Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
10.09.2012, 17:27

Поглед

Многу црвени линии

Ерол Ризаов

Што се крие зад чизгиите што ни ги цртаат нашите мили комшии

Нашите најблиски комшии почнаа да цртаат многу црвени линии кон Македонија. Тоа се убаво спакувани ултиматуми испратени до нас, до Брисел и до големите сили во кои ни кажуваат нам и на светот дека треба да се вразуми непослушното дете од Балканот, да му се истегнат убаво ушите ако сака да се приклучи на европското семејство. Грците нацртаа црвени решки за промена на името и се' заедно што оди со тоа. Ново име, нов јазик, нов идентитет. Бугарите долго гледаа сеир отстрана. Сега, божем вознемирени измислија, антибугарската кампања што толку страшно се води кон источниот сосед само за да го кренат прстот да престанеме да им ја крадеме нивната средновековна историја.

На Грците им ја крадеме античката историја, а и на Византија, како да е единствено нивно историско и културно наследство, а на Бугарите им ја присвојуваме средновековната историја на Јужните Словени, која по автоматизам била само бугарска. Прашање на денот е кога ќе се јават и Србите со својата црвена линија да ни кажат дека не можеме да одиме во Европа додека не го симнеме од дневен ред спорот со Српската православна црква и нивните имоти во Македонија. Се разбира, една црвена чизгија ќе повлечат и Албанците за загрозените човекови права.

Без да навлегувам на теренот на историчарите колку ова е слична ситуација пред и по балканските војни, пред и по Првата светска војна кога бугарските, српските и грчките пропаганди ги доведуваа до меѓусебно истребување и омраза која трае и ден-денес луѓето кои не се чувствуваа ни како Бугари ни како Срби, а најмалку како Грци.

Но, да видиме неколку факти кои поради нашите грешки и комплекси не можеме да ги предочиме пред светот. Прво, Македонија ништо не бара од соседите, не дај Боже тие нешто да променат во својот Устав, идентитет, јазик или писмо. Македонија не поставува никаква дилема околу границите со сите свои соседи. Не оспорува ништо од историјата на комшиските царства и кралства и кога сме биле составен дел на тие империи или под нивно владеење. Наместо да газиме цврсто на потврдената историска вистина дека и македонската современа нација, како и бугарската, како и грчката, како и српската, е создадена во рамките на Отоманската Империја, која ќе доведе по антифашистичката војна до создавање на првата македонска национална држава, навистина нешто подоцна од комшиите, но само поради нивните огромни апетити. Неспорна, научно потврдена вистина е дека денес македонската нација е реалност, како што се реалност македонскиот јазик и држава. Не можејќи никој да го негира тоа, се отворија прашањата во нови пакувања на нашите мили соседи околу историјата, името, јазикот.

Е, сега рака на срце во оваа замени на тези што ни ги приредуваат со векови соседите им помагаме и ние со нашата глупава и необмислена политика. Не знаејќи да си ја измериме силата, објективните наши позиции и можности, власта влезе во авантура политички да стимулира потрага по пославно античко минато, трошејќи на тоа милиони евра и иритирајќи го целиот научен свет. Наместо мудро да им ја препуштиме историјата на научниците и историчарите и да се свртиме кон иднината, ние ја презедовме улогата на она што е ем шуто ем боде. Ако станевме, како што беше редот, рамноправна членка на ЕУ и на НАТО, никој не можеше да го оспорува правото на дел од културно наследство на античката историја, на дел од историјата на Византија, односно на Источното Римско Царство, како и на Западното, на заедничката историја на Јужните Словени со Србите и со Бугарите и на сето она што значи македонска историја и за време на бугарско, српско и турско, а и за време на Југословенската Федерација, кога Македонија достигна во целата своја историја најголема афирмација на својата нација, јазик, култура и сите атрибути што ги има една современа држава.

И наместо стратегијата да се движи во насока прво рипни, па викни - оп, пак дигнавме предвремено востание. Ја голтнавме провокацијата од соседите како аџамии. Притоа, власта ја направи најгрозната и најштетна манипулација. Сите што ја поддржуваат ова постапна политика да се дојде до целта со неопходните компромиси и дипломатски активности ги жигоса како непријатели и домашни предавници на Македонија кои го проблематизираат националниот идентитет и името на државата. А со антиквизацијата и спомениците на античките јунаци ги загубивме пријателите и поддржувачите низ светот. Сега научниот свет гледа со недоверба кон Македонија. Оттаму, се' појасни и поагресивни стануваат комшиските црвени линии.


Статијата е прочитана 3928 пати.

Испрати коментар



Ново мнозинство, но само до април?
Инструментализација на дијаспората
ДУИ не ги гласа законите на Владата
Бошкоски бара полиграф за да докаже дека не лаже
ВМРО-ДПМНЕ во Кочани со седум кандидати
Нека се и починати, важно е дека се лустрирани



Itar Pejo, 11.09.2012 00:15:55
Македонија ништо не бара од соседите ??? Siguren si Erole? Makedonija ne bara, ama DPMNE bara. A Solun? Si cul li deka se odkazale od obedinuvanjeto? A Aleksandar? A Samuil? Koga nasive graditeli na identitet ce primetat deka nemame nikoj od taa fela, siguren sum deka i Nikola Tesla ce go proglasat za makedonec. Oni ne se sovinisti ama ne gi sakaat muslimanite, inaku i Ataturk ce go proglasea za Makedonec, a bidejci Turcija vece e vo NATO a, koga togas no pred nas ce vleze vo EU i od nea bi dobile crvena linija.
Srumichanec, 11.09.2012 00:16:51
Samojl bil bugarin tatko mu komit Nikola e vladal Serdika(Sofija);Jane Sandaski e osnovach na bugarska etnicheska partija vo 1919g.(ima dokumeti ) vo Solun i sam e pisal deka e bugarin,T.Aleksandrov-bugarin;Vancho Mihajlov beshe jiv i nasekade velashe deka VMRO e bugarska organizacia na makedonski bugari.Ajde nie sme makednci ne ni terebe tataraska istoroja pa vereme veke da e kajem vistinata i da se odi napred oti sekogas ke ni se krivi komshiite .
Stojan, 11.09.2012 00:26:29
Erole, Grcite , Srbite i Bugarite postoele kako nacii pred doadjanjetoi na Osmanliitena Balkanot i ne se sozdadeni vo Otomanskata imperija i imale svoi knezevstva drzavi i carstva. Pa Turcite na Kosovo se borele so Srpskiot knez Lazar.Inakum tocno e tvoeto tvrdenje deka nie so nekoi svoi izbrzani i nepromisleni postapki im dadovme materijal na sosedite da ne napadjaat i iscrtuvaat crveni linii.
jovan, 11.09.2012 00:39:18
Za zal situacijata vo Makedonija e mnogu pokomplicirana.Vleguvame vo edna etapa(moze da bide i posledna)*specijalno*isplanirana za unistuvanje na Makedonija.Crveni linii, interesi i planovite od nadvor gi znaeme i ne se nisto novo.Problemot e sto vnatre pocnuva da stanuva neizvesno.Vo Makedonija edinstvena politicka partija koja narodot ja povrzuva so nezavisna Makedonija e VMRO, no taa partija ne slucajno e uzurpirana, zaglavena vo kriminali i korupcii, sto pocnuva da se brise od memorijata na narodot kako *sveto ime* so *sveti bukvi*. Posle nivniot pad, i*sluzbeno*ke bide proglasena za lopovska partija, so sto *presuda*dobiva i Republika Makedonija.Site onie 4 crveni linii koj si gi spomenal kako mozni(Grcka, Bugarska,Srpska, Albanska),si zaboravil da ja spomenes i petata*crvena linija* koja nekoj od vnatre ja ima nacrtano od poodamna.Taa 5ta linija e:Ne smee Makedonija da bide samostalna.Mora da ima tutor.
Читател, 11.09.2012 00:48:27
Редовно ги читам твоите колумни и нема што да се коментира, бидејќи се е кажано сликовито. Само ќе додадам дека влеговме во каша од која веќе нема излегување.
kaktus, 11.09.2012 01:09:38
А пто друго можевме да очекуваме од Грците и Бугарите освен црвени линии? Сигурно не црвени теписи. Корените на лошите односи се длабоки, а основата е незадоволениот апетит за хегемонија и кај едните, и кај другите. Македонското малцинство и проблемите кои само посебе можи да ги наметни се потенцијална опасност за нив, која ја потврдуваме и самите ние со малцинствата кај нас и незграпната политика на меѓуетнички односи. Србите иако имаат дебела причина да ни исцртаат дебела црвена линија поради нашето признавање на Косово сеуште тоа не го сториле, а би можеле да го проблематизираат Букурешкиот договор кој в година ќе наврши 100 години. Како и да е сите спрема Македонија имаат свои незадоволени апетити и фрустрации од минатото
P.Petar, 11.09.2012 06:00:30
Erole! Jas i porano rekov deka crvenite linii ne se NAIVNA rabota.No me zagrizuva crvenata linija od sever. Dokolku Srbija izleze so stavot : Neka Bugarija,Grcija i Albanija gi vratat makedonskite teritorii togas i nie ke se otkazeme od Makedonija ! Toa e edno golemo scenario bidejki tie dokoklu se zabetoniraat vo svoite odnosi so Rusija toa mozeme i da go ocekuvame!Crkvata i nivnite odnosi e daleku na vtoro mesto. Bugarija i Grcija se gordi na svojata istorija,Albancite na svoite prijateli od Vasington dodeka Srbija gi ima site ovie atributi plus Moskva! Dali e ova mat pozicija ?? Erole! Napisi nova statija kako da se spasi Makedonija pa ke gi cues mislenjata na komentatorite!! Bidejki se e RELATIVNO smetam deka ne e se zagubeno! No za toa vo nekoe naredno javuvanje!
pameten, 11.09.2012 06:06:44
So raka na srceto mora da priznaeme nekulku fakti. Kako shto Pasko dokazha vo Sredniot vek Slovenite na ovie prostori nikogash ne se narekuvale Makedonci, no ima mnogu dokumenti koi dokazhuvat deka tie pochnale da se narekuvat Bugari. Kako takvi nashite ja pochnale Prerodbata i se izborele za Ekzarhijata, za svoi crkvi i uchilishta, iako da imalo i malkumina srbomani i grkomani, a ushte polmalce takvi koi shto pochnale da tvrdat deka se samo Makedonci. Vo Balkanskite vojni i vo PSV nashite od iljadnicite dobrovolci, do generalite kako Protogerov i Kliment Bojadzhiev, pa duri Vlahov fajterski se borele za Bugarskata kauza, no izgubile. Tokmu vo Kralska Jugoslavija i kaj prljaviot obid za obedinuvane so Bugarija pod egida na Hitler se sozdala Makedopnskata nacija, jazik i svest. Vistinskata istorija mora da se prifati ne za atarot na sosedite toku za spasot na Makedoncite i togash kje se reshat site sporovi. Inaku doagja prikaznata za Aleksandar...
citatel, 11.09.2012 07:10:29
Kolku sto dosega gi imam procitano izjavite na Bugarskite oficijalni lica ( osven ekstremistite ) site poracuvaat da prifatime postoenje na zaednicka istorija.Spored mene problemot e i sekogas ke bide vo nas , posebno za Bugarite kade ocigledno se cuvstvuvame inferiorni pa insistirame na nasa istorija .Taka sto ne drzi izjavata na avtorot deka nie nikogas ne sme posegnale po tugata istorija , nie samo tvrdime deka taa e ekskluzivno nasa.Ke se navratam pak na Samoil :nie insistirame deka e makedonski car a istorijata go definira kako bugarski:koj kogo provocira tuka?
ФЕЛИКС, 11.09.2012 07:25:34
Сите овие поставувачи на црвени линии а и евентуално идните си имаат свои подржувачи тука,па нормално-ненормално е да се пенаваат со тие линии.Бабами Евда не праваше симулаци тука,таа не правеше платформски трибини и објаснуваше колку е добро да се смени името по терк на соседот,таа не донесе доларско-амфорски куфер тука за да се поткупи некој да го смени името,таа не е благонадежник кој постојано ни објаснува колку ни е штетна политиката кон источниот сосед.Таа не направи расколничка црква,таа не дава подршка на енормни национални барања и т.н Сите овие црвени линии си имаат свој апологети тука, кој неуморно одработуваат во корист на нашата штета било како држава било како нација.Кога ова ќе се смени тогаш ќе викаме и оп и ќе скокаме со право.И на крај еве тема за опсервација на видни поединци за туѓи интереси со која авторот треба да се занимава,нормално ако има желба.Се сомневам во таквото нешто оти тој не сака зададени ,,домашни задачи,,Полесно е сепак да се обработува власта
До Стојан, 11.09.2012 07:46:20
Стојане ке мора малку да прочиташ историја. Авторот зборува за создавање на совремните национални држави. И Бугарија и Србија и Грција па ако сакаш и Турција во 19 и 20 век ги направија своите држави. Цела Европа во 18 и 19 век ги формираа националните држави. Види кога им се најголмите државни прзници и кои дејци се сметаат за основачи на државата. Царевите, кралевте, султаните, василевсите и царствата , империите и кнежевствата не се национални држави бидејќи националното оспознавање е многу подоцна. Тоа незнаење е најголемата манипулација на политиката со векови која произведува милиони Столевци, омраза и војни.
kole 11.9.2012g., 11.09.2012 07:57:49
Kole 11.9.2012god. Gos,Erol nesi sam sto so godini vodis edna ista propaganda.Objasni koj e nasledniik na AlexFilip Makedonski,sto e PREDSLAVJANI,stoe SLAVJANI,stoe RECKARI.Nija sme Makedonci i odeme po novijo zavet.NENIE POTREBNO DRUGO.
tihi, 11.09.2012 08:27:15
Nashata istrajnost da bideme Makedonci im bode ochi i zatoa se frustrirani ,isto kako i yugonostalgicharite ,koi po navika se palat na blgarska provokacija ,a za ista takva grchka ,vinata ja baraat kaj nas.Mnogumina bi bile srekjni da nema Makedonci.I site da zhiveat srekjni i veseli
Zare, 11.09.2012 08:42:36
Почитувани Ерол, овоj цитат е ваш, нели? : Целата средновековна историја на бугарските и на македонските Словени е заедничка и кога војувале против Византија и кога народите на двете земји биле во составен дел на Отоманската Империја.
kanagjanka, 11.09.2012 09:00:03
Угнетуваниот македонец со векови сега се освести благодарение на новата археолошко-историско-монуметална политика на ВМРО.Преку ноќ се здоби со самодоверба и сега е осоколен и спремен за напад кон СДСМ.`Преродбеничката црвена линија` е најстрашната од сите - зашто не е комшиска, а наша.
Генерација 1982, 11.09.2012 09:02:55
Ерол, црвените линии, средновековните битки, патријаршиите се интересни за историчарите, политичарите и дел од слепите пилиња, партиски послушници. На нас обичните, рајата, потребен ни е излез од оваа шах мат позиција. Заштедите ги истрошивме, почнуваме да јадеме 3-то класни производи, секоја иницијатива за бизнис пропаѓа, а годината 2013 не очекува уште полош амбиент. Тука ставете го акцентот, тука напаѓајте ги и едните и другите, тука будете го и освестувајте го народот, подигнете го од летаргијата. Верувајте за година дена од сега ќе ни биде многу потешко, па ни политика ни историја ми треба.
Миле - Охрид, 11.09.2012 09:39:50
Екстремно се опасни манипулациите на Ерол по единството и мирот во Македонија. На пат е да ги достигне деструктивните конструкции на Чомоски. Шаблонот е препознатлив. Најпрво кажува неколку уводни зборови за шовинистичките уцени на соседите, потоа кажува дека семе „кутри“, безопасни и немоќни, за на крај да истури „аргументи“ кои ги потврдуваат тезите на уценувачите. Умешно манипулира со поимите народ и нација, ги меша и употребува селективно. Едни критериуми за нас други за оние во чии интерес пишува. Тука се извлекува од областа на меѓународното право и општоприфатените индивидуални и колективни човекови права и слободи и афирмирајќи ги методите на сила и притисок, бара од Македонците да се откажат од своето право да постојат. Тој тоа прави упорно, без оглед што неговите тези (кои се идентични со тезите на непријателите на македонскиот народ) беа отфрлени од судот во Хаг. Крадење на историја, иритирање, нова коминтерновска нација, дојдени или ојдени на балканот.Срамна провокација.
melbourne, 11.09.2012 09:47:05
Tutor se znae koj treba da bide(spored DPMNE),Bugarija,i toa tolku dobro go izvedoa sto bi rekol sekoja cest na unistuvanjeto na samostojna MAKEDONIJA.
Македоналдс, 11.09.2012 10:10:30
г. Ризаов совршено знаете кога е формирана Македонската нација и поради тоа таа не може да биде споредлива со грчката, бугарската или српската. Таа е во иста група со најновите политички создадени нации - црногорската, босанската и сл. Иако не верувам, но ако сепак имате некое прашање во врска со верноста на горенаписаното за да се уверите во вистинитоста му, ве молам отворете ама само во оригинал, коj што бил документ на кој да е македонски историски херој. И таму со своите очи ќе видите дека не постои ниту еден збор напишан на блажеконески јазик. Секој е пишувал само на бугарски јазик. Според вас зошто овие луѓе немаат и збор напишан на нивниот мајчин јазик.
od ostrijot, 11.09.2012 12:56:16
erole edno prasanje ostanuva otvoreno dali crvenite liniji stonigi stavat komsijite gi stavat od kef ili po nasa zasluga.
napalm, 11.09.2012 13:07:45
Gledajte go filmot POSLEDNIOT MOHIKANEC,posle toa se ke im bide jasno na Makedoncite.
Predavnik, 11.09.2012 13:13:54
Mislev deka okolu ovoj tekst site ke se slozime, no ochigledno ne sum razmisluval. Eve, prviot komentar (IP) e apsolutno tochen. Samo shto nashite baranja i crveni linii se zeleni, isprekidani i totalno ne stabilni t.e. iskljuchivo provokativni. Inache, go podrzuvam ovoj od G-82. Vo pravo e chovekot, dajte da jademe prvoklasna hrana i da vozime prvoklasni koli, pa da ni zdodee od ubav zivot, a ne da se palime na istoriski i politichki gluposti. Kako izbirach, gi povikuvam site makedonski gradjani so pravo na glas, na predstojnite izbori glasot da go dadat na onie shto ke zborat za segashnosta i idninata, a na onie shto ke se povikuvaat na istorijata, da gi pratat vo istata, da ne kazam, vo majchinata. Krajno vreme e za podobar zivot, a ne za podobra istorija.
Богомил(ец), 11.09.2012 13:30:04
До ПАМЕТЕН Логиката Ви е во стилот на рингишпил - вртиш постојано една иста плоча, со Санстефански тажалки. Од далеку се препознаваат Вашите бугарофилски теории, со антимакедонски набој, кои во се налкуваат на оние што ги фабрикуваат некои софиски платени телали од рангот на панаѓурскиот џамбас Божидар Димитров и полициско-политичкиот пендрек, Красимир Каракачанов. За мојот национален статус, за мојот мајчин јазик, за самородниот македонски национален белег на пребогатата фолклорна ризница, не одлучувате Вие, кои вековно ја негирате и безочно ја ограбувате, за да ги пополните празнините во Вашата национална култура. Одлучувам ЈАС, моите претци и моите потомци. Само пред два века, отец Пајсие, Ве прекорил, со зборовите ,,Зошто се срамувате да се наричате Блгари,,, а денес еден народ со сосема друг национален ген настојувате да го нарекувате со тоа име од кое Вашите претци се срамуваа, па се декларираа како Грци, Срби, Румуни или Турци...
LKM, 11.09.2012 13:55:53
Povtorno odlicna kolumna na gosp Rizaov. Potpolnio se slozuvam deka ako prvo se fokusiravme na ekonomski jaka drzava, seriozno pravno i demokratsko opstestvo i vlegovme vo NATO i EU mozea sosedite da si crtaaat crveni linii koku sto sakaat vo nedostig na inteketualen kapacitet i sila da se spravat so ekonomskite problemi vo svoite zemji sto e broj eden na agendata na sekoja vlada. A so se odnesuva do Vasiot komentar Македоналдс se prasuvam kako Vie slicni na vas ne se zamorivte od tie tvrdenja ( i navredi) deka makedonsiot narod e novokomponiran: baba mi i dedo mi (1912) ne bea obrazovani luge, no imaa karizma i integritet, cesno i dobro srce i od niv gi nauciv nasite MAKEDONSKI pesni, prikaznite, kazuvanjata za nivnite MAKEDONSKI rodnini. Tocno e: nasite rodnini ne kolea, ne ubivaa, ne siluvaa, ne gi brkaa drugite luge, narodi od svoite ognista.
Goran, 11.09.2012 14:21:11
Eee Makedonalds, sram da ti e! Prostak kako tebe i nezasluzuva odgovor. Ne mi e jasno kako moze Utrinski da objavuva vakvi gnasni komentari... Sramota!!!
MakeDonalds Original, 11.09.2012 16:21:35
Makedonia okupirana od Rim 147 p.n.e. e proglasena za Rimska Provincija. Taa beshe edinstvenata Makedonia do ova deneshnata Nasha Makedonija rodena blagodarenie na partizanskoto dvizenje. Nikoj pred niv, ni Samuil, ni Volkashin, ni Goce, ni Jane, nikoj ne go ispravi pred svetot imeto na drzava Makedonija. Vo site prilozi-izveshtai pishuvani voglavnom od stranski vesnici i novinari slovenskoto naselenie na ovie prostori e narekuvano Bugari. Samosvesta na slovenskoto naselenie beshe bugarska. Site dejci na ona staroto VMRO bea za Avtonomna Makedonija koja ke i se prikluchi na Bugarija. Site tie se shkolovaa vo bugarski civilni i voeni uchilishta, pishuvaa na bugarski jazik, i se deklariraa za Bugari od Makedonija. Toa sto denes nie si sme Makedonci, posebni, edinstveni, originalni e druga tema.
nacional-patriot, 11.09.2012 17:26:19
Spored tebe Erol,poradi antikvizacijata kako sto ti ja narekuvas sosedite gi iscrtale crvenite linii i kako da baras opravduvanje za nivnite uceni.Koga ja nemase antikvizacijata kako sto ja narekuvas,sosedite gi imaa istite negatorski stavovi,i istite crveni linii kako sega.Makedonija nema vina za odnesuvanjata na Atina,Sofija,Srbija i ne baraj vina kaj Makedoncite.Kako Makedonija bi gi branela svoite interesi kako clen vo NATO i EU koga samo obezlicena i samo so prifakjanje na crvenite linii od sosedite moze da stane clen.So takvo clenstvo tamu i nema sto da brani i za sto da se bori.Ima dokumenti od 13 vek od deec vo Ohrid,ke go pobaram negovoto ime,kade sto pisuva deka i togas imalo Makedonci so makedonski jazik.Ima dokumenti i od 17vek,18vek,19vek,i tamu pisuva za etnickite Makedonci i makedonskiot jazik.Crnogorcite,Bosancite zboruvaat srpskohrvatski,a nemaat nivni jazici razlicen od Srbite.Makedoncite imaat jazik razlicen od drugite i ne se kako Bosancite i Crnogorcite.
Баба Евда, 11.09.2012 17:31:12
Внучко Феле , убаво те учеше баба! Но другите баби не ги учеле своите внуци,Тие обработуваат за други, Еве , бившото мнистерче за надворешни ,го нарекуваше Блаже Конески „џуџето од Небрегово“! Не само името , но и државата ни сакаат да ја припојат кон мајка им!Тодор Александров ни го донесоа! Споменикот го викаат „Војводата Кисела Вода“! Па и Цане „Обратниот“ , што би рекле во твојата матична држава , го нацуцулија на плоштад!За Ванчето и Симеон Радев , да не лафеме , внучко. Туѓи апологети врие кај вмроидите , шатче бабино! Да и веруваш на баба , внучко!
janza, 11.09.2012 19:46:06
Нашиве зидари белким прават и тие нешто.Ќе стават ли нешто во темелите кај река Манцева.На проведувањето на поставени��е постулати,од страна на нивните белосветски колеги,ваљда знаат да контрираат.Шверцот со нафта,органи и сл,односно Асанжовите најнови вести ќе ги сотре нашите големци,биле леви или десни,наши или ваши.Имаат ли план Б.Комодитетот треба да ги плаши повиканивеi и да почнат да ја крепат државата.Одсем ако толку им е максимумот и патриотизмот го продале на ѓаволот за грст златници.Овде веќе не е важно кој е крив.Овде веќе во прашање е можноста да покажеме зошто не имало или немало низ историјата,и зошто планерите не моижат од измешаниве наши секвенци да скрпат нешто.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Делумно облачно

Петок
Обилни врнежи
Макс: 22°C, Мин: 16°C

Сабота
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Во Конго отриен нов вид мајмун
Овој вид мајмуни локалните жители ги нарекуваат лесула, а нивните задници имаат специфична сина боја...
Стогодишник се` уште работи во „Волмарт“
Највозрасниот работник во САД има 100 години и веќе 29 години работи во супермаркет на „Волмарт“ во Канзас...
Жителите на Фокландските Острови се сметаат за Фокландери
Според пописот Островјаните се гледаат себеси како жители на самостојна прекуморска територија и бараат од Аргентина да ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |