Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
14.03.2012, 14:56
„Енциклопедија Британика“ заминува од полиците



Фирмата започна дигитална верзија на своите енциклопедии за таблет компјутери

По 244 години фирмата за прирачници „Енциклопедија Британика“ реши да го прекине објавувањето на познатото и значајно печатено издание од 32 тома. Наместо тоа, ќе се фокусира на дигиталната експанзија во услови на се' поголема конкуренција од веб страниците како што е „Википедија“. Фирмата, која ги продаваше своите енциклопедии од врата на врата, сега речиси 85 отсто од приходите ги заработува од онлајн продажби.

Неодамна фирмата започна дигитална верзија на своите енциклопедии за таблет компјутери. „Продажбата на печатени енциклопедии неколку години беше незначителна“, изјави Хорге Кауз, претседател на „Енциклопедија Британика“.

„Знаевме дека тоа ќе се случи“.

Компаниите низ светот се обидуваат да го зголемат нивното онлајн присуство во обид да заработат на пазарот што брзо се развива. Различни весници, списанија па дури и издавачи на книги излегуваат со онлајн верзии на нивните производи бидејќи се' поголем број на читатели пристапуваат до информации на високотехнолошки апарати како што се таблет компјутери и смартфони.

„Енциклопедија Британика“ соопшти дека иако нејзината одлука да се фокусира на онлајн изданија е под влијание на промената во потрошувачкиот модел, способноста да се ажурира содржината за кусо време, исто така одиграла голема улога.

„Печатената енциклопедија е застарена во моментот кога сте ја испечатиле“, рече Кауз. „Додека нашето онлајн издание непрекинато се ажурира. Во исто време, чести корисници на енциклопедијата велат дека преферираат да ја користат онлајн верзијата наместо печатената. Секој месец треба да одговориме на илјадници прашања преку чет, телефон, имејл и тоа треба да го направиме колку што е можно побрзо“, изјави за Би-Би-Си, Ричард Рејс-Гавилан од Јавната библиотека во Бруклин.

„Во многу случаи пребарување по клучен збор во онлајн извор едноставно е многу побрзо отколку да се бара во индексот на „Енциклопедија Британика“, а потоа да се најде соодветниот том“.

Компанијата „Енциклопедија Британика“ значително отстапи од енциклопедиската работа и најголем дел од енергијата последниве години ја фокусираше на образовен софтвер. (Би-Би-Си)

Статијата е прочитана 746 пати.

Испрати коментар



Џорџ Клуни уапсен на протести пред Суданската амбасада во Вашингтон
Не постои, а распродаде четири концерти во Јапонија
Рубенс Муратовски - добитник на "Актер на годината"
Прв фестивал на францускиот филм во Битола
Премиерата на „Челичната дама“ вечерва во Милениум
„Единаесет жени“ на Снежана Младеновска - Анѓелков е „Роман на годината“
Пијано-виртуозот Алексеј Горлач со Македонската филхармонија
Премиера на „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 1°C

Делумно облачно

Сабота
Сончево
Макс: 18°C, Мин: 4°C

Недела
Сончево
Макс: 19°C, Мин: 5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |