17.07.2012, 17:48 Граѓаните ќе ја подобруваат работата на градските служби
Градските власти со помош на граѓаните ќе ја подобруваат ефикасноста на работата на градската администрација. Отворија анкета преку која корисниците на услугите на градските служби можат да ја оценат нивната работа, ефикасноста, подготвеноста за соработка....
„Дали сте задоволни од ефикасноста на работата“, „Како го оценувате квалитетот на нашите услуги“ се дел од неколкуте прашања од анкетата која ќе трае во наредниов период. Граѓаните истовремено можат да дадат предлози, забелешки и мислења за услугите што ги нудат градските служби. Заинтересираните граѓани можат да се вклучат во анкетата преку веб-страницата на Град Скопје www.skopje.gov.mk.
Целта на анкетата, како што објаснуваат од Град Скопје, е да се зголеми ефикасноста и квалитетот во работата на градските служби.
„Со учеството во оваа анкета, граѓаните имаат можност да ја оценат работата на администрацијата преку тоа колку се задоволни од услугите кои ги нуди Градот, ефикасноста во сервисирањето и степенот за информираноста за овие услуги“, објаснуваат градските власти. |