31.03.2012, 13:46 Американец доби 640 милиони долари на лотарија!
Претходната рекордна добивка во САД изнесува 390 милиони долари, која во 2007 година го поделија двајца добитници
Претставници на државната лотарија во Мериленд објавија денеска дека во оваа американска сојузна држава е продаден највредниот тикет на сите времиња. Сега е познато дека има само еден тикет со добитна комбинација, а добивката е неверојатни 640 милиони долари.
Директорката за комуникации во Лотаријата во Мериленд Керол Еверет изјави дека победничкиот тикет е купен во една продавница во округот Балтимор.
Добитните броеви на тикетот се 2, 4, 23, 38, 46 и 23.
Според Еверет последен пат тикет од Мериленд освоил голема сума на лотарија во 2008 година, кога добитничкиот износ бил 24 милиони долари.
Претходниот рекорд во САД изнесува 390 милиони долари, кој во 2007 година го поделија двајца добитници од Џорџија и Њу Џерси. |