20.04.2013, 11:44 ЦСКА Москва втор учесник на „Фајнл фор“
Рускиот претставник синоќа во Виторија го совлада шпанскиот тим Каха Лаборал со 94:85 и со вкупни 3:1 ја доби четвртфиналната серија
Екипата на ЦСКА Москва е вториот полуфиналист во кошркарската Евролига. Рускиот претставник синоќа во Виторија го победи шпанскиот тим Каха Лаборал со 94:85. За ЦСКА ова беше трета победа и само со еден изгубен дуел во четвртфиналната пресметка што обезбеди учество на завршниот „Фајнл фор“ турнир.
Претходно за место во завршницата се избори Реал Мадрид кој со 3:0 во победи го елиминира Макаби.
Другите два учесника во полуфиналето ќе бидат познати по одигрувањето на „мајсторките“.
Анадолу Ефес вчеравечер во Истан��ул во драматичен финиш со 74:73 го победи Олимпијакос и изедначи на 2:2. Европскиот првак на домашен терен во Атина на 26 април ќе има шанса да се реваншира и со евентуална победа да игра на завршниот турнир.
Петти натпревар во четвртфиналето ќе играат и Барселона и Панатинаикос. Домаќин на мајсторката закажана за 25 април ќе биде Барселона.
|