Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска Фељтон Онлајн вести
Култура
12.06.2011, 15:28

Фрекфенција звучна

Албум што ве треснува од земја

Тина Иванова

Продолжува приказната на „Падот на Византија“, „Сарацени“, „Мизар“, „Апореја“, „Анастасија“. Македонската музичка историја гордо и себично ги чува во себе имињата на овие состави кои во 80-те и 90-те години на минатиот век ја брануваа јавноста со својата уникатна појава, секоја од нив приказна сама за себе. Во сите нив, Горан Трајкоски го остави својот исклучителен креативен влог. Овој вокалист и автор на бројните композиции кои станаа култни и кои се врежаа во нашата меморија како неизоставен дел од развојот на модерната звучна литература, повторно бликнува со сосема нов, авторски проект кој силно го вдишува музичкото минато, а го издишува новиот здив на ова време-невреме. Овој пат, тој соработува со македонската пејачка Елена Христова која ја знаеме како дел од етно-групата „Баклава“, но и на турската „Баба Зула“. Заедно, го направија албумот „Биоскопија“ што деновиве излезе под капата на „Скопскиот џез-фестивал“.

„Биоскопија“ е издание какво што одамна не се појавило на македонската музичка сцена. Ова е албум кој ве треснува од земја. И таа рефлексија е очекувана ако ги земеме в предвид минатите трудови и на двајцата негови автори, па затоа и не може да изневери. Логично е кога ќе се спојат вакви умови што поседуваат огромен творечки потенцијал на крајот да создадат врвно дело.

Четиринаесет македонски архаични песни го плетат ова звучно парче наречено „Биоскопија“ и ве носат на едно долго имагинарно, надреално патување. Како да одите на свадби и погреби - тој е свечен, но во исто време и траорен, тежок, болен, поседува психоделична атмосфера од која тешко можете да излезете и откако ќе завршите со неговото преслушување. Расположенијата се менуваат, во зависност од карактерот на песните, но меланхолијата е најизразена. „Биоскопија“ е магичен, надреален албум. Песните сместени на него (лирски, обредни, верски) чиј избор е на Елена Христова, се навистина ретко присутни и пеени кај нас и тоа на ова дело му дава уште поголема тежина и оригиналност. Како, впрочем, никогаш да не сте ги слушнале, како да доаѓаат од некоја измислена земја, а сепак блиску ги чувствуваме тие се неизоставен дел од нашиот генетски код. И, кога ќе го додадете искуството и креативниот багаж на Горан Трајкоски, односно неговото авторско, лично видување на песните, пред себе имате брилијантно дело. Неговите инвентивни аранжмани се фузија во која се чувствува движењето на повеќе музички изрази, па освен византиската звучна традиција и класичните модуси на носење на мелодијата, присутен е и т.н. дарк-вејв, па дури и пост-панкот и по некој елемент на џез и фанк, особено во перкусивниот сегмент на дел од темите. Спојот на акустичните и електронските инструменти исто така придонесува за временската одредница.

Гласот на Елена Христова, пак, овде е поинаков од оној кој го знаеме, сега е моќен, „прочистен“, ја нема орнаментацијата на која навикнавме неопходна за потребите во „Балкава“ на пример, туку повеќе се доближува до модерните музички аспекти, односно носи влијание од т.н. дарк бендови од 80-те години, а кои сега повторно се во фокусот на интересирањето (пр. „Dead Can Dance “). Христова е истражувач, собирач на народните песни, таа не е обичен интерпретатор, а овој пат направила извонредна селекција. Таа е креативец со специфичен сензибилитет и благодарение на неа и на влогот на Трајкоски, сега го имаме богатото музичко наследство на еден народ кое никогаш не сме помислиле дека ќе ни дојде во ваков импресивен спој. Стру��турата на песните е автентично осмилена, но ги допира и современите аспекти, а пеењето сепак, останува автохтоно, изворно.

Музиката, пак, има интелектуална и филозофска заднина. Таа е содржајна, напластена, особено во хармонскиот и ритмичкиот елемент, наспроти емоционалниот колаж на мелодите, но не оптеретува. Се чувствува и препознатливиот звучен бран од „Падот на Византија“ и „Анастасија“, но не е глас на минатото, туку освен што е еден вид проучување , таа е и способност да се види едно сведоштво што ја дава вистината на денешницата. „Биоскопија“ е долг албум. „Биоскопија“ е сериозен проект, темелен во секоја смисла, и не може да се слуша секаде и со секого. Бара специфичен амбиент, каков што всушност, и самиот поседува.

На албумот гостуваат Марија Ѓаковска - виолина, Игор Василев - Новоградска - контрабас, Дејан Теодосиевски - виолончело и Анастасиј Јоану - кларинет. Одлично е испродуциран и е снимен во студиото „Тра-ла-ла“. Она што не и' одговара на целата негова креативност е скудната амбалажа со неинвентивен дизајн.


Статијата е прочитана 2910 пати.

Испрати коментар



Со приватни истории се мапираа јавните простори
Копиите не се веќе грев?
Книга стара 500 години се продава за 35.000 долари
Дела на Венијамин Хаџи-Наумов во „Око“
Струга - домаќин на најрепрезентативното издание на СВП



Kirco, 13.06.2011 05:52:56
Interesna analiza i iminja na umetnici koi garantiraat specificnost. Kade bi mozelo da se preslusa barem del od albumot i kade e pusten vo prodazba? Ziveam vo stranstvo. Golem pozdrav do Tina Ivanova
elsinor, 13.06.2011 10:44:38
http://www.myspace.com/569421303 http://www.reverbnation.com/bioscopia
Димитар, 13.06.2011 12:28:51
http://www.myspace.com/569421303
Мара Попара, 13.06.2011 13:50:35
Фреквенција, а не фрекфенција (во наднасловот)
12.06.2011, 18:43

Насловна

29.03.2010, 15:02

21.09.2010, 14:57







„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 11°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: 26°C, Мин: 9°C

Петок
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска | Фељтон | Онлајн вести |