Хороскоп
Овен
Многу работи постигнувате на дипломатски начин. Доколку се најдете во незгодна ситуација, нема да бидете сами. Ги делите искуствата со другите. Ќе присуствувате на јавен собир или ќе бидете во ситуација да започнете соработка многу позначајна отколку што претпоставувате.
Бик
Конечно можете да здивнете. Преземете ги подготовките за патување - и повредите ќе останат зад вас. Успешни сте во се што ќе наумите. Се искористувате конструктивно. Доколку посакате да се вплеткате во туѓи проблеми, гледајте тоа да го избегнете. Свртете се кон сопствените.
Близнаци
Интуицијата е изразена, како и нервозата која потекнува од неа. Се што е добро има и лоши страни. Искористете ја првата погодност. Проблемите кои се однесуваат на нервите обидете се да ги ублажите. Никој и ништо на светот не е достојно да ви го упропасти денот. Не им го дозволувајте тоа ниту на најблиските.
Рак
Се уште чувствувате дека сте напнати. Како нешто во градите да ве притиска и ви создава нервоза. Со оваа состојба веќе се соживеавте. И покрај таквата непријатност, правите далекусежни планови. Никако не се откажувате од нешто. Ќе бидете во ситуација да зборувате на јавен собир, или пред блиски личности.
Лав
Ви недостига и сила и мотивација. Една од причините за таквата состојба е од органска природа, а другата причина се однесува на ситуацијата на љубовен план. Бидејќи ѕвездите наложуваат пасивност, одмор и помалку движење, послушајте го нивниот совет. Збогатете ја исхраната со зеленчук и овошје.
Девица
Ги проверувате своите можности како да ги совладате тешкотиите. Битката која ја водите сега е при крај. Кај некој припадници таа се однесува на срцевите пречки или некаков вид операции. Можна е желба да давате отпор на авторитети и борба против ограничување на слободата.
Терезија
Не треба да претерувате со желбата за доминација и мудрување. Тоа никој не го сака. Пред вас се многу пријатни случувања кои на прв поглед не ве обврзуваат. Не сте свесни за тоа колку тие пријатни случки ќе влијаат на вас и на понатамошните случувања.
Скорпија
Не ви е лесно. Во текот на краток временски период преживувате разни случувања. Бидејќи имате огромно искуство, пробајте од тоа да изведете заклучок и најважно од се - корист. Моментално сте окупирани со мистични теми - дружете се со Риби.
Стрелец
Почитувајте го барањето на организмот. Тој ви вели дека сте се измориле. Самотијата добро ви доаѓа, така што доколку сте во можност да ги наполните батериите и да се препородите, сторете го тоа. Шетањето во природа, добра книга и филм, макар и на телевизија - ќе сторат да се релаксирате.
Јарец
Уморот и лошото здравје имаат врска со хроничните проблеми. Не се форсирајте, туку правете ги работите кои не ве оптоваруваат. Обидете се да работите работи кои не ве заморуваат. Сфатете дека не можеме секогаш да ги оствариме сите желби. Не е пожелно да се оптоварувате со ситници.
Водолија
Сериозни сте и одговорни, бедејќи околностите тоа го бараат од вас. Околината конечно се увери дека на вас секогаш може да се потпре, иако изгледате несериозно. Првиот впечаток може да мами. Не обрнувајте внимание на внатрешниот немир, ниту на некои работи кои се повеќе од тривијални.
Риби
Мистериозни сте. Доколку некој ви подаде рака, вешто ќе ја одбиете, бидејќи не сакате кој било да ви се меша во животот макар и да има најдобри намери. Загрижени сте за некој член од семејството. Својата грижа сакате да ја зачувате во себе.
|