Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
02.11.2012, 17:42

Атина го чека одговорот

За грчкото Министерство за надворешни работи е енигма дали е пратен или не одговорот на меморандумот

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ

Атина - Македонскиот одговор на грчкиот меморандум за соработка, до петокот попладне, не беше стигнат во грчкото Министерство за надворешни работи. Различните најави од македонското МНР и од нашите медиуми предизвикаа конфузија дали наскоро ќе биде испратен или веќе е испратен одговорот на грчкиот предлог до Атина. Од грчкото МНР тврдат дека се' уште нема одговор и единствено што знаеја е дека тој се подготвува и ќе биде испратен наскоро, како и тоа дека во него ќе бидат споменати хашката пресуда и Привремената спогодба. Неофицијално, грчки извори објаснуваат дека ваквите преписки и документи се праќаат преку канцелариите за врски во нашата земја и во Грција и дека на таков начин стигнал грчкиот предлог-меморандум до нашето МНР. Ако е точно дека е пратен одговорот на меморандумот, а го нема во МНР, тогаш вашиот амбасадор веројатно заглавил во штрајкот вчера или го носи пешки - се пошегуваа овие извори, додавајќи дека нестрпливо очекуваат да видат што содржи.

Досега македонската и грчката страна ги информираа медиумите за нивните испратени писма и протестни ноти, а од македонска страна обично брзо се објавуваа и одговорите од грчката страна, со исклучок на одговорот на писмото на премиерот Адонис Самарас кој го објави грчки весник близок до владејачката партија.

Меморандумот за соработка беше испратен во почетокот на октомври од страна на шефот на грчката дипломатија, Димитрис Аврамопулос, до министерот Никола Попоски. Целта на меморандумот, како што беше објаснето од грчка страна, е да се договорат рамката и основните параметри во кои се движат преговорите за спорот за името и да се даде нова динамика на процесот. Како што објаснија од грчкото МНР веднаш по објавувањето на меморандумот, текстот не е конечен договор, туку предлог на кој се чека одговор од македонската Влада, а потоа ќе се види како може да се развие. „Сега засега е предлог кон Владата на БЈРМ и чекаме нивен одговор да ја видиме реакцијата. Се надеваме дека ќе има позитивен одговор“, истакна тогаш портпаролот Григорис Делавекурас.

Минатата недела тој искажа разочараност пред новинарите зашто се' уште не го виделе одговорот, а место тоа само гледаат негативни коментари и негативен став кон меморандумот. Тој дури го коментираше интервјуто на Попоски за австриски весник со заклучок дека за македонската страна меморандумот е бесмислица. И покрај ова, од грчкото МНР велат дека остануваат во исчекување позитивен одговор од македонската Влада за меморандумот со кој би се подобриле односите меѓу двете страни.

Уште при објавувањето на меморандумот, за грчките аналитичари беше нејасно дали документот е некаква нова привремена спогодба. Иако го оценија како позитивен секој обид преговорите да мрднат од мртва точка, сепак, забележаа дека се сомневаат во резултатите од овој текст, кој ќе отвори паралелни преговори за преговорите за името. И ним им паднаа в очи елементите во него што се неприфатливи за македонската страна, како што е грчката црвена линија за име со географска одредница ерга омнес. Процените беа дека Македонија нема да го одбие меморандумот, туку ќе одговори со познатите аргументи, со што ќе се отворат паралелни преговори за рамката за името. Грчкото МНР при претставувањето на меморандумот не објасни кои ќе бидат идните чекори.


Статијата е прочитана 1856 пати.

Испрати коментар



Најважна е потрагата по вистината
Паралели - Македонија VS Грција - Србија VS Косово
Уште една војна за бранителите
Милошоски негира дека добил стан од ЕСМ
За Бугарија само признавањето има славеничка тежина
Тодоров бара советници
Веб-страницата без македонско писмо
И невозможните коалиции стануваат возможни



kojco, 02.11.2012 23:18:58
Pak li LAZE Nikola Popovski deka e isprateno pismo......toa pismo da ne e prateno na Mars??? Kolku patuva pismo do Atina????? Izgleda so godini patuva pismo?????
dedo dimo, 03.11.2012 06:34:36
Pod uslovi kakvi shto saka Atina tuka ima slabi izgledi neshto da se izmeni .Grcite treba da svatat deka so naredbi ,nieda go smenime imeto toa ne e mozno i ne e prifatlivo ,Republika Makedonija ima svoe ime a Grchkata vlada i Makedonskata samo trba da se dogovorat kako tie i nie ke im se obrakame kako ke kontaktirame megusebno.Makedonija e navistina podelena zemja ali ova parche se vika REPUBLIKA MAKEDONIJA.Kako grcite i Bugarite ke gi vikaat tie delovi e nivna rabota.
pile, 03.11.2012 07:05:27
Odgovorot na memorandumot (citaj revizija na VS od 1995 godina) ako veke se izgotvuva kako sto izjavi Ministerot Popovski,treba da bide soglasno zdraviot razum i megjunarodnoto pravo i javno objaven so citliv potpis na istiot kako sto veti Premierot na R.M.Vo sprotivno ako ne bide ispocituvano megjunarodnoto pravo kako izgotvuvacot taka i potpisnikot ke treba da se podgotvat da ja snosat odgovornosta ne samo politicka, za nepocituvanje kako na obvrzuvackite odredbi od VS od 1995 godina taka i na sodrzjinata na Haskata presuda od 2011 godina.Istoto se odnesuva i na sekoj pottiknuvac za otstapki od spomenatite megjunarodni akti koi se na sila, kako od vnatre taka i od nadvor kolku i da se cini deka nivnite nameri se iskreni i ke go zabrzaat procesot na evrointegracii na zemjata a se nadvor od procesot za nadminuvanje na razlikite za imeto koj se vodi pri ON.Za atlantis-bonbona biznis nesakam nitu da razmisluvam.
до Миркица, 03.11.2012 08:50:46
Во меморадумот не станува збор за паралелни преговори.Тоа го предлата ЕУ,а не Грција. Се бара име ерга омнес,не од страна на Грција туку од страна на Советот за безбедност,од Генералното собрание на ОН,од страна на НАТО и ЕУ,а исто така и од судот од Хаг,затоа што новото име треба да го замени старото привремено име ФИРОМ кое исто така е име ерга омнес.
do citatel/prijatel, 04.11.2012 08:27:53
Ako ne blokirase juzniot sosed,Makedonija ke bese primena sekade so ustavnoto ime.OON ne bara smeneto ime,a ne bara ni toa da bide za sekade.Bara razgovori za razlikite za imeto i nikade tamu ne pisuva deka mora da se smeni naseto ime.Treba da se zameni privremenoto ime BJRM,no ako se trga BJRM,na negovo mesto ke bide samo ustavnoto ime so angliska transkripcija za sevkupna upotreba osven za juzniot sosed koj neka ne vika bilateralno kako saka.BJRM ne se upotrebuva sevkupno.Vistinata koja te boli e deka najgolem del od drzavite vo svetot ja priznaa i se obrakjaat na Makedonija so ustavnoto ime.Duri i nekoi drzavi sto ja priznaa so BJRM se obrakjaat i ja pisuvaat na sportski natprevari vo tie drzavi so pravoto i ustavno ime.
phenom, 04.11.2012 15:26:59
хммм, да не биле грците, кај ќе ни беше крајот?...а замисли да ги немаше русите, монголците и кинезите и цела Азија да беше наша?!?!?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 9°C

Делумно облачно

Вторник
Претежно облачно
Макс: 18°C, Мин: 7°C

Среда
Обилни врнежи
Макс: 9°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (45)
Инцидентот на Бајкалско Езеро. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Настани
Интервју -Цената на станбениот квадрат ��ема да паѓа
Д-р Ванчо Чифлиганец, сопственик на градежната компанија „Адора инженеринг“, очекува рамноправни услови за работа на дом...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |