12.03.2013, 09:25 Десет години од убиството на Ѓинѓиќ

Денеска се навршуваат десет години од убиството на претседателот на Владата на Србија Зоран Ѓинѓиќ, кому денеска и следните денови ќе му бидат посветени повеќе комеморативни настани.
Членови на Владата денеска ќе положат венци на спомен-плочата на Ѓинѓиќ во дворот на Владата на Србија, во Немањина улица во Белград.
Ќе се оддржи и традиционалната „Прошетка за Зоран“, во која ова година за прв пат заедно ќе учествуваат приврзаници на Демократската партија и на Либерално-демократската партија. Партиите, како што е најавено, само логистички ќе ја организираат прошетката која всушност е замислена како надпартиски настан.
Демократската партија, на чие чело беше Ѓинѓиќ, ги повика граѓаните, во пресрет на почетокот на прошетката, во 12 часот да се соберат на Теразије, каде ќе им се приклучат приврзениците на ЛДП, кои во 11 часот ќе се соберат пред седиштето на партијата.
Почитувачите на делото на Ѓинѓиќ ќе прошетаат до Владата на Србија, поточно до местото на кое тој беше убиен, а потоа и до неговиот гроб на Новите белградски гробишта. |