Научниците мислеле дека се работи за медуза, но на суштеството забележале органи
Подводни истражувачи снимија необично и досега невидено суштество. Иако на прв поглед се чини дека е медуза, сепак на него се гледаат невообичаени израстоци
Во почетокот научниците мислеле дека станувва збор за плацента од кит, но увиделе дека се движи самостојно, пишиува „Дејли мејл“.
Постојат сомневања дека се работи и за огромната и ретка медуза Stygiomedusa Gigantea, но научниците, на суштеството кое британските медиуми го нарекоа „мистериозен меур“, забележале органи кои ги нема кај медузите.