Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
04.11.2012, 16:05

Пропаѓа ли Скијачкиот центар на Кожуф?

Во Ски-центарот струјата одамна е прекината, а така ќе остане се' додека Центарот не го плати долгот од милион денари кон ЕВН

Ангел Данов


Кожуф - Наближува новата скијачка сезона, а Скијачкиот центар „Кожуф“ и натаму тоне во мрак. Струјата поради дефект е прекината одамна, а бидејќи нема никакви најави дека нешто ќе биде преземено, сопствениците на викендичките и на угостителските објекти стравуваат дека ќе изгубат уште една сезона. Се жалат дека повеќе месеци се принудени да работат на агрегати, но, како што велат, на тој начин не можат да чекаат гости, ниту, пак, тоа е вистинскиот начин за развој на туризмот.

Објектите се снабдуваат со струја од трафостаницата на Ски-центарот, која е во приватна сопственост, но доводниот електричен кабел е подолго во прекин. Сопствениците се обратиле до ЕВН и побарале да добијат посебни броила и посебен приклучок за електрична енергија, но барањата им биле одбиени со образложение дека мрежата е во сопственост на компанијата „Ски Кожуф“.

„Само си ја префрлаат топката. Повторно чекаат Кожуф да биде завеан во снег, па да биде невозможно да се санира дефектот и да речат дека немаат механизација за таа работа“, коментираат револтираните сопственици.

Но, од „ЕВН Македонија“ велат дека дефектот е одамна решен, но проблемот со струјата не е поради тоа, туку поради долгот што го има Ски-центарот „Кожуф“ и се' додека не биде намирен, нема да има напојување.

„Дефектот од големото невреме е саниран, исто како и патот на кој имаше лизгање на земјиштето и поставен е кабел до трафостаниците од кои со електрична енергија се напојува Ски-центарот ’Кожуф‘. Санирањето на овој голем дефект се изведуваше заедно со градежната компанија ’Гранит’, која мораше да го санира и патот за да имаат пристап екипите на ЕВН. Иако напојувањето можеше да биде пуштено веќе во наредните денови, сепак, трафостаницата нема да може да ги снабдува корисниците, бидејќи сопственикот има долг кон ’ЕВН Македонија‘ од над милиони денари и додека не расчисти со долгот, нема да биде пуштен напон. Законските одредби важат за сите, па и за овој објект. Што се однесува сопствениците на викенд-куќите кои се дел од комплексот и кои побарале приклучок, тие нема да можат да бидат приклучени поради немање технички услови, бидејќи постојната мрежа не е во сопственост на ЕВН. Постојано сме во контакт и разговори и со сопственикот на Ски-центарот и со сопствениците на викенд-куќите за да се изнајде реално решение“, одговорија од ЕВН.

Општина Кавадарци го ослободи Скијачкиот центар од плаќање комуналии, но компанијата многу малку има инвестирано во инфраструктура во Центарот.

„Локалната самоуправа е разочарана од состојбите на Скијачкиот центар ’Кожуф‘. И покрај многуте бенефиции, нема никаков повратен ефект“, вели градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов.

Иако во изминатиот период се најавуваа нови инвестиции, жичарници, ски-лифтови и хотели, од тоа нема ништо. Дали Центарот се соочува со внатрешни проблеми, или нешто друго е во прашање, не успеавме да дознаеме, бидејќи извршниот директор на „Ски Кожуф“, Ангел Наков, беше недостапен.

Додека траат проблемите со струјата, во меѓувреме интензивно се расчистуваат наносите и се реконструира оштетениот дел од патот од месноста Смрдлива Вода до Центарот, кој е во должина од 15 километри. На трасата е механизацијата на „Гранит“, која работи на чистење на одроните, се ставаат нови потпорни ѕидови. Патот ќе биде комплетно во функција и безбеден за сообраќај пред скијачката сезона, но дали воопшто некој ќе го користи, зависи од тоа дали Центарот ќе исплива од темнината.


Статијата е прочитана 4568 пати.

Испрати коментар



Многубројно семејство е благодат
Наталитетот паѓа и покрај помошта од државата
Огражден тежи од злато и бакар
Рудничките хидројаловишта се безбедни
Стресот удира на штитната жлезда



ljubinko petrov, 05.11.2012 19:28:19
mnogu odamna e jasno deka gazdata nakov si pravi ski centar samo za nego i negivite prijateli zatoa sto go pustase da raboti isklucivo koga toj sakase a ne gostite sto doagaa da uzivat vo planinata kozuv i prirodnite ubavini toj sekogas e spremen da izmisluva bilo sto samo centarot so ona sto e izradeno po inicijativa na poranesnite vraboteni da ne raboti za gosti tuku za samobendisaniot nakov zalno e sto mu e dozvoleno od strana na drzavata da rakovodi so takva planinska ubavina
Pero, 05.11.2012 21:36:11
Epa normalno propajga ,za inaet od Sdsm ce go unistat do kraj, zatoa sto Sdsm go pocna toj proekt, ama koga Sdsm ke dojdat na vlast jas bi gi rusil site tie spomenici, cirkuzantski raboti niz Skopje, samo za inaet. Cim veke Vmro saka taka zatoa sto tie ja pocnaja vojnata...
daskalot, 05.11.2012 23:48:16
Не ми е јасно како народот може да биде овца за стрижење.... Замислете и покрај прекрасната медиумска кампања,која започна со 50е за м2 и незнам колку жичари горска слузба итн.. и еден куп измамени граѓани кои купија плацеви таму. Бев видов и за мој стил на скијање ми одговара. Но реално кај се видел ски центар со 500м разлика во надморска висина. Да дојде и шеикот од катар од оваа приказна ски центар не бидува. Не живејте во заблуди во МК само еден ски центар има потенцијал да биде голем центар, а тоа е Шара се друго е романтизам на локалните шерифи....

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
   


Site Meter


Време
Скопје, 8°C

Делумно облачно

Вторник
Претежно облачно
Макс: 18°C, Мин: 7°C

Среда
Обилни врнежи
Макс: 9°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (45)
Инцидентот на Бајкалско Езеро. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Настани
Интервју -Цената на станбениот квадрат нема да паѓа
Д-р Ванчо Чифлиганец, сопственик на градежната компанија „Адора инженеринг“, очекува рамноправни услови за работа на дом...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | За��ава | Хороскоп |