станови е падната за 200% во однос на претходните години ли?Каде го има тоа еден метар квадратен во Скопје да вреди исто како во големите светски метрополи како Берилин каде квадратен метар е во строгиот центар 1.200 евра исто како и во Скопје?По која логика незнам се прават цените,зар ние имаме некој погоолем стандард и од самите Германци ли?Толку напумпани и толку очајни луѓе за профит како нашите градежни фирми нема нигде тие сакаат од една зграда да направаат 300% провит повеќе од колку што вложиле, од еднаж да станат милионери.Се додека се овие цени и се додека кризата ја јаде македонската економија станови нема кој да купува,од каде пари а и од каде народот ќе плаќа не само не реална и пренапумпана цена, него ќе има голем застој цела провинција веќе се досели,кој се збогати на брзина се збогати ама веќе и тие сите се доселија во Скопја како главен град толку е.... |
| Borko, 05.11.2012 11:47:57 | Адора Инженеринг нема компетентност да одговара и да кажува за вакво прашање. Повелете да го видите квалитетот на нивните градби и се ќе ви стане јасно. |
| realen, 05.11.2012 13:11:59 | gradezna cena na 1m2 e 400-500 eur.......ako zemjisteto e kupeno od privatni lica, kako sto e slucaj vo Debar Maalo, togas cenata, zaedno so komunalii i ke se iskaci na max.700 eur za 1m2 stanben prostor......vo Debar Maalo cenata do pred izvesno vreme bese 1300-1400 eur.....ama narodot veke nema nitu pari nitu zelba da plaka zarabotka od 100% na investitorot.....da ne zboruvame za slucaevi koga zemjisteto se kupuva od drzavata za 1eur za 1m2........kolku i da se zgolemuvaat odredeni vlezni parametri (beton, zelezo.....) cenata e se uste astronomska i nerealna.......a da ne zboruvame za kvalitot na takanarecenite luksuzni novogradbi........p.s. vo cair se prodavaat stanovi po cena od 600-700 eur za 1m2-novogradbi.......tamu ne se koristi istiot beton i istoto zelezo kako i vo Debar Maalo? Ama im se mozese na investitorite vo Debar Maalo pa odea so zarabotki od 150%......ama toa vreme pomina........ |
| nina mojsova, 05.11.2012 13:48:37 | Г-дин Чифлиганец очигледно како алва си ги продава своите високо квалитетни станови и нема потреба да се грижи за вишокот изградени станови во нашата метропола.Се знае кој купува кај него, тие што имаат премногу пари и не сакаат да се мешаат со обичните смртници. |
| мене, 05.11.2012 16:01:26 | А што очекувавте од него да каже дека цените ќе паднат па да неможе да си ги продаде становите, сетете се само кога се најави дека ќе има субвенции за купување на станови дека продажбата стагнираше а не и сега кога се виде дека ни и со таа мерка нема да може да ги продадат вишокот на станови.
п.с Јас си чекам да паднат цените па после да купам по реална цена(моите пари во банка прават профит а нивните се затворени и не!). |
| pjetro, 05.11.2012 20:14:45 | na balkanot cenite na stanovite pagaat,no kaj nas i pored namaluvanje na danokot za stanovi cenite stagniraat,pa i skapite stanovi se prodavaat,Jas veruvam deka ke pagaat cenite, no se uste 50% od stanovite vo Skopje gi kupuvaat ne skopjani,ne e tocno deka e namalen i interesot za pod kirija,i tie ne pagaat od moe iskustvo.Zatoa se uste e najisplativo izdavanje pod naem na stan,vo sekoj slucaj poisplatlivo nego parite da se vo banka. |
| vucko, 05.11.2012 21:38:46 | Koga siet tolku znaete da kritikuvatei kazuvate kolku golemi razliki se pravat od gradba na stanovite zasto ne zemete zaednicki da napravite edna zgrada pa od tolku kar da pomognete na naseto opstestvo ili n aneko prpopadnat biznismeni.Lesno e da se kritikuva i da vodis tug esap,vi ste tazna publika.
kako moze cena na stanot da padne a lokaciite da se pokacuvat,materijali,rabotna raka,komunalii,potrosen materijal i transport.
Cenata naednas ke skokne vo toa bidete 100% sigurni.
LAni i preklani cena na stanovite e ista kako i ovaa godina a prost primer e 1 L gorivio,! litar maslo z ajadenje i uste 3 artkla se duplo poskalpeni pa kako moze stamben m2 d apoevtini ?Od sto od bankrot na nekoj sto j autnal rabota pa mora d aprodav ispod cena!Toa nee e povtinuvaneje ,pravte razliak od Bankrot ponudena prodazna cen i povtinuvanej . |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 8°C
Делумно облачно
|
Вторник
Претежно облачно
Макс: 18°C, Мин: 7°C
|
Среда
Обилни врнежи
Макс: 9°C, Мин: -1°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (45)Инцидентот на Бајкалско Езеро. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|