19.04.2013, 12:13 Кливленд му врачи отказ на Бајрон Скот
По завршување на регуларниот дел од сезоната во НБА-лигата, три екипи се разделија со досегашните тренери
Најмалку три екипи од најсилната лига во светот (НБА) следната сезона ќе ја почнат со нови тренерски имиња. Бајрон Скот доби отказ во Кливленд, Даг Колинс се повлече од клупата на Филаделфија, а нова работа ќе мора да бара и Лоренс Френк, кој поради слабите резултати со Детроит особено во вториот дел на сезоната добил отказ. Иако информацијата за Френк се' уште не е официјална, американските медиуми пишуваат дека во прашање е само време кога таа ќе стане официјална.
Што се однесува до Бајрон Скот, на првите луѓе на Кавси не им се допаѓаше тоа што загубија 16 од последните 18 меча �� ја завршија сезоната со трет најслаб скор во НБА-лигата од 24-58.
„Имам голем респект кон Бајрон Скот како професионалец и како кон човек. Немаше среќа со оглед дека кај нас дојде во еден од најтешките моменти за франшизата. Му посакуваме се' најдобро во понатамошната тренерска кариера“, соопшти генералниот менаџер на Кавалирс, Крис Грент. Скот го презеде кормилото на Кливленд во 2010 година кога си замина Леброн Џејмс. Во трите сезони забележа 64 победи и 166 порази.
За повлекувањето на Колинс од клупата на Детроит потврди сопственикот на клубот Џош Харис: „Ова беше негова одлука. Никој не го присилуваше да го направи тоа“. Колинс на кормилото на Пистонс дојде во 2010 година, оваа сезона ја заврши со 34 победи и 48 порази за деветто место во Источната конференција.
|