22.04.2010, 19:34 Македонија попуштала па глуми непопустливост
Ексамбасадорот Александрос Маљас го повика Милошоски да каже што прифатила неговата влада во февруари 2001 година'
Слободанка Јовановска
„Прашајте го министерот Антонио Милошоски кој предлог го прифати тогашната влада, кога тој беше нејзин портпарол на 24 февруари 2001 година“, беше провокацијата на поранешниот грчки амбасадор Александрос Маљас упатена вчера од Скопје на адреса на шефот на македонската дипломатија.
Со ова прашање тој сакаше да покаже дека во претходните влади имало повеќе слух за потребата од компромис отколку сега, односно дека Милошоски кога беше портпарол бил дел од тимот кој работел на промена на името (колку што е познато Горна Македонија), а сега како министер нема слух за барањата на Атина.
Уште повеќе, Евангелос Кофос, „мозокот“ на грчката политика кон спорот за името, тврдеше дека и експретседателот Киро Глигоров во 1992 година бил подготвен да прифати име Нова Македонија, но бил спречен од други во тоа. Маљас, пак, посочи дека не држеле тврдењата на премиерот Никола Груевски оти не можеме да го менуваме името во Уставот, бидејќи досега избројал 30 амандмани со кои е сменета содржината на овој документ. Третиот аргумент беше дека не гледаат негативни приговори во земјата за името Северна Македонија, па затоа, според нив, сега е моментот да се постигне решение околу спорот, бидејќи политичка волја има, а никој не може да каже дека премиерот Јоргос Папандреу е националист и дека не е искрен кога го вели тоа.
Маљас, Кофос и Танос Веренис од грчкиот тинк тенк АЛИАМЕП настапија со овие ставови пред група македонски новинари, во обид да ја продадат грчката приказна како треба да се гледа на нивната чувствителност околу спорот, бидејќи имаат впечаток дека нивните аргументи и потези на добра волја ги нема во јавноста во Македонија.
На инсистирањето на новинарите да ја дефинираат прецизно грчката црвена линија, односно да кажат без заобиколувања што бараат од нас да прифатиме како име на држава, јазик и народ, тие излегоа со една формула, иако се оградуваа дека се само тинк тенк, а не претставници на власта. Со оцена дека не смее да се дозволи решението за оваа генерација да биде проблем за нашите деца, како што било случај со БЈРМ, тие практично повикаа на трајни решенија и во сите аспекти што се проблематизираат од Атина.
Па така, името на државата би било Северна Македонија, предлог што според нив не е грчки, туку на Метју Нимиц, но меѓународната заедница го прифаќа како разумен. Тоа име треба да се употребува на сите меѓународни нивоа, односно ОН да излезе со препорака до сите земји што не' признаа под уставното име дека треба да го применуваат новото во иднина.
Разграничувајќи го идентитетот на државата од идентитетот на личноста, за македонски јазик го посакуваат зборот „македонски“, напишан на латиница, но со македонски изговор, а истото тоа и за етничкото изјаснување како „Македонец“. Идентитетот на државата, според нив, значи дека во документите на местото на националност треба да стои граѓанин на Северна Македонија или едноставно Северна Македонија, предлог што Маљас препорача да се разгледа внимателно зашто така ќе се види колку е мудар и води до излез од ситуацијата. Оцената на ексамбасадорот во Македонија е дека Атина сфатила оти ние никогаш не сме го прифатиле името БЈРМ, па затоа го смета за име на минатото кое треба да претрпи промена.
Повикувајќи се по примерот на Грција и во Македонија да се иницира стратегиско мислење околу името и идентитетот, грчк��те претставници оценија дека Атина ја достигнала точката во преговорите од која не може да оди натаму (во смисла дека црвената линија е навистина црвена), па нема да биде можно решение без „подарок“ од македонската страна.
Главниот нивен аргумент беше дека Атина со прифаќањето на зборот Македонија во името на државата направила огромна отстапка, но никој во Македонија не сака да го сфати тоа, како и добрата волја кога и' се даваше кандидатски статус на државата во ЕУ. Тоа што Константин Мицотакис, исто така, прифати во негово време име со зборот Македонија, очекувано, не го споменаа, бидејќи ќе се видеше дека и грчката попустливост беше поголема тогаш отколку што сакаат да ја претстават сега.
На прашањето зошто според нив не се успеа да се реши спорот досега покрај толку прифатливи предлози, одговорот беше дека немало „коинциденција на подготвеност“, а имало премногу инволвирани за да се дојде до тоа. Сепак, тие забележаа дека ситуацијата не е идеална и сега, односно ја влошиле Интернетот и блоговите кои имаат влијание врз јавното мислење, а не му приоѓаат на спорот на дипломатски начин.
„Ви помогнаа ли статуите и новото име на аеродромот да го промовирате идентитетот?“, праша Маљас со забелешка дека одговорот треба да си го дадеме самите подоцна, бидејќи ни треба нам, а не нему.
На крајот, порачаа да не се надеваме дека економската криза во Грција ќе ги натера да се откажат од ова национално прашање и дека работите можат да тргнат во наша полза ако се одолжуваат работите. |
|
Статијата е прочитана 2486 пати.
|
Испрати коментар
|
|
marika cair, 23.04.2010 00:30:38 | treba da zahvalime na grcite sto ni dozvoluvat maked da go koristime nemame istoriska opravdanost na toa. |
| Трпе, 23.04.2010 00:36:51 | Дали некој сеуште им го нема кажано на нашата ,неискусна блада вицот за кокошката.Кога кокошката сакала да се прави дека не е преефтина,трчајки пред петелот.Но во глава за цело време им се вртело ,да не случајно на петелот му бега пребрзо. |
| nekogo, 23.04.2010 01:11:44 | More gotovi se, treba da izdrzhime. Duri i niv im e jasno deka fYR e bessmisleno i deka toa mora da zamine.
Treba da vidime kako Irska se spravila so problemot. Porano Velika Britanija barala Irska da se vika Juzhna Irska, ama tie izdrzhale i ostanale Republika Irska. Denes duri insistiraat samo na Irska. E taka kje bide i so nas, bidejki pravdata e na nasha strana!
A Grcite momentalno imaat podobra pozicija, no
taa kje se smeni koga nie preku tuzhba vo sudot vo Hag i preku plenumot na OON kje se izborime da bideme primeni vo OON pod nasheto ustavno ime.
Pa potoa EU kje gi smeni pravilata i kje reche dobro mozhe sekoj da dava zabeleshki za priemot na novi chlenovi, no argumentot na Grcija ne drzhi i takvi prashanja kako imeto ne mozhe da se zemat predvid (bidejki kje bideme normalna chlenka na OON). Do togash nema shto da barame priem vo NATO i EU, dovolni se kandidatskite statusi.
Nie ne sme normalna chlenka vo OON, so privremeno ime sme, pa sme zapnale vo NATO i EU da vleguvam |
| Гоца, 23.04.2010 01:30:17 | Македонија нема да го смени името . А вие можете само да се поклоните на Александар Македонски . Ние сме Македонци ! |
| struga, 23.04.2010 03:05:13 |
Dlaboki se grckite frustracii koga dosle da ne ubeduvaat vo podobro utre, vo ime na decata, da ni predlagaat podobra idnina kako onaa vo grcija, da go kolnat internetot koga ja gubat mediumskata vojna vnatre I vo evropa,da tvrdat deka imaat svoj identitet, grcki, samo baraat malku sluh od nas, kako nie ne sme gi razbirale.ja otkrile makedonija toa bili kompromisot.
|
| novoselec, 23.04.2010 03:13:13 | E, super. Sega nasa delegacija na isto nivo da odi tamu. Razbira se, da ne zemat ucestvo tie sto vednas bi potpisale za promena na imeto. Gospodime Maljas, blogovite kje vi smetaat uste povekje. Politikata od den na den stanuva se pojavna go sakale toa ili ne i nasive i vasive politicatri. A, blagodarejkji mu na stariot nacin na vodenje pilitika (bez blogovi), tajno, i uspeavte dosega da ja "matite" rabotata. I vie i uste neki od komsiite ni nasi. |
| Kimov, 23.04.2010 04:07:34 | EU od stram kako popovi ke ja primat Makedonija vo unijata. Ova e naj stramniot cin niz svetot za EU sto i podlegnuva na Grcija. Gruevski dobro taktizira pregovori vo neizvesnost. |
| Regaconi, 23.04.2010 07:11:00 | Vo 1991 uslov bese promena na znameto, slednoto bese promena na Ustavot so amandmanot , sega uslov bilo imeto, sto e sledno i do koga bre makedoncinja????? Sto ako sega nekoja od clenkite rece Ce Vi stavime veto ako go promenite imeto??? Togas nema da znaeme na koja strana da ja svitkame kicmata. Ima li kraj na ovaa hipokrizija, abre makedoncinja??? |
| Македонија е вечна, 23.04.2010 07:24:55 | Токму овој текст покажува дека никој, па ниту еден политичар нема право и не смее да прифаќа никаква промена на името!!!!! |
| George, 23.04.2010 07:34:51 | Па, ништо ново на западот. Околу овие идеи на Кофос се расправавме и во 1992. Но, за среќа, покрај многуте негативни работи од интернет (читај: модерните медиуми) е нешто што сепак многу и помогна на Македонија. Само нашите политичари да се (по)паметни па да истраат уште малку, а новинарите би можеле да постават и посериозни прашања. На пример, како се или ќе се нарекуваат етничките Македонци во северната провинција на нивната земја? (Знаете кој беше одговорот во 1992? Тоа беше (парафразирано) "Zere is no suc sing as Macedonian", т.е. "Нима кво несо ко Македонци".) Потоа, дали ние можеме да ги натераме другите, на пример Англија, да го промени својот јазик, па да воведе нов до сега за неа непостоечки збор "Makedonec/Makedonski"?
И на крај, сфатиле дека ние не сме го прифатиле терминот БЈРМ. Сфатете дека овие иделози на политиката на НЈС се уште живеат во заблуди од 19 век. |
| Vane - Kavadarci, 23.04.2010 08:15:50 | Ооо...ги притиснале ! Сега ние да не попуштиме, да издржиме само уште малку и ќе можеме да си го задржиме уставното име, а ПЈРМ да го замениме со Северна Македонија. Тоа е добар компромис. |
| ФЕЛИКС, 23.04.2010 08:43:30 | Преставниците на соседов ептен ни ја подценуваат интелигенцијата кога велат дека тие се за праведно решение ама ние сме пречката.Доволно е само да се осврнеме на два примера.Првиот кога биле запрашани дирекно и недвосмислено да го презентираат нивниот став за името,јазикот и идентитетот одговараат да тиесе тинк-тенк,но мора СИТЕ прашања се решат што ги бара соседот,и второ графата во која ќе стои граѓанин на Северна Македонија,зарем тоа нее промена идентитет. |
| Macedonian in the USA, 23.04.2010 09:14:43 | Izjavite na ovie Grchki cirkuzanti ne prestanuvaat da me smejat. Znachi da sumirame shto vsushnost saka Grcija:
1. Narodot severno od niv da se otkazhe od sopstveniot identitet i vekovnoto ime na svojata zemja i da se preimanuva po nivna (Grcka) merka.
2. Da se sozdade nov takov narod vo Grcija (Makedones) shto e so dvoen identitet (Makedones-Grekos) shto vo momentov oficijalno nikade nepostoi.
3. Celiot svet da gi prifati Grchkite baranja so rezolucija na ON vkluchuvajki gi tuka i trite super-sili od SB na koi Grcija nemozhe ni voda da im nosi kako drzhava.
4. Anglichanite da si go smenat sopstveniot majchin oficijalen jazik, za da udovolat na Grckite nacionalsitichki histerii..
5. Koga SAD kje se vratat na mesechinata, so golemi sini bukvi da napishat po povrshinata, "MAKEDONIJA E GRCHKA", za site na svetot da ja znaat "vistinata".
Da se soglasuvam deka Majlas i negovite klovnovi navistina napravija kompromis vo svoite pomracheni umovi. |
| Vlatko, 23.04.2010 10:06:28 | Do krajot na godinava Grcija kje bide isklucena od Evro-zonata. Posle ova sto im go napravi Grcija na Evropjanite, tie nema da bidat vo pozicija da kazuvaat na nikogo sto i kako da pravi. Nitu pak nekoj kje gi prashuva Grcite za mislenje. Najgolema greshka bi bilo sega da se ispazarime so Grcite za nesto sto dlaboko kje go zadre nashiot identitet. A na site sto im se brza vo EU, posle ovaa finansiska Grcka tragedija, neka im e jasno na site deka nitu edna zemja nema da vleze vo EU vo slednite 10 godini, nitu pak EU kje bide darezzliva so grantovi i subsidii kon siromasnite EU kandidati. Zabavata zavrshi, vreme e sega da se soberat praznite shishinja od patosot i da se plati smetkata |
| idnina, 23.04.2010 10:39:58 | Gospodine Maljas, toa e trojanski konj zapakuvan vo griza za idnite pokolenija. Vam vi treba potpis od RM za da ja ozvanicite asimilacijata na makedoncite od Egejska MAkedonija. Taka nie kje staneme "makedontsi" nasite vo "vasata" Makedonija kje stanat "makedones" , citaj grcki makedonci koi, posle smenuvanjeto na naseto ime kje nemaat nisto zaednicko so nas. So takov potpis istovremeno kje gi "pustime niz voda makedoncite vo Bugarija a tie vo dijasporata kje ne znaat sto se. Aj da go vidam makedonecot sto kje go potpise ova? |
| makedonec, 23.04.2010 11:20:02 | mislam deka ne pripremaat za Severna Makedonija, so toa sto nema da ima promena na identitet i jazik..ke si ostane makedonski. Toa bi bil kompromisot koj go forsira EU i SAD, nie da popustime za imeto, a tia da popustat za da ostaneme makedonci i da zboruvame makedonski jazik. |
| mene, 23.04.2010 11:44:48 | Ne zemaj od Danajcite i darovi koga vi nudat.Homer. |
| Ангел, 23.04.2010 11:59:56 | Ние имаме кои експерти како да постапиме за името и да ѓи послушаме како на пр. Никовски Мирчев Донев Ванковска Јанкуловски Силјановска Цуцуловски Велиновска.....и многу други а никако Маљас Геровски Секуловска Ордановски Ж. Трајановски Бишевац Ѓунер......и многу малку други. |
| makedonce, 23.04.2010 12:01:05 | makedonija na makedoncite , predavnicite ne ka si rvaija i makedonskiot narod bile i ke bidatat makedon |
| Pavle, 23.04.2010 12:04:44 | Do koga vekje "istata" prikaska ke se presentira poznatiot stav...?
Poglednete vnimatelno ve molam ovde:
http://www.florina.org/news/2005/december17_m.asp
No najvazhnoto tuka:
http://www.florina.org/news/2005/december30_m.asp
Neli vi e poznato?
Sporeduvajjte vnimatelno...Pozdrav
|
| Јован АН, 23.04.2010 12:07:31 | Да ли нашите јужни соседи имаат домашно воспитување?Или го немаат или е недоволно!Инаку како би се осмелиле на друга држава да и забрануваат да се нарекува како што се нарекувала со милениуми!Нек ги погледнат нивните учебници од пред триесетина години ако не сакаат да ги прочитаат “Филипиките“ од Демостен (грчки филозоф). |
| blaze m., 23.04.2010 13:08:13 | Poleka no konecno Grcite nie kaza namerata seto ova ako ni go protnat a nie prifatime togash od utre ne ke mozeme nije da go upotrebuvame imeto Makedonija kako zbor oti so ovie uslovi na Grcija i megunarodnata zaednica tie si go patentirat kako nivno |
| Risto Andov, Skopje, Makedonija, 23.04.2010 14:23:48 | Колонизаторот на егејскиот дел на Македониа, еве се наоѓа во економски колапс! Вероватно, значајна причина за тоа е трошењето многу европски пари за анти македонска пропаганда, ете и за купување на лабилни души и глупаци низ светота, кои ќе му даваат поддршка на колонизаторот и разгаленото фашисоидно дериште на ЕУ. Без обзир на калта во која сега се наоѓа Грција, таа нема да се опамени и нема да ја напушти патолошкиот страв од губење на колонијаланиот плен освоен 1912/13 г.или со намалување на своето влијание во егејскиот дел на Македонија по остварување на граѓанските права на Македонците. Значи господа, како што се гледа од изјавите на сите грчки фашисти, не станува збор за името на нашата држава, туки за макдонството во целина! Имено, каква смисла има влегувањето на Р. Македонија во ЕУ со промена на името, ако Македонците во Грција, Бугарија и на секаде во светот и понатаму останат безимени, прогонувани, изложени на геноцид, секако и изнверени од свијата матична држава!!!??? |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 36°C
Делумно облачно
|
Четврток
Делумно облачно
Макс: 34°C, Мин: 18°C
|
Петок
Локални грмотевици
Макс: 36°C, Мин: 18°C
|
|
|
|
|
|