Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
11.05.2012, 14:11

Камења и навреди на протестот во Скопје



Околу 4.000 граѓани изразија револт за акцијата „Монструм“, каменувана зградата на Владата, инциденти и во Чаир

ФОТО: Петр Стојановски

Горан Адамовски


Со стандардна кореографија, навредливи пароли и инциденти помина протестот во Скопје, каде што околу 4.000 граѓани изразија незадоволство по акцијата „Монструм“. Каменувана беше зградата на Владата, настрадаа новинарски екипи, а имаше и серија неуспешни обиди да се испровоцира полицијата. На враќање во Чаир, повторно беше нападната општинската зграда, а беа забележани и тепачки.

Како што беше најавено, веднаш по пладневната молитва во џамијата „Јаја-паша“ на Бит-пазар, групата тргна кон Основниот суд. Иако ненајавени, за протестите знаеја сите, па и полицијата беше одлично подготвена. Сообраќајот беше затворен, а толпата, претежно млади, со знамиња на Албанија и карактеристичните исламски со зелена боја, чекореа по двете страни на булеварот. Носеа пароли на кои пишуваше „Стоп на полициската репресија“, „Албанците не се терористи“, но имаше и такви со навредлива содржина кон македонскиот народ и првите луѓе на МВР и на Владата, Никола Груевски и Али Ахмети. Извикуваа „УЧК, УЧК“, „Скопје, Приштина, Тирана - етничка Албанија“ и „Убијци, убијци“, што беше наменето за полицијата, која го обезбедуваше судот. Тука се задржаа неколку минути. На заминување, фрлија неколку шишиња и камења кон Судот.

Истото сценарио и пред Владата, со тоа што овде имаше поголем број радикални поединци, кои се обидуваа да ја тргнат заштитната ограда и да се пресметаат со полицајците. Некои од нив фрлаа со камења кон зградата и скршија два прозорци. Десетина момчиња, кои ја презедоа улогата на водачи на протестот, постојано им сугерираа на насилниците да се повлечат и да не прават инциденти. Да не беа тие, протестот веројатно ќе завршеше со поголеми инциденти.

По половина час, граѓаните се разотидоа кон Бит-пазар. Кај мостот „Гоце Делчев“ летаа камења и шишиња кон „специјалците“, кои останаа ладни и на постојаните навреди. Всушност, за време на целиот протест полицијата воопшто не реагираше, веројатно проценувајќи дека ја има ситуацијата под контрола. Како и минатиот петок, повторно беше демолирана автобуската постојка пред Владата.

Некои од демонстрантите рекоа дека протестираат за навредите кон албанскиот народ. Тврдат дека ја споделуваат болката на семејствата на млад��те убиени Македонци и бараат вистинските убијци да бидат изведени пред лицето на правдата. Сметаат дека уапсените не се виновни, а особено негодуваат за епитетот „исламски радикали“. Незадоволни се и од однесувањето на членовите на ДУИ, кои, според нив, ги легитимирале навредите врз албанскиот народ.

Бројката на лицата што протестираа беше поголема од минатиот петок. Според најавите на социјалните мрежи, протестите ќе се одвиваат секој петок.

Во пресрет на собирот, имаше куп повици за воздржаност од инциденти. Евроамбасадорот Аиво Орав рече дека право на секој граѓанин е да протестира, но имајќи ја предвид сложената ситуација, организирањето вакви протести носи и огромни одговорности.

„Уверен сум дека сите институции во државата, МВР, полицијата, обвинителството, успешно ја вршат работата, колку што е можно најдобро. Мошне е важно и самите граѓани да веруваат дека институциите работат за доброто на сите, односно во интерес на правдата, а криминалците ќе ја добијат заслужената казна“, рече Орав.

Мен��ух Тачи, лидерот на ДПА, ги повика Албанците да не се приклучуваат на протестите. „Не смееме да влетаме во авантури, не смееме да ги врземе работите од етнички и религиозен аспект“, изјави Тачи. Апели за мирни протести имаше речиси од сите партии и институции.


Статијата е прочитана 8004 пати.

Испрати коментар



Почина таткото на Мартин Нешкоски
Папуљас во обид да формира влада на национално единство
Грчкиот политички трилер продолжува
Во Тетово пробиен полицискиот обрач
Еден загинат во сообраќајка пред Скопје
Попоски во Брисел - Македонија е добра инвестиција за ЕУ
Од недела снижување на температурите за 10 степени, врнежи и грмежи
Се подготвува теренот за црквата „Св. Константин и Елена“
Меркел - Нема раст со нови задолжувања
Врзана, тепана, па оставена со рачна бомба
„Скопски пазар“ одбележува 60 години постоење
Брејвик гаѓан со чевел - Убиецу, оди во пеколот!
ММФ го затега ременот и ги замрзнува платите
Шојбле - Еврозоната може да го поддржи излезот на Грција
Загина рудар во Саса
Вранишковски повторно доби две и пол години затвор
Апели за мирни протести, воздржаност и одговорност
Американската амбасада апелира на мир и воздржаност
Тачи ги повика Албанците да не учествуваат на најавените протести
Ставрески - Ќе паднат каматите и на државните записи
„Бранот“ ги однесе Бахчовановски и Башевски
Омбудсманот отвори четири предмети за Смилковци
(ФОТО) Жената божица се крена над „Жена борец“
„Аџибадем - Систина“ за две години над 1.500 операции на срце
Избрано логото за „Скопје креатива“
Трета среќа за нова грчка влада
Пола милион денари за рекреација на пензионерите
Од дрво во училиштен двор паѓаа пари
Откорнале паркет, барајќи злато
Груевски до НАТО - Да не го изгубиме тлото под нозе
Попоски во посета на Луксембург и на Белгија
Путин не доаѓа на самитот на Г-8 во САД
Масакр во Дамаск - 40 загинати од бомби
Солидарноста со Грција има граници
Сарачини - Сите плати за ОХИС до крајот на јуни
Обама прв пат ја поддржа легализацијата на геј браковите
Нема знаци за преживеани во рускиот авион што се урна во Индонезија
Рамуш Харадинај се враќа на Косово
Ни Ципрас не успеа да формира влада во Грција
Апели за мирни протести
Од Светска банка 150 милиони долари
Полицајците ќе возат „шкода јети“ или „сеат алтеја“
Груевски - Заслуживме членство во НАТО и преговори со ЕУ
Орав - Во ��У само со нејзините вредности
Претседателот Иванов на брифинг во МНР
Јулија Тимошенко префрлена во болница
Шест партии ќе го поддржат Тадиќ во вториот круг
Радарите ќе се следат и на мобилен телефон
Филе - Црна Гора во јуни почнува преговори
Иванов - Протестот е демократско право, но судот решава според законот
„Форд“ ќе произведува повеќе автомобили
Дневно се вршат и по три евтаназии во Белгија
Одбележување на Денот на победата над фашизмот
Ципрас ги откажува спогодбите со меѓународните кредитори
Велешанец две и пол години ја силувал 24-годишната ќерка
Харадинај привремено пуштен на слобода од Хашкиот трибунал
Плата за вработените во ОХИС по ребалансот
Честитка од Иванов до Ромпуј по повод Денот на Европа
(ФОТО) „Џонсон Мети“ вложува нови 60 милиони евра
Златни коњи се извишија спроти Собранието
Историска шанса за грчката левица
Одлуката за Бошкоски донесена, но се' уште е тајна



mile, 11.05.2012 14:34:45
Муслиманите не биле терористи????? Па кој ги урна кулите во Њу Јорк???? Авионски уривања????? Кој ладнокрвно убива 5 млади деца кај Смилковци?????? Маркале во Сараево, Рачак на Косово, Гораждевац????? Кој инсценира вакви случки.........
кте79, 11.05.2012 14:45:49
Хезболах. Ова не смее да се толерира на европска почва.
mene, 11.05.2012 14:52:34
E sega i za ova da ne e Kriv Branko??? Koga bese Branko nasata policija odese da hapsi vo albanskite sela - sega gledajte kako pravat zakon vo drzavata nekoi imami so koj znae kakva pozadina i koj znae so kakvi nameri... Ubieni bea makedonci na svet den i ovie se sprdaat so nasata drzava - organiziraat protesti brojni so dzihadisticki znaminja ke se setaat po Skopje... Ke se pokaze uste ednas nemokta na nasata policija, na naseto postestvo na nasata drzava... Na toa sto ostana od nea.... vazno se gradat spomenici - toa nema zastoj inace se drugo stoi...
Nekoj, 11.05.2012 16:12:21
Vo ikonografijata fali amerikanskoto zname.Obicno e tamu sekogas, ama izgleda sega ne se poklopuva so ona muslimanskoto.
Donco, 11.05.2012 16:20:10
Ние обичните граѓани што работиме да ни текне да излеземе и да фрламе камења по Владата ќе не притворите и ќе не држите во станица . Има разлика од протест и мирен протест. Оваа влада треба да каже и да знае како се реагира на ваков протест со гумени палици , со водени топови и слично. Не може законот да важи за Македонците само Груевски зашто ваквиот начин на водење на политика ќе ти се сруши по глава твоја. На врвни позиции донесе деца пилиштари за да ги командаш полесно, кои не знаат како да реагираат во вакви ситуации. Затоа и јас како обичен човек Македонец велам како протестантите доле Влада, Груевски оди си!
Goran, 11.05.2012 16:26:46
Nenormalen narod! Navredeni bile od komentarite po vesnicite pa krsele stakla i se buntuvale... Dali to treba da znaci deka nie sega moze da odime i da im gi zapalime kukite zatoa sto Albancive vsusnost pretepale do smrt Makedonski deca? Sramota
The CCCP, 11.05.2012 17:18:29
Samo tvrdo so ovie teroristi nemoze i da ubivas i da protestira ali nasle labavo i se izivava,Makedoncite se tie koj ke protestira protiv teroristi i kriminalc..........
bb, 11.05.2012 17:25:14
neoti znaat za sto protestiraat vazno e da izlezat da se pokazat deka postojat.ako e protest za navreda kako sto velat tie zosto togas se skandira uck ,golema albanija ,umrete kauri.,ne mi e jasno sto sakaat
skopianec, 11.05.2012 18:23:37
do vqera bea albanski seperatisti sega vikate muslimani utre ,,,,,, zal mi e deka politikata na gruevski i gordana se detski raboti sto celiot svet vi se smeska i vopsto ne sakat vise da slusat za makedonija,so sila ne idat nekoi raboti. pozdrav
Arben, 11.05.2012 19:01:21
ubistvoto na 5 deca ne go prvija albancite, ova e samo teatar za da se vleze vo nato. isto kako rastanski lozja i slucajot sopoti koi bea montirani. vakvo ubistvo ne se sluci ni 2001 da se ubijat deca, ova e samo montaza.
Трпе, 11.05.2012 22:13:52
Каков ке биде неславот на овој филм во копродукција на дпмне и дуи.
Makedon, 11.05.2012 22:48:05
Хитлер брату, кај си кога највеќе требаш?
Leon, 11.05.2012 22:49:20
Ako velite deka imase 4.000 na protestot, a jas licno vidov imase najmalku 20.000, togas sto pravime okolu verodostojnosta na ostanatiot del od tekstot??? Ve molam bidete povistiniti. pozdrav

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 22°C

Делумно облачно

Сабота
Грмотевици со дожд
Макс: 29°C, Мин: 12°C

Недела
Ветровито
Макс: 23°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |